Роби Вилијамс повторно се бори со депресијата - Канал 5

Роби Вилијамс повторно се бори со депресијата

Британскиот пејач Роби Вилијамс откри дека на почетокот на оваа година повторно имал исцрпувачки напад на депресија. Тој говореше за тоа во интервју за „Мирор“ (The Mirror).

Роби Вилијамс повторно се бори со депресијата

На поп-пејачот првпат му била дијагностицирана депресија во неговите дваесетти години - кога се борел со зависности среде светската слава. Сега веќе 51-годишниот пејач кон крајот на минатата година призна дека повторно не се справува добро со некои случки во животот, на пр. со тоа што на неговата мајка Џенет ѝ била дијагностицирана деменција, четири години откако на татко му Пит му рекле дека има Паркинсонова болест. Како што почнала 2025 година, Роби станал свесен оти му се враќаат психичките проблеми.

- Годинава почна со некои проблеми со менталното здравје, коишто ги немав многу долго време. Бев тажен, вознемирен, депресивен. А, изминаа околу 10 години. Мислев дека сум се опоравил. Мислев дека тоа беше крајот на мојата приказна и дека само ќе шетам низ оваа прекрасна земја. Така што, враќањето беше, просто, збунувачки, изјави Вилијамс.

Прашан за неговите родители, Роби вели дека не знае како да се справи со „таа неверојатно сложена“ ситуација.

- Вистина е дека сум презафатен и не се справувам со оваа состојба како што треба. Навистина не знам како да го правам тоа... Оти тоа е неверојатно сложено нешто. Сепак, повеќе би сакал да не навлегувам во подробности. Да го кажам тоа вака: Сите ние сме луѓе, со свои тешкотии, па јас се обидувам да се справам со моите, појасни Роби.

Тој е в брак со Ајда која има слични проблеми со своите родители и болестите. Роби, исто така, говореше за земањето лекови за потиснување апетит и слабеење, сомневајќи се дека тоа можеби придонесува за неговите ментално-здравствени проблеми.

Последниот негов албум „XXV" е издаден 2022 година во чест на неговата 25-годишна солокариера. Таа збирка вклучуваше нови верзии на неговите најголеми хитови, како и неколку сосем нови песни. Последниот сингл на Роби Вилијамс е „Lost", којшто е дел од „XXV".

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Најостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. 

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17.

Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ.

Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. 

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми.

Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP.

Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур.

Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој.

Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X.

Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер