Род Стјуарт ги продаде правата и каталогот на своите песни за 100 милиони долари - Канал 5

Род Стјуарт ги продаде правата и каталогот на своите песни за 100 милиони долари

Британскиот музичар Род Стјуарт ги продаде правата за издавање и целиот каталог на неговите песни за речиси 100 милиони американски долари.

Род Стјуарт ги продаде правата и каталогот на своите песни за 100 милиони долари

Според Wall Street Journal, компанијата Iconic Artists Group за споменатата сума ги купила правата на каталогот на Стјуарт, како и одредени права за користење на неговото име и лик.

Ова е втора голема продажба на права во светот на поп и рок музиката за помалку од една недела. Имено, Sony купи половина од правата на неговите изданија и песни од наследниците на Мајкл Џексон, чија вредност Њујорк Тајмс ја процени на 1,2 милијарди американски долари. Според порталот за музичка мрежа Билборд, Sony платил најмалку 600 милиони американски долари за половина од правата.

Пазарот за музички права е исклучително активен во последниве години, па легендарните музичари како Боб Дилан, Брус Спрингстин и Нил Јанг богато ги монетизираа своите каталози на песни.

Инвеститорите веруваат дека нивната инвестиција ќе се исплати многукратно во ера кога услугите за стриминг музика цветаат, имајќи предвид дека носителите на правата заработуваат од секое емитување на песни, продажба на албуми, употреба на музика за промотивни цели или во филмови и серии, што е пропишани со законите за авторски права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен.

Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија.

Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. 

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта.

Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење.

Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер