Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица
2Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица
СудбинаРодители од пеколот: Детето им починало на 7 годишна возраст- побарале ветеринар за кучето, но не и доктор за момчетоРодителите на Каспер О'Брајан, 7-годишно момче кое починало на седумгодишна возраст, со тежина од огромни 115 килограми, се обвинети за убиство од втор степен, тортура и злоупотреба на деца, соопштија обвинителите од округот Џенеси.Дамиен, 40, и Џесика О'Брајан, 41, беа уапсени откако службите за итни случаи беа повикани во нивниот дом во ноември минатата година, кога нивниот син Каспер престана да дише. Момчето беше однесено во болница, но подлегна на срцево заболување кое се влошило поради неговата екстремна дебелина, според извештаите. Според окружниот обвинител Дејвид Лејтон, момчето било неподвижно, не можело да зборува и живеело во крајна мизерија. Условите во домот биле толку лоши што полицајците не можеле ниту да влезат за да им помогнат на лекарите поради недостаток на простор. Иако двајцата родители биле вработени и имале здравствено осигурување, Каспер - за кој се верува дека бил во аутистичниот спектар - и неговата помлада сестра не добивале медицинска нега. Лејтон особено ја истакна апсурдноста на ситуацијата: „Тие знаеја да се јават на ветеринар истото утро кога детето доживеа срцев удар бидејќи кучето било болно, но не ги носеа децата на лекар.“ Петгодишната сестра на Каспер, опишана од обвинителите како „дива“, веднаш беше отстранета од домот и ставена под привремен старателство во Центарот за услуги за заштита на децата. Обвиненијата против О'Брајан вклучуваат убиство од втор степен, тортура и повеќекратни обвиненија за злоупотреба на деца. Тие се соочуваат со сериозни обвиненија за предизвикување сериозни физички повреди на детето преку години занемарување. Случајот предизвика јавен шок поради екстремната тежина на момчето за неговата возраст - за седумгодишно дете со просечна висина од околу 128 см, нормалната тежина е помеѓу 20 и 30 килограми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Македонија„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднинаПо повод Денот на рударите, иницијативата „И здравје и работа“ им го честита празникот на сите рудари, геолози, инженери, техничари и на сите вработени кои со својот труд придонесуваат за развојот на рударскиот сектор во Македонија.Рударството не е само индустрија. Тоа е професија која бара знаење, искуство, дисциплина и голема одговорност. Зад секој тон руда стои трудот на луѓе кои секојдневно работат во сложени и одговорни услови, а нивната безбедност и здравје мора да бидат највисок приоритет. Денес, кога светот се соочува со растечка потреба од критични минерали, бакар и други суровини неопходни за енергетската транзиција, електрификацијата и современата индустрија, прашањето не е дали рударството има иднина. Прашањето е какво рударство сакаме да развиваме. Нашиот став е јасен: современото рударство мора да се темели на науката, современата технологија, високи стандарди за безбедност и заштита на животната средина и силна институционална контрола. Не треба да постои лажна дилема „или екологија или работа“. Европското искуство покажува дека е можно и екологија и рударство, и инвестиции и високи стандарди, и економски развој и заштита на локалните заедници. Секој проект мора да биде оценуван врз основа на факти, стручни анализи, техничка документација и законски процедури. Прашањата за водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот и безбедноста се легитимни и неопходни. Но, одговорите на овие прашања треба да ги даваат науката и институциите, а не стравот, политичките поделби или непроверените тврдења. Во исто време, не смееме да ја занемариме економската страна на рударството. Секторот обезбедува работни места, придонесува кон индустриското производство, извозот и јавните приходи и создава економска активност и за голем број други компании и професии. На одбележувањето на Денот на рударите годинава беше посочено дека рударството учествува со 10,9% во индустриското производство и 2,8% во вкупниот извоз, додека приходите од концесиски надоместоци достигнале историски највисоко ниво од над 1,22 милијарди денари. Затоа, на овој ден сакаме да испратиме порака која е поголема од која било поединечна инвестиција: Македонија треба да има рударство кое создава работа, но и ја штити природата. Рударство кое носи инвестиции, но и придобивки за локалните заедници. Рударство кое користи современа технологија, но пред сè го почитува човекот. На сите рудари им посакуваме среќен Ден на рударите, безбедна работа, добро здравје и заслужено признание за нивниот труд. И здравје. И работа. И одговорност кон иднината. И здравје и работаТагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица„За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица.“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и до сите православни христијански верници. Почитуван г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, Дозволете ми Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот архијерејски синод, на чесното свештенство и преподобното монаштво, како и на сите православни христијански верници, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за вознесението нејзино со дух и тело и нејзиното застапништвото пред Божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов. Како Мајка Божја и закрилница, таа е вгнездена и ги вдахновува срцата на сите христијански верници. Во време обременето со искушенија и премрежија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто, градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа. Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица. За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица. Гордана Сиљановска-ДавковаТагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПравославните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета БогородицаПравославните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема богородица. Во сите храмови на МПЦ-ОА, особено во оние кои го носат нејзиното име, денеска се одржуваат празнични богослужби. Празник на мајката на животот именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана. Овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Тагови: Пресвета Богородица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook