Роберт Де Ниро (80) за деветмесечната ќеркичка: Сакам да уживам со неа колку што можам повеќе - Канал 5

Роберт Де Ниро (80) за деветмесечната ќеркичка: Сакам да уживам со неа колку што можам повеќе

Роберт Де Ниро (80) зборуваше за својата деветмесечна ќерка Гиа, која ја доби во април минатата година со девојката Тифани Чен (65).

Роберт Де Ниро (80) за деветмесечната ќеркичка: Сакам да уживам со неа колку што можам повеќе

Џиа е седмото дете на актерот.

"Јас сум 80-годишен татко и тоа е одлично за мене. Сè со што сум опседнат или загрижен се чини дека исчезнува веднаш штом ќе ја погледнам. Тоа е неверојатно", изјавил актерот во интервју за Списанието AARP.

"Таа е толку нежна, доволно е само да ме погледне. Набљудува сè, навистина интересно. Сакам да бидам колку што можам повеќе да уживам со неа", рекол Де Ниро за малата Џиа.

Потсетуваме, познатиот актер прв пат стана татко во далечната 1971 година, кога тој и неговата тогашна сопруга Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која денес има 52 години. Поранешниот пар го има заедно синот Рафаел (47). Покрај тоа, Де Ниро ги има близнаците Арон и Џулијан (28) со поранешната девојка Туки Смит, како и синот Елиот (26) и ќерката Хелен (12) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. 

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер