Робот аватар оди на училиште наместо болно дете (ВИДЕО) - Канал 5

Робот аватар оди на училиште наместо болно дете (ВИДЕО)

Џошуа Мартинанџели (7) е премногу болен за да оди на училиште.

Робот аватар оди на училиште наместо болно дете (ВИДЕО)

Но, германскиот ученик сè уште може да комуницира со својот наставник и соучениците преку роботот аватар кој седи на часовите наместо него и испраќа сигнал што трепка кога има што да каже.

„Децата разговараат со него, се смеат со него, а понекогаш дури и разговараат со него за време на часот. Џоши исто така многу добро го прави тоа“, изјавила во интервју за Ројтерс Уте Винтерберг, директорка во Pusteblume-Grundschule во Берлин.

Џошуа не може да посетува настава бидејќи носи туба во вратот поради тешка болест на белите дробови, изјавила неговата мајка Симоне Мартинанџели.

Проектот е приватна иницијатива платена од локалниот совет во берлинската област Марзан-Хелерсдорф.

„Ние сме единствениот округ во Берлин што купи четири аватари за своите училишта. Поттик беше ковид-19, но мислам дека ова ќе биде иднината и после пандемијата“, рече советникот за образование на областа Торстен Куене.

„Се случува одвреме-навреме, од различни причини, дете да не може лично да оди на час. Потоа, аватарот може да му даде шанса на тоа дете да остане дел од училишната заедница“, рече Куене.

Тој додаде дека проектот веќе го покренал во политичките дискусии на државно ниво.

„Ми се допаѓа како и да е затоа што ми се допаѓа аватарот“, рече ученикот Ноа Куснер на прашањето дали со нетрпение чека повторно да го види Џошуа.

„И јас би сакал Џоши навистина да дојде на училиште“, рече друга соученичка, Беритан Асланглу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Од вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... 

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми.

Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот.

Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот.

Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област.

Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип.

Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови.

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите.

Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер