Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
КултураРоденденски маратон на МНТ, 150-та изведба на „Сомнително лице“Во пресрет на 72-риот роденден кој го одбележува на 3 април, Македонскиот народен театар в сабота (1 април) ќе организира роденденски маратон на кој ќе бидат изведени три претстави: од 13 часот „Силјан Штркот шанца“, од 15 часот „Животот е прекрасен“ и од 21 часот - 150-та изведба на „Сомнително лице“. Директорот на МНТ Дејан Пројковски на прес-конференција денеска рече дека „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Синиша Евтимов е култна претстава за нивниот театар и современа варијанта на комедија дел арте. Од премиерата во 2007 досега ја виделе 55.700 гледачи. Во екипата се десет актери, но во изминатата деценија во претставата поминале 30-ина актери. - Ретко се случува еден театар да слави вака голем број на изведби. „Сомнително лице“ е една од култните претстави во историјата на Македонскиот народен театар. Секоја генерација на актери во МНТ некако ја носи таа убава одговорност да се прераскаже повторно „Сомнително лице“ на еден нов начин. Оваа наша генерација, благодарение на Синиша и на целата актерска екипа, добро си ја има завршено работата и во сабота ќе ја има 150-тата изведба. На бројот на гледачи што ја виделе, 55.700, може да позавидат и многу музички ѕвезди кои ќе дојдат еднаш, ќе имаат концерт во некоја поголема сала и тоа навидум изгледа како феномен. Но, мислам дека феноменот се вика театар и овојпат тоа е „Сомнително лице“, рече Пројковски. Режисерот Евтимов рече дека оваа претстава му го сменила животот и понудата од МНТ во почетокот на 2007 година, како што рече, дошла во моментот кога размислувал како да се откаже од занимавањето со театар. - Понудата за „Сомнително лице“ дојде од ведро небо и тоа реално ми го смени животот зашто веќе длабоко бев влезен во маркетингот и планирав да престанам да се занимавам со театар. Кој би рекол дека после десет години ќе седам овде, на прес по повод 150-та изведба на таа претстава. „Сомнително лице“ е еден од брендовите на овој театар, а и авторот Нушиќ е, исто така, бренд на овој театар и е поврзан со неговата историја, рече Евтимов. Некои од актерите имале различни улоги во оваа претстава во различни периоди. Александар Микиќ во првите изведби беше Миладин, а во останатите 130-ина го игра ликот на Јеротие Пантиќ, улога која на почетокот ја играше Игор Џамбазов. - Кога влетав, успеав да се вклопам во приказната за два дена со една проба. Ни на крај памет не ми беше дека ќе изиграм уште 130 претстави како Јеротие Пантиќ. Работата беше да се спасат две-три претстави кои беа продадени или да се прекине, но, ете, приказната продолжи и многу сум среќен поради тоа, истакна Микиќ. Улогата на Миладин сега ја игра Сашко Коцев кој рече дека уште кога работел во Кумановскиот театар посакувал да игра во тип на комедија каква што е „Сомнително лице“. - И, за само година и пол, добив понуда да го играм сомнителното лице, кое оттогаш го игравме шест актери. Потоа се случија нови промени - нова улога - Миладин, кој е втора моја улога во оваа претстава, рече Коцев нагласувајќи дека Нушиќ е безвременски автор и неговите комедии звучат како да се напишани денес. - А исто ќе биде и за илјадници години. Ова е Балкан а тој најдобро го има опфатено менталниот склоп на Балканецот, посебно во „Народен пратеник“, рече Коцев. Нино Леви, кој го игра ликот Таса, рече дека нема поубав репер за успешноста на една претстава од бројот на нејзините изведби. - Овие јубилеи се драгоцени и многу им се радувам. Ова ми е петта претстава со толкав број на изведби, рече Леви. Насловната улога сега ја игра Гораст Цветковски кој, како што рече, го сменил мислењето за оваа претстава кое го имал по премиерата. - „Сомнително лице“ е една од првите претстави за која прашувам дали е гледана и ако не е, задолжително да ја гледаат, рече Цветковски, кој досега во претставата играл три лика. Во актуелниот кастинг се и актерите: Оливер Митковски, Софиа Насевска-Трифуновска, Никола Ристановски, Ванчо Петрушевски, Магдалена Ризова-Черних и Емил Рубен. Дел од актерската екипа учествуваат и во уште една Нушиќева претстава на репертоарот на МНТ - „Госпоѓа министерка“ која, исто така, неодамна имаше 150-та изведба. За јубилејната изведба на „Сомнително лице“ в сабота МНТ ќе подари влезници за децата од СОС Детско село за кои, исто така, ќе бидат обезбедени и билети за следната изведба на новата претстава на МНТ - „Авантурите на Аладин“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28