ЗдравјеРодилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзорДеветнаесетгодишна родилка не може да оди откако се породила со царски рез во Болница Штип, семејството се сомнева на лекарска грешка и бара да и се помогне, но и одговорност за постапувањата....Свекорот на родилката Вилибран Стојанов преку социјалните мрежи вчера попладнето јавно побара помош лично од министерот за здравство бидејќи неговата 19-годишна снаа Станка Михајлова од село Bаница, по вториот царски рез кој ѝ бил изведен во штипската општа болница пред еден месец не ги чувствува нозете, а била испишана во општа состојба. Семејството тврди дека еден месец одела од болница во болница, а била и хоспитализирана на неврологија, но дури сега лекар и кажал дека е парализирана, и никогаш нема да прооди... Од Министерството за здравство велат дека случајот се следи, а наложено е здравствениот инспекторат да изврши вонреден надзор во сите три болници каде што родилката се лекувала.. Семејството бара помош, бидејќи како што велат денес ни се случи на нас, утре може да е било кој друг.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Распределни 47 социјални станови во ДебарРаспределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца. Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
СветПогоден танкер во Ормускиот теснецАгенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕвроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширувањеПроширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ. „Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува ЕвроњузКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook