РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци - Канал 5

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци

-РКЕ и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци

Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и додава дека на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании.

-РКЕ и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција. РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци, се вели во ставот од РКЕ за денешното соопштение на Управата за фнансиска полиција за поведување кривична пријава против Бислимоски.

РКЕ, се додава, нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата.

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против М.Б. претседател на РКЕ поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот законик.

Во образложението вели дека М.Б. ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката. Со тоа наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки и да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Во Собранието тече надзорната расправа за Алта Банка, која почна со серија серија паузи и тензии..

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Сите објавуваа документи и записници..Имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки..

Во Собранието е Михајло Видмилиски.. Михајло до каде е во моментот надзорната расправа, кога се очекува сведочењето на обвинителот Савески?

Народната банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за случајот со Алта Банка, соошти денеска на брифинг со новинарите премиерот Мицкоски.. Владеачката партија во изминатиот период ја прозиваше СДСМ дека шири паника за банката, дали во мегувреме има некакви информации околу овие кривични од Обвинителството?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето .

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за потеклото на парите со кои Давор Мацура го купил осигурителното друштво, сегашно Алта осигурување Скопје. Таа праша од која сметка била извршена уплатата и какви проверки направила Агенцијата пред да даде согласност за преземањето.

„Од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво? Особено тука сакам да бидете попрецизни во одговорот, бидејќи во јавноста веќе има информации дека станува збор дека тоа плаќање е од приватна сметка, односно сметка на физичко лице. Значи, од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво и од која сметка тие се префрлени“, праша Николова.

Таа посочи дека, според јавно достапните информации што ги наведе, осигурителното друштво било купено за околу 1,7 милиони евра, со преземање на сите 60.000 акции.

Николова нагласи дека јавноста досега не добила објаснување од Агенцијата за начинот на кој била спроведена продажбата и за проверките што ѝ претходеле на согласноста.

„Стекнувањето сопственост во осигурителното друштво не може да биде само формално административна постапка. Таа е многу повеќе од една таква формална постапка, особено кога станува збор за финансиски субјект кој располага со средствата од премии на илјадници граѓани и на компании. Агенцијата мора да има јасна слика за финансиската состојба на инвеститорот, потеклото на неговиот капитал, неговата деловна репутација и поврзаноста со други правни и финансиски субјекти“, истакна Николова.

Обраќајќи ѝ се на претставничката на Агенцијата, Дракуловска, пратеничката побара да бидат презентирани конкретните наоди врз кои била донесена одлуката за преземање на осигурителното друштво.

„Обврска на Агенцијата е да ги препознае ризиците, навреме да ја заштити довербата на осигурениците. Дали Агенцијата го проверила потеклото на средствата, финансиската состојба на купувачот и неговата поврзаност со останатите финансиски субјекти и врз основа на кои конкретни наоди е дадена согласност за преземање на ова друштво?“, праша Николова.

Таа нагласи дека случајот има јавен интерес, бидејќи се однесува на сигурноста на граѓаните и компаниите кои имаат осигурителни полиси, како и на вработените во друштвото.

„Ова не е прашање само на сопственичката трансакција или на деловен интерес на еден инвеститор. Ова е прашање коешто има јавен интерес и на довербата во институциите кои треба да го штитат финансискиот систем и да ги штитат граѓаните“, порача Николова.

На крајот, таа побара прецизни одговори за потеклото на капиталот, извршените проверки и основата за дадената согласност.

„Не барам општи уверувања дека осигурителниот сектор е стабилен затоа што денес цел ден слушаме такви општи уверувања. Барам конкретни одговори на прашањата што ви ги поставив“, нагласи пратеничката на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од привремениот администратор Илија Андоновски да ја објасни својата претходна улога во процесот на супервизија и лиценцирање на банката.

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

Бочварски праша дали Андоновски учествувал во давањето лиценци и дали тогаш имал сознанија за прекршокот констатиран од Европската централна банка при обидот за влез во Адико банка во Австрија.

„Дали согласно претходната ваша позиција, директор на Дирекција за супервизија и лиценцирање во Народната банка, при влегување на Алта банка Србија во Македонија имавте сознанија за прекршокот кој го констатирала Европската централна банка при нејзиното влегување во Адико банка Австрија и дали имавте удел во давањето на лиценците на акционерите и на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Алта банка Битола“, праша Бочварски.

Тој нагласи дека улогата на Андоновски, назначен за привремен администратор на 1 ноември 2026 година, е особено значајна поради состојбите во банката и обврските кон граѓаните и компаниите.

„Вашата улога во овој период, во оваа банка е многу значајна, посебно поради состојбите во банката, а тие се загрижувачки, гледајќи ги редиците наши сограѓани кои цел ден чекаат пред вратите на оваа банка да си ги повлечат средствата со цел да вратат можеби кредити, да си ги платат сметките за струја и вода, да купат храна од маркетите, лекови и така натаму“, истакна Бочварски.

Во обраќањето тој презентираше податоци за влошувањето на финансискиот резултат на банката. Според бројките што ги наведе, во првите три квартали од 2025 година банката остварила добивка од 49 милиони денари, додека во истиот период од 2026 година прикажала загуба од 48 милиони денари.

„Нето приходите од камати паднале за 8%. Нето приходите од провизии паднале за 29%. Значи од добивка во 25-та година од 49 милиони денари преминала банката во загуба од 48 милиони денари во оваа 26-та година“, посочи Бочварски.

Тој побара администраторот да ја презентира актуелната состојба и да одговори дали банката може целосно и навремено да ги подмири обврските кон депонентите и доверителите.

„Дали врз основа на актуелната финансиска состојба на Алта банка АД Битола, банката располага со доволно ликвидност за целосно и навремено подмирување на обврските кон своите депоненти и доверители и дали нејзината финансиска позиција овозможува одржливо и рентабилно работење во идниот период“, праша Бочварски.

Дополнително, побара конкретно објаснување за причините поради кои банката преминала од позитивен во негативен финансиски резултат.

„Дали согласно увидот којшто еве во изминативе десетина дена го имате во Алта банка Битола можете да објасните што се случувало во 26-та година и кои се главните причини што банката од добивка преминува во 26-та година во загуба, со што се загрозува и нејзиното работење“, праша пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер