ТехнологијаРобот на „Тесла“ изведува кунг фу зафати како на филм (ВИДЕО)Тесла објави ново видео во кое нивниот хуманоиден робот Оптимус демонстрира зачудувачки кунг-фу движења со неверојатна рамнотежа и контрола.Снимката предизвика бура од реакции на интернет, бидејќи роботот не само што изведувал прецизни движења, туку и останал на нозе дури и откако бил силно турнат. Видеото го прикажува Оптимус, возрасен робот во природна големина, како изведува серија брзи и мазни кунг-фу движења со извонредна прецизност. Иако не удрил ниту добил тупаница, јасно ја демонстрирал својата способност да се движи динамично и без напор, што е огромно подобрување во однос на претходната, несмасна презентација што Тесла ја даде на извршен директор на Salesforce пред нешто повеќе од еден месец. Во еден момент, роботот доби силен удар од човечки противник, но успеа да ја одржи рамнотежата и да остане на нозе, што е уште еден доказ за тоа колку се подобрил во стабилноста и координацијата на движењата. Вештачка интелигенција, а не далечинско управување Кога еден корисник го праша во коментарите под видеото дали роботот бил далечински управуван или користел вештачка интелигенција, Елон Маск кратко одговори: „Вештачка интелигенција, а не далечинско управување“. Потврдата ја нагласува амбицијата на Тесла да развива роботи кои учат и се прилагодуваат на нивните реални средини. Tesla Optimus learning Kung Fu pic.twitter.com/ziEuiiKWn7 — Elon Musk (@elonmusk) October 4, 2025 Според планот на Тесла, Оптимус треба да биде масовно произведен до 2030 година, со годишна цел од околу милион единици. Компанијата верува дека хуманоидниот робот ќе стане нејзин најголем производ во иднина и ќе се користи во фабрики, домаќинства и јавни простори за автоматизирање на секојдневните задачи и решавање на недостигот на работна сила. Жестока конкуренција на пазарот на роботи Додека Тесла работи на подобрување на својот робот, се соочува со зголемена конкуренција од САД, Кина и други земји кои инвестираат огромни суми во развој на хуманоидни роботи. Сепак, ова најново видео покажува дека Тесла напредува кон производство на роботи кои можат да реагираат и да се адаптираат во реално време, што е клучен чекор за нивна употреба во индустријата и домаќинствата.Тагови: Робот тесла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook