ЗабаваРоберт Билбилов во „G Carpet”, Сабота (12.06.2021)Роберт Билбилов, македонски пејач, продуцент и композитор, гостуваше во „G Carpet″, во саботата каде што откривме многу интересни детали за него и неговиот живот. Роберт компонира од дванаесетгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко, Хилми Билбил, соработува со многу имиња а и самиот продуцира, свири на неколку инструменти и ги пее своите песни. Неговата скромност дојде до израз уште на самиот почеток на емисијата. На прашањето што мисли за овогодинешната Евровизија и за нашиот претставник, Роберт одговори:﮼﮼Кој сум јас да го оценувам тоа? Можам само да ви кажам мое лично мислење. Мислам дека Васил сосема коректно не’ претстави. Од негова страна немаше никаква грешка, имаше супер песна, одличен сценски настап, одлично ја донесе целата енергија на сцена но, за жал, оваа година имаше многу голема конкуренција. Оваа година бев и во жирито за Евровизија, и имав можност да ги слушнам сите песни. Она што јас го забележав е дека сите песни беа еуфорични, имаше многу генијални форми, но, во време на пандемија, во која сите живееме тажно и стресно, на сите ни фали адреналин. Тоа е тоа што недостигаше и во песните. Повеќе адреналин.” „Добрите песни, ти, за колку време ги правиш?″ „Јас кога ќе направам песна тоа е за 2 минути. Но, за да знаеме дали песната е добра или не треба време, таа ферментира како виното и само времето е показател дали ќе е добра.″ За својата нова песна и спот рече: „Јас никогаш немам големи очекувања па така немам ни големи разочарувања. Кога работиш едноставно го правиш нештото и се водиш од твојата естетика. Приказната што ја правиш треба да биде целосна. Јас навеќе инвестирам во идејата и реализацијата” „Те гледаме како автор на многу песни, соработуваш со многу имиња од регионов но најмалку правиш песни за себе. За тебе велат дека многу сакаш пари па затоа и не правиш песни за себе. Дали ова е вистина?” На ова Роберт одговори: „Да, ова што го кажавте е апсолутна вистина. Парите се само средство во животот но не и цел, ако стигнеш до целта така стигаш и до парите. Но, ако парите ти се цел тогаш ќе стигнеш само до нив. А кога ќе стигнеш до успехот тогаш парите сами си доаѓаат.” Пандемијата и за него била период во кој немал многу работа и соработка со регионалните пејачи. Пред пандемијата работел многу со музички имиња од Албанија и правеле многу успешни песни па посакува повторно да ги обнови соработките. „Дали од Македонија бираш со кој работиш” „Не, до сега не се случило такво нешто. Пари си се пари.” Во музичката енциклопедија не се покажа баш најдобро. Роберт едвај се снајде со нашите познати хитови. Шокантен беше фактот дека не ги знаеше ниту песните од Тоше. Се присети на најболното искуство во неговиот живот, загубата на неговиот татко, и на целиот тој, за него, тажен период. „Едноставно добри и лоши работи се случуваат во животот. Никој не кажа дека животот ќе биде лесен, но, јас имав една мисија, имав голема одговорност која татко ми ми ја остави. Сите од моите блиски беа покрај мене и ми помогнаа да станам тоа што сум денеска. Но јас уште сум многу, многу далеку од неговиот успех.” Билбилов го заврши своето гостување во „G Carpet” со рефрен од добро познатиот хит на неговиот татко „Бисер Балкански”. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ѝ воведе нови санкции на Северна КорејаСАД воведоа нов пакет санкции насочени кон Северна Кореја. Според Министерството за финансии, цел се десет поединци и еден деловен субјект. Листата на санкционирани лица го вклучува и Првиот финансиски и технички центар за развој. Шест лица на листата се поврзани со него, од кои двајца се руски државјани. Останатите, според објавените податоци, се севернокорејски државјани, објавува Ројтерс. Новите санкции доаѓаат во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги продолжи преговорите со Пјонгјанг, но Северна Кореја не покажа интерес за разговори за ограничување на нејзината нуклеарна програма. Трамп претходно овој месец ја намали важноста на уште еден самит со Ким, кој требаше да се одржи следниот месец во Кина. Трамп е единствениот американски претседател кој се сретнал со севернокорејски лидер, по средбата со Ким во 2018 и 2019 година. Овие дипломатски обиди не успеаја бидејќи САД го условија продолжувањето на разговорите со целосно напуштање на нуклеарното оружје од страна на Северна Кореја. Трамп оттогаш во неколку наврати ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“. Сепак, неговата администрација продолжува да инсистира на денуклеаризација и официјално не го признава Пјонгјанг како нуклеарно вооружена држава. Тагови: Доналд Трамп Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗдравјеРазвиен е нов вид на клетки, чувствителни на светлост- може да се користат како „жив“ пејсмејкер Руските научници развија нов вид клетки чувствителни на светлина за срцеви пејсмејкери, кои потенцијално би можеле да станат „жив“ срцев пејсмејкер.Новата биоинженерска клеточна структура е контролирана од светлина со помош на технологијата што ја освои Нобеловата награда за 2026 година, изјави за новинарите заменик-директорот на центарот Александар Романов. Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им беше доделена на тројца истражувачи за откривањето на првите јонски канали чувствителни на светлина кои можат да бидат вградени во клеточната мембрана и „обучени“ да реагираат на светлина. Ова откритие им овозможува на научниците да создаваат нови протеини контролирани од светлина за која било намена. „Добивме и тестираме нов вид клетки и веруваме дека оваа почетна фотосензитивност ќе ја подобри нивната ефикасност. Значи, се разбира, не ја освоивме Нобеловата награда, но сепак, тоа сугерира дека, така да се каже, работиме во вистинската насока“, рече научникот, објави ТАСС. Биоинженерите од MFTI и аритмолози од Центарот Мешалкин одгледуваа клетки контролирани од светлина, поставени на специјални полимерни скелиња и имплантирани во срцето. Идејата на научниците е да им се овозможи на клетките да функционираат природно, додека лекарите сè уште можат да го регулираат срцевиот ритам однадвор користејќи светлосни сигнали. За да го постигнат ова, истражувачите користат специјални светлосензитивни протеини кои можат да се префрлат од една состојба во друга кога се изложени на зраци со одредена бранова должина, со што ги стимулираат или смируваат клетките. Планирано е лекарите да можат да ги стимулираат клетките да ја контролираат аритмијата користејќи специјален уред со сина светлина со бранова должина од приближно 460 нанометри. Според Романов, за таа цел може да се имплантира посебна светлосна капсула под кожата или да се постави завој на градите на пациентот. Кардиохирурзите денес имплантираа нова група светлосензитивни клетки на пејсмејкер во срцето на минијатурна свиња во експериментална операциона сала. Прво, тие користеа специјален полимерен супстрат, а потоа ги инјектираа клетките во срцето со шприц, во форма на специјални микрокапсули. - Ефектот треба да трае од пет до седум дена - нагласи Романов.Тагови: пејсмејкер клетки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСловенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицето на јавни места .Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицата на јавни места до степен до кој можат да се препознаат цртите на лицето, што би ѝ го олеснило на полицијата идентификувањето на лицата. Како што е наведено во нацрт-законот, ова правило нема да се однесува на специфичен вид облека, религиозен симбол или лични околности, а предвидени се исклучоци за случаи кога покривањето на лицето е неопходно од здравствени или професионални причини, како и во врска со спортски активности, уметнички, културни или традиционални настани, пренесува СТА. За прекршување на овие одредби се предвидени казни од 100 до 200 евра. Подготовката на измените на законот започна откако коалицијата на партии „Истина“ (Resni.ca) поднесе предлог за референдум, на кој граѓаните би го изразиле своето мислење за тоа дали да се забрани покривањето на лицето на јавни места. Иако барањето за референдум се однесува на општа забрана за покривање на лицето, претставниците на парламентарните групи за време на дебатата нагласија дека прашањето е бурката и дека е потребно да се воведат ограничувања, бидејќи во спротивно Словенците би можеле да се најдат во подредена положба во споредба со имигрантите. Тие исто така изразија очекување дека имигрантите ќе се прилагодат на начинот на живот во Словенија. Во Европа, забрана за целосно покривање на лицето воведоа Белгија, Франција, Бугарија, Австрија, Данска, Швајцарија и Португалија, забрана за делумно покривање на лицето, или покривање во одредени државни, образовни или здравствени институции, воведоа Холандија, Луксембург и Латвија, додека во Германија и Италија, одредени држави воведоа забрана за покривање на лицето.Тагови: Казни лицата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00