Родителите на 32. „Марш за ангелите“: Не бараме одмазда, туку правда! - Канал 5

Родителите на 32. „Марш за ангелите“: Не бараме одмазда, туку правда!

На протестниот „Марш за ангелите“ денеска во Кочани родителите рекоа дека не бараат одмазда или крв, туку правда. Не сакаат судење во стихови и метафори, туку судење со докази, факти и одговорност. 

Родителите на 32. „Марш за ангелите“: Не бараме одмазда, туку правда!

За нив, маршот не е против државата туку за неа, за да почне да функционира, за институциите да не бидат празна форма, а функциите да не бидат само плата туку обврска.

Според нив , алудирајќи на излагањата на адвокати на обвинетите, она што се случува во Идризово повеќе наликува на „Струшките вечери на поезијата“ отколку на судница.

- Јавно прашуваме, дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“? Дали таму се оди за рецитирање или за вистина? Дали зборовите треба да ја покријат смртта на нашите деца? Зашто од тоа што го слуша јавноста, може да се помисли дека, децата не загинале, пожар немало, дека никој не е виновен и дека трагедијата била случајна. Но вистината е сурова и тешка, нашите деца изгореа живи, во чад, во паника, со крикови за помош што никој навреме не ги слушна, рече пред кочаскиот суд и обвинителство, Александар Наунов, татко на починато девојче во пожарот во „Пулс“ од 16 март.

Говорејќи во името на родителите, Наунов додадоа дека тие не се тука поради инает иили политика, туку од болка, за правда што се уште ја нема и од љубов кон нивните деца која е посилна од стравот.

- Нема да дозволиме трагедијата на нашите деца да се пере со убави зборови. Нема да дозволиме смртта да се релативизира. Нема да дозволиме лагата да стане официјална вистина. Овој протестен марш е гласот на оние што не можат да зборуваат. Овој марш е чекор на мајки и татковци со скршени срца. Овој марш е крик за правда што ќе одекнува сè додека не се слушне. И затоа денес, пред јавноста, пред судот и пред институциите, порачуваме. Не се откажуваме. Нема да молчиме. Ќе бидеме тука на секое рочиште. Ќе маршира­ме на секој протест. Ќе бараме одговорност сè додека правдата не победи. За нашите деца. За нивните згаснати животи. За иднината на сите деца во оваа држава. Вистината мора да излезе на виделина. Правда мора да има. Виновните мора да одговараат, рече Наунов.

Во своето јавна обрачање денеска на 32. протестен „Марш за ангелите“ родителите посочија дека во предме, Јавното обвинителство располагало со доказен материја од над 200 гигабајти вештачења, разговори, аудио и видео снимки, извештаи и анализи. За нив, тоа не се празни зборови, туку факти.

Протестниот „Марш за ангелите“ стандардно започна од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани каде што и заврши, откако претходно се помина истата маршута: Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и кочанската полиција, суд и обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куче скокна на пулт и случајно предизвика пожар- семејната куќа целосно пеплосана (ВИДЕО)

Семеен дом во американската држава Мериленд беше речиси целосно уништен откако едно од кучињата случајно вклучи тостер, предизвикувајќи пожар.

Куче скокна на пулт и случајно предизвика пожар- семејната куќа целосно пеплосана (ВИДЕО)

Пожарникарите беа известени минатиот петок околу 17:30 часот кога загрижените соседи забележаа чад, објави „Унилад“.

Загинати миленици

Иако пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот за околу дваесет минути, веќе беше направена голема штета, а неколку миленици загинаа.

Соседите успеаја да спасат две кучиња - Боа и Ади. Сепак, властите потврдија дека третото куче, Дакота, како и две мачки, загинаа во пожарот.

Во времето на инцидентот, ниту еден од членовите на семејството не бил во семејниот дом.

Надзорната камера сними сè

Истражителите ја утврдија причината за пожарот откако анализираа директни докази. Според нивните наоди, едно од кучињата се качило на кујнскиот пулт и случајно го активирало тостерот. Потоа уредот запалил други предмети, предизвикувајќи ширење на пожарот.

Целиот инцидент, како што подоцна се покажа, е снимен на надзорна камера. Кучето кое случајно го вклучило тостерот и го започнало низот драматични настани, поминало неповредено.

YouTube video

Службениците проценуваат дека штетата на структурата на куќата е околу 150.000 долари, додека дополнителна штета од 50.000 долари е нанесена на содржината внатре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врвни мајстори четири месеци го правеле „Пехарот на победниците“ – изработен е од килибар (ФОТО)

Најголемиот пехар од килибар во историјата на руското производство е направен во фабриката за килибар во Калининград, соопшти прес-службата на компанијата.

Врвни мајстори четири месеци го правеле „Пехарот на победниците“ – изработен е од килибар (ФОТО)

„Пехарот на победниците“, создаден по повод 80-годишнината од Калининградската област, е висок повеќе од еден метар и тежи повеќе од 30 килограми.

Сите делови се склопени рачно

Направен е од редок вид балтички килибар, таканаречен пејзажен килибар, и ќе биде дел од музејската колекција на фабриката.

10 мајстори работеле на создавањето на предметот четири месеци, а сите делови биле склопени рачно.

Пехарот е украсен со килибарни скулптури и две рачно насликани икони, од кои едната го прикажува Свети Ѓорѓи Победоносец, симбол на победата на доброто над злото, храброста и заштитата.

Соборување на претходниот рекорд

Компанијата вели дека делото го надминува претходниот рекорд - килибарната вазна „Изобилство“, изработена во 1954 година за Сесојузната земјоделска изложба во Москва, која била висока 105 сантиметри и тежела 10 килограми.

Калининградскиот комбинат за килибар, дел од државната корпорација „Ростех“, е единствената компанија во светот која индустриски се занимава со екстракција и преработка на килибар.

Компанијата управува со наоѓалиштето Приморское во регионот Калининград, каде што се наоѓаат околу 90 проценти од светските резерви на овој минерал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фатена е „црната вдовица“- ѝ украла 300.000 фунти на немоќна старица, па цела година уживала на Тенерифе

Измамничката Памела Гвинет (62), позната во британските медиуми како „Црна вдовица“, конечно е уапсена една година откако избегала од Велика Британија .

Фатена е „црната вдовица“- ѝ украла 300.000 фунти на немоќна старица, па цела година уживала на Тенерифе

Измамничката Памела Гвинет (62), позната во британските медиуми како „Црна вдовица“, конечно е уапсена една година откако избегала од Велика Британија и се засолнила во својот стан во Тенерифе, објавува The Sun.

Таа е осудена на шест години затвор за измама и кражба на повеќе од 300.000 фунти од пензионерката Џоан Грин (89), за која требало да се грижи како негувателка. Таа продолжила да ги зема парите дури и по смртта на старицата.

Пред апсењето била ослободена со кауција. Судот не ѝ дозволил да патува за Тенерифе, каде што тврдела дека сакала да ја расфрла пепелта на својот брат, но само неколку часа подоцна успеала да се качи на авион и да избега од земјата.

Во нејзино отсуство, Крунскиот суд во Престон ја осуди на шест години затвор, а судијата Мајкл Махер потоа апелираше до јавноста и медиумите да помогнат во нејзиното пронаоѓање.

Полицијата во Манчестер сега потврди дека Гвинет е уапсена во нејзиниот стан во Тенерифе.

Таа живеела безгрижен живот во Тенерифе

Според „Сан“, таа не криела многу. Ги поминувала деновите сончајќи се, посетувајќи кафулиња и ресторани во туристичкото одморалиште на југозападниот дел од островот, каде што била добро позната меѓу локалното население.

Еден локален жител изјавил за „Сан“:

„Мало е место, сите се познаваат, а таа беше надвор цело време. Таа е многу добро позната тука.“

Наводно живеела во луксузен пентхаус, а поседувала и друг стан што го издавала под кирија на туристи за околу 112 фунти од ноќ. Сместувањето имало базен, балкон, поглед на море и високи оценки на платформите за резервации.

Некои гости почнале да предупредуваат во коментарите дека сопственикот на станот е баран во Велика Британија. Таа одговорила дека ова е „клевета“ и рекла: „Проверете ги фактите.“

Еден британски пензионер рекол дека ја сретнал во еден бар, каде што му понудила да му изнајми луксузен стан.

„Секако не се криела. Ја видов безгрижно како шета низ градот, понекогаш со маж, кој исто така е Британец. Тоа е одвратно. Таа живее од парите што ги заработила нечесно откако ѝ го одзела достоинството на оваа прекрасна старица и ја отуѓила од нејзиното семејство. Шпанската полиција требало одамна да ја уапси. Како е можно безгрижно да ужива во сонцето цел ден?“

Друг локален жител рекол дека Гвинет изгледала пријатно.

„Ужасно е што ѝ го направила ова на таа постара дама, која оттогаш починала, а таа го живеела својот живот слободно цело време.“

Соседите рекле дека неколку пати контактирале со полицијата, барајќи информации кога конечно ќе биде изведена пред лицето на правдата.

Судот оттогаш наредил продажба на нејзиниот дом во Велика Британија за да се вратат дел од парите на семејството на Џоан.

Како ја ограбила старицата

Мештаните во Адлингтон, каде што живеела Гвинет, велат дека никогаш не верувале дека е способна за такви дела. Ја опишуваат како некој што крие сосема поинакво лице зад своето пријателско однесување.

Еден сосед рекол:

„Не знаевме дека нешто се случува сè додека сè не излезе на виделина. Беше шокантно. Никогаш не би го очекувале тоа од Пам.“

Поранешен закупец на нејзината куќа тврди дека таа била и проблематичен газдарица.

„Таа беше ужасна жена. Нè остави без греење и топла вода цел Божиќ. Куќата имаше изложени електрични инсталации и таа одби да ги поправи.“

Нејзиниот адвокат претходно најави жалба против нејзината пресуда за измама и кражба.

За време на судењето, беше утврдено дека Гвинет, претставувајќи се како негувателка, постепено ја изолирала Џоан од нејзиното семејство. Таа ги обвини членовите на семејството дека ја малтретирале старицата, а во исто време ги користела нејзините пари за свои потреби.

Парите што ги земала ги користела за да купи Ауди Q2, скапи вечери, дизајнерска облека, да отплати кредити и да плати за козметички третмани, вклучително и ботокс.

Додека ѝ беше одземено полномошното за имотот на Џоан Грин, таа веќе проневерила повеќе од 161.000 фунти и продолжила да подига пари по нејзината смрт.

Судот слушна дека последните месеци од животот на Џоан биле обележани со сè почести периоди на конфузија и дезориентација. Нејзиното здравје сериозно се влошило и наместо да ѝ обезбеди соодветна грижа, според обвинителството, Гвинет ја заплашувала и злоупотребувала.

Вознемирувачко видео прикажано на судот ги прикажува членовите на семејството како се обидуваат да ја утешат Џоан за време на конфронтација со нејзината старателка.

Џоан може да се слушне во позадина како прашува што се случува, додека нејзиниот внук Дејвид ѝ вели:

„Луѓето се грижат за тебе, бабо. Луѓето се грижат за тебе. Ние сакаме само она што е најдобро за тебе.“

Потоа Гвинет ја трга раката од старицата и вели:

„Погледни ги тие лажливи очи, Џоан.“

Потоа Дејвид ѝ вели:

„Ова не е во ред. Само една личност е виновна тука. Прегрни нè, бабо. Те сакаме. Сè ќе биде во ред.“

Посвоената ќерка на Џоан, Кетрин Фаримонд, изјавила дека во последните години од животот, старицата верувала дека нејзиното семејство ја мрази и не сака да ја види поради лагите што ѝ ги кажувала Гвинет.

Дејвид изјавил за The Sun:

„Сите бевме згрозени. Таа ја користеше баба како касичка за пари“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер