КултураРоденден на ДПМ во криза - изборно собрание на 1 јуниРоденден на ДПМ во криза - изборно собрание на 1 јуни, Петрески очекува членството да изгласа негов наследник.По две неуспешни вонредни изборни собранија во ноември и јануари, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 1 јуни закажа редовно изборно собрание кога се очекува членството да избере нов претседател и претседателство на писателската асоцијација која денеска одбележа 77 години постоење. Според актуелниот претседател Христо Петрески, кризата во која се наоѓа ДПМ се должи на внатрешни поделби – антагонизам меѓу повозрасни и помлади членови, дури и поделби меѓу членови од Скопје и од внатрешноста, а дека нападите по социјалните мрежи во изминатиот период често се од луѓе кои и не се членови на ДПМ и чија намера е да му наштетат. Како што рече, има и „странични удари, има и странски мешетарења и притисоци, но и домашни – партиската подвоеност има влијание врз ова друштво“. Реагираше и поради негрижа на државата да му помогне финансиски и третманот што го добива како обично здружение. На присутните кои денеска беа да го одбележат роденденот, Петрески им порача дека ДПМ треба да биде гласот на македонските писатели и заедно да се изборат за многу нешта кои, рече, во минатото му припаѓале на македонскиот писател, „а сега тој самиот треба да си ја реши судбината“. -Срамно е тоа што се случува во оваа организација, која е еснафска, па и синдикална. Покрај мене има многумина истомисленици и нема да дозволиме ДПМ ниту да исчезне, ниту да пропадне ниту да се разнебити... Да сме поорганизирани и посложни и да не се критикуваме по медиуми, треба да се избориме за авторските хонорари кои се никакви, за третманот во медиумите, треба македонските писатели да гостуваат во странство, да излезат од локални рамки, истакна Петрески. Во изјава за медиумите рече дека членовите на Претседателството на ДПМ и тој самиот се уште се на функции и не се сменети, неговата и нивните оставки не се прифатени затоа што не беа одржани изборните собранија за да бидат верификувани. Денешното одбележување, како што рече, не го организирал на своја рака, туку во договор со претседателката на Собранието и со членството. -Затоа што мислам дека е непримерено по 77 години да не се одбележи овој свет датум - 13 февруари е празник. Замислете колку големи, познати, афирмирани, етаблирани писатели биле членови на ДПМ и зар треба да размислуваме дали треба да го одбележиме овој ден, посебно на еден ваков начин - со поезија, со читање, со другарување и најбитно – отворен ден. Друштвото не треба и не смее да биде затворена институција. ДПМ е мошне значајна институција, втемелена е во писменоста на македонскиот народ, во јазикот, во културата, во државноста. Без ДПМ ја нема и државата. Државата не смее да зборави, не може само кога ти треба некој да постоиш, ако не ти треба - да не постоиш. На државата и треба ДПМ и обратно, рече Петрески. Нагласи дека нема намера да го „запоседнува Друштвото и да одоговлекува“ и повика што поскоро членовите да изберат друг човек, а државата да одвојува повеќе средства за активности и одржување затоа што, рече, „не може ова Друштво да егзистира со киријата од кафеаната ’Јоле’“. -Мене четири години ми се многу, и со статут и без статут. Тоа што може и треба да го направите, може и за две години. Но сега никој не се нафаќа зашто оваа работа е волонтерска и не сакаат да си стават трн во нога. Никој не сака да биде топовско месо, постојано да биде напаѓан на социјални медиуми, и тоа не од членовите, туку од анонимни луѓе кои не се ни членови на Друштвото, изјави Петрески. Првпат годишнината беше одбележана без свечено врачување на годишните награди на ДПМ („Стале Попов“, „Ацо Шопов“„ Димитар Митрев“ и Ванчо Николески“). Не беа распишани конкурсите поради нефункционирање на Претседателството на ДПМ и неможност да се изберат жирија што ќе одлучуваат за најдобрите книжевни дела на членови на ДПМ во претходната година. Петрески изјави дека се надева наградите да бидат доделени по конституирање на новото Претседателство што очекува дека ќе се случи по изборното собрание на 1 јуни. -Но тоа не зависи лично од мене, зашто не знам дали ќе има кворум и за редовното собрание, дали ќе се избере нов претседател и Претседателство. Тоа зависи од членството, рече Петрески. Според писателот Васил Дрвошанов, кој денеска имаше пригодна беседа за првите тројца претседатели на Друштвото и негови основачи во 1947 - Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски, досега ДПМ било под закрила на државата, а со „поедноставувањето во здружение го губи тој приоритет што го заслужуваше“. - Мислам дека можеби тука како институција треба да се има друг пристап. Според мене, нивото, третманот на ДПМ не го заслужува тоа. Очекувам поинаков приод од страна на државата, веројатно тоа треба законски да биде регулирано, изјави Дрвошанов. Писателот Александар Прокопиев додаде дека „државата не мора да биде надвисната како закрила, но мора да се грижи за функционирањето во своја корист“, потенцирајќи дека ДПМ заедно со Скопскиот универзитет и МАНУ се институции - носители не само книжевниот и културниот, туку и на националниот идентитет. -Без оглед на политичките клими, менувања и меѓусебни борби, ова е нешто што е многу поважно, дури од тоа кој ќе биде на власт. Значи, како власта функционира, односно како функционира во нашиот културен живот, институциите кои се темели на тој културен живот тоа е посебно прашање, нагласи Прокопиев. За настанатата криза во ДПМ рече дека е ситуација која „се развива во страшно непријатни текови“ и дека самата писателска асоцијација ќе мора да го најде излезот. -Како тоа ќе заврши немам јас решение. Тоа мора да си го реши самата организација. Таа си има свој статут, свои тела, со нивно функционирање сигурно може да се помогне. Меѓутоа, со вакви директни и груби конфронтации не, рече Прокопиев. Седумдесет и седмиот родендден на ДПМ беше одбележан со читање поезија. ДПМ има 300 членови. На последниот конкурс, како што информираше Петрески, биле примени девет нови од 69 пријавени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 15. ноември 2026 година. Дневен хороскоп за недела, 15. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас. Кариера Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни. Кариера Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате. Здравје и совет Издржете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце. Кариера Можеби нема најдобро да ве разберат , па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно. Здравје и совет Наспијте се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател,сдруги ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваатсо друштво без оглед на се. Кариера Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери. Кариера Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа. Здравје и совет Не се натпреварувајте со никого. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер , ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи опроблеми. Кариера Вашите замисли убаво напредуваат , а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали. Здравје и совет Поврзете се со луѓе од други региони. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа. Кариера Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Едноставно имајте верба. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите. затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Вие сигурно можете и подобро , но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува. само не ги обвинувајте другите. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови ќе се опуштите , а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри. Кариера Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења. Здравје и совет Радувајте се . Има зошто. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе тлее потреба за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви. Кариера Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни. Кариера Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават . Тоа што сеуште не се гледат , не значи дека се далеку. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате . Вага 24.9.-23.10 Љубов Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Ќе ширите ведар дух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook