Родители трчале маратон со 6- годишниот син, ги пријавиле во социјална служба (ФОТО) - Канал 5

Родители трчале маратон со 6- годишниот син, ги пријавиле во социјална служба (ФОТО)

Родителите од американската држава  Кентаки се на удар на критичарите на социјалните мрежи затоа што трчале маратон со нивниот шестгодишен син.

Родители трчале маратон со 6- годишниот син, ги пријавиле во социјална служба (ФОТО)

Ками и Бен Крафорд објавија дека нивниот син Рение го истрчал маратонот The Flying Pig во Синсинати претходно овој месец. Тие спомнале дека по 32 километри „физички се мачел и сакал да паузира и да седне на секои три минути“.

„Тој плачеше, а ние полека се движевме, па му ветивме две пакетчиња чипс доколку продолжи“, напишаа Крафордс и објавија фотографија од Рение како го држи чипсот.

Тие истакнуваат дека нивните пет поголеми деца ја завршиле трката еден час пред нив, а потоа ги чекале родителите и Рение на целта.

"Детето изгледа тажно и исцрпено. Не ми се верува што прават луѓето за лајкови", коментирал еден корисник на Инстаграм.

„Оваа приказна е вознемирувачка за читање“, додаде друг.

Откако најавите привлекоа внимание, родителите објавија дека социјалните работници ненајавено дошле во нивниот дом за да разговараат со децата за пријавата за злоупотреба.

"Неговото плачење и бавното движење беа резултат на емоционално разочарување и стандарден маратонски замор. Тој воопшто не сакаше да се откаже", се обиделе да се одбранат родителите.

Според упатствата на Клиниката Кливленд, децата на возраст под седум години треба да трчаат само забавни трки долги 1,5 до 3 милји. Децата на возраст од 8 до 12 години можат безбедно да учествуваат во трки од 5 километри, а децата на возраст од 13 до 15 години можат безбедно да трчаат 10 километри или полумаратон. Се препорачува само да се трча маратон на возраст од 16 до 18 години.

Во 2019 година, 11-годишниот Ејден Јакез поставил рекорд во трчање полумаратони во сите 50 американски држави во текот на четири и пол години. Првиот полумаратон го истрчал на шестгодишна возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Министерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид.

РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување.

Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот.

„Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер