Родри за освојувањето на Златната топка - Канал 5

Родри за освојувањето на Златната топка

Тоа им покажува на младите играчи од средниот ред дека фудбалот е повеќе од голови.

Родри за освојувањето на Златната топка

Фудбалерот на Манчестер сити, Родри зборуваше за тоа што значи неговата Златна топка за младите играчи од средниот ред.

- Тоа само им покажува дека фудбалот е многу повеќе од постигнување голови. Ова може да ги охрабри младите да бидат одлични тимски играчи без да се грижат дека ќе останат во сенка и дека нема да бидат препознаени. И играч како Дани Карвахал лесно може да ја освои Златната топка. Тој го заслужува тоа, особено затоа што може да влијае на играта како дефанзивец. Во теорија, тој има уште помалку можности од играч од средниот ред како мене, изјави шпанскиот играч за врска на „Граѓаните“.

Родри неодамна ја освои „Златната топка“ која се доделува за најдобриот фудбалер во изминатата сезона. Весникот Л’Екип вчера објави дека Родри го победил Винисиус Жуниор со само 41 бод разлика во гласањето.

Винисиус (Реал Мадрид) пред доделувањето на наградата важеше за голем фаворит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавина

Вечер што долго ќе се памети  остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано  која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. 

Пијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавина

Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во Македонија.

Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво.

-Имајќи предвид дека „Охридско лето“ е еден од најзначајните културни фестивали во Европа, оваа година имавме чест да ја донесеме извонредната италијанска пијанистка Кристиана Пегораро која настапувала на многу слични меѓународни сцени, а имала чест да свири и пред претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела. Програмата што ја изведува вечерва е во согласност со инспиративната тема што ги поврзува сите културни настани организирани од страна на Амбасадата во текот на 2026 година- Љубовта во сите нејзини облици, рече италијанскиот амбасадор Палминтери, упатувајќи голема благодарност до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на „Охридско лето“ за нејзиното присуство на Италијанската вечер, до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, како и до Италијанскиот институт во Белград за поддршката на оваа традиционална вечер.

Пијанистката Кристиана Пегораро која „Њујорк тајмс“ ја опишува како „уметница од најголем калибар“ , вечерта ја започна со „Largo al Factotum“ од операта „Севилскиот бербер“ на италијанскиот композитор Џоакино Росини, но во нејзин аранжман како што беа впрочем и повеќето дела што ги долови на концертот. Потоа следуваа композиции од Бах, Шуберт, Бетовен, Вивалди, Моцарт, Вебер, па извонредната интерпретација на сплет од наполитански песни, а крајот на вечерта беше во знакот на композиции создадени од самата пијанистка.

-Програмата со која настапувам е наречена „Радоста на музиката“. Музиката е универзален јазик кој води директно до срцата на луѓето, рече пијанистката Пегораро, којашто навистина внесе радост кај публиката со своето маестрално музицирање на фестивалското пијано, при тоа, внимателно воведувајќи ги слушателите во делата што ги свири.

Добитничката на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија за својата пијанистичка дејност, најстапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температурите до 39 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и многу топло време.

Сончево и многу топло, температурите до 39 степени

Во текот на денот се очекува повремена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 Целзисуови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 36 степени.

Според најавата на УХМР, под влијание на топол бран, во земјава претстои период на сончево и многу топло време со температури кои секојдневно ќе надминуваат 35 степени. Особено топло се очекува да биде претстојниот викенд и во текот на следната седмица, кога дневните температури наместа ќе надминат 40 Целзиусови степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 30. јули 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 30. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 30. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени.

Кариера

Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни.

Здравје

Читајте меѓу редови.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите.

Кариера

Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место.

Здравје

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило.

Кариера

Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени.

Кариера

Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата.

Здравје

Ќе бидете меланхолични.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки.

Кариера

Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења.

Здравје

Не се натпреварувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома.

Кариера

Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе.

Кариера

Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни.

Здравје

Верувајте во подобри денови.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни.

Кариера

Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни.

Здравје

Треба повеќе да се рекреирате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете.

Кариера

Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате.

Здравје

Служете се со интуицијата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце.

Кариера

Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок.

Здравје

Бидете подготвени на соработка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава.

Кариера

Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега.

Здравје

Имате право на одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок.

Кариера

Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери.

Здравје

Добро е што не ги комплицирате работите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер