ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
2ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаРодителите на деца со попреченост алармираат на честите промени со образовните асистентиЌе се надмине ли проблемот со чеситите промени на образовните асистенти за кој алармираат родителите на децата со попреченост? Ова прашање моментално регулирано на начин што тие се пријавени на определено време, а секоја година се јавуваат на јавните повици од ресорните центри зависно од потребите низ училиштата . Проблемот кој го нагласуваат дел од родителите е што децата секоја година добиваат нов асистент, што значително го уназадува нивниот напредок. Според нив потребно е да се изнајде решение за асистентите да добијат постојани работни места. Родителите се жалат и на долгите административни процедури кои ги минуваат секоја година, докажувајки дека на нивните деца им е потребен образовен асистент. -Нашите деца се навикнуваат на тој човек. Некогаш и проблем е да се најде вистински асистент за одредено дете, затоа што детето не прифаќа секој да му биде асистент. И сега ако се најде и ако тој асистент му биде сменет тоа е огромен проблем за тоа дете. Асистентите треба да бидат со трајно решение и да си бидат од 1во до завршување на средното образование истот асистент со истото дете,- Зоран Мијалков. Министерката Весна Јаневска пак во интервју за РСЕ изјави дека дека трајното вработување на образовни асистенти не е можно, поради тоа што бројката која е потребна низ училиштата се менува секоја година. -Не е можно трајно вработување на образовните асистенти затоа што бројката е променлива и потребите се променливи. И нема како во минатото да давам лажна надеж дека да тоа утре ќе го решиме. Доколку во иднина се појави можност да одреден број од нив бидат трајно вработени јас со задоволство тоа ќе го прифатам,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука . Откако дел од ресорните центри низ општините веќе ги објавија јавните повици за вработување на образовните асистенти, од опозициската СДСМ бараат нивна итна ревизија, обвинувајки за партиски вработувања наместо искусни кадри. -Ги избрка искусните и обучени образовни асистенти и ги замени со партиски кадри. Наместо децата да го добијат лицето на кое му веруваат, добија непознати луѓе без искуство, но со членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ. Јаневска го руши инклузивното образование за да вдоми партиски војници,- Јованче Манасков – СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ пак нагласуваат дека годинава за прв пат образовни асистенти ќе има и во средните училишта, а обвинувањата од СДСМ ги оценуваат како лажни вести кои предизвикуваат вознемиреност. Министерката Јаневска информираше дека бројот на асистенти во основното образование е 1.876, додека во средното образование се планирани околу 150. Тагови: Весна Јаневска. МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на ценитеДизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени. Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системотСДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава. Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонтинуирани вонредни инспекциски надзори низ КарпошКомуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема. Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема. Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter