Роден е без нозе, поради што го оставила мајка му, а сега ќе дебитира во ММА (ВИДЕО) - Канал 5

Роден е без нозе, поради што го оставила мајка му, а сега ќе дебитира во ММА (ВИДЕО)

Зион Кларк, 25-годишен американски колеџ борач, ќе дебитира во ММА на крајот на оваа година.

Роден е без нозе, поради што го оставила мајка му, а сега ќе дебитира во ММА (ВИДЕО)

Она што ја прави оваа вест посебна е фактот што се работи за маж кој нема нозе. Имено, Кларк е роден со ретко пореметување, синдром на каудална регресија, при што долниот дел од 'рбетот не се развива целосно пред раѓањето.

Проблемите за Кларк не завршиле тука. Имено, мајка му веднаш по неговото раѓање го напуштила, по што го оставила на милост и немилост на американскиот систем на домови за запуштени деца. Кларк неколку пати во кариерата нагласил како бил физички малтретиран од другите деца кои го исмевале неговиот изглед и хендикепот.

На сето тоа Кларк бунтовно реагирал. Тој бил во неволја со законот, често влегувал во физички пресметки со други деца и се чинело дека целата работа нема да заврши добро. За среќа, тој нашол излез, како и илјадници други деца со слична приказна и семејно потекло, во спортот.

Веќе во основно училиште почнал да се занимава со борење, што подоцна во животот му станало најголема страст. Тоа што нема нозе му ги направило рацете исклучително силни, а често истакнува како тие вежби му помогнале во неговата боречка кариера.

Имено, Кларк се борел против луѓе кои ги имаат двете нозе и имаа многу солидни успеси и сооднос од 33 победи и 15 порази. На 16 години конечно го згрижило ново семејство, а набрзо влегол во Гинисовата книга на рекорди, со две достигнувања.

Една работа е дека тој е најбрзиот човек на светот кога станува збор за движење на раце, па истрчал 20 метри за само 4,78 секунди. Покрај тоа, тој е најдобриот скокач во височина во светот кој ги користи само рацете.

Кларк дополнително го привлече вниманието на борбената јавност неодамна кога изјави дека сака да дебитира професионално во ММА, спорт во кој активно тренира подолго време. Според сите достапни информации, борбата треба да се случи кон крајот на оваа година.

Треба да се напомене дека нема да се работи за каква било борба, туку некои од републиканските комисии треба да ја одобрат борбата меѓу Кларк и уште еден професионален ММА борец. Тој се надева дека неговото искуство во борење ќе му помогне да ја добие лиценцата.

"Ова не е глупост, туку ќе биде борба за платено гледање. ММА за мене е исто што и борење. И таму се натпреварувам со луѓе кои имаат цело тело и ги тепам. Сега ќе нокаутирам луѓе кои имаат цело тело. Јас сум борец“, изјавил тој во интервју за американските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќие

Лишени од слобода осум лица на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие, при преглед кај нив е пронајдена дрога.

Упсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќие

На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана.

На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горивата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазари

По растот на цената на нафтата на светските берзи премиерот Мицкоски уверува дека граѓаните не треба да се грижат и дека  Македонија и натаму ќе остане со најевтини горива во регионот. 

Горивата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазари

Граѓаните можат да бидат спокојни, земјава и понатаму ќе остане со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во регионот, порача премеирот Христијан Мицкоски - откако цената на нафтата на светските берзи се искачи на над сто долари за барел, поради конфликотот на Блискиот Исток. Новите цени на горивата Регулаторната комисија ќе ги соопшти утре, а доколку има потреба премиерот уверува дека Владата веднаш ќе интервенира.

„Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и сè уште остануваме земја со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Доколку биде потребно, ќе реагираме како што реагиравме и досега, иако станува збор за берзански производи чии цени зависат од движењата на светските пазари, а не од тоа дали некој е подобар претприемач или подобар политичар“

Во однос на новите царини од страна на САД и тоа што соедна Србија е привремено изземена од нив, Мицкоски појасни дека и Македонија не е опфатена со ваквите дополнителни царини, но дека тоа на значи дека ниту Србија, ниту Македонија нема да плаќаат никакви царини кон САД. Потенцираше дека треба да се направи разлика меѓу редовните царински давачки и дополнителните царини што Вашингтон ги воведе за дел од земјите.

„И ние не сме меѓу 60-те држави на кои им се воведени дополнителни обврски, но тоа не значи дека немаме царини. Истото важи и за Србија и за другите земји што не се на таа листа. Ние ги цениме односите со САД како наш стратешки партнер и сметаме дека конечно можеме да соработуваме онака како што доликува на две партнерски држави. Не правиме естрада од тоа, туку водиме нормална и одговорна политика“

Мицкоски појасни и дека седумте милиони евра кои Владата ги позајмила од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка за изградбата на автопатите. Нагласи и дека станува збор за вообичаена процедура која многупати во минатото била применувана и дека средвата уште следниот месец ќе им бидат вратени на компаниите. Веќе утре пред пратениците ќе се најде и ребалансот на буџетот, а за кој се поднесени десетици амандмани од опозицксите партии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село Возарци

Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кој зафати сува трева и дрвја во атарот на село Возарци.

Јанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село Возарци

Екипите на терен вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни и одговорни, особено во овие денови со високи температури, и да не палат оган на отворен простор. Со заедничка грижа и одговорно однесување можеме да помогнеме во заштитата на природата и безбедноста на сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер