Власта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законик
1Власта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законик
МакедонијаРКЕ утре ќе ги објави цените на гориватаРегулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе нова одлука за цените на горивата во Македонија, во период на умерена осцилација на светските берзи на нафта, кои во последниов период не покажуваат јасен тренд на раст.Нафтата од типот Брент, чија цена најмногу влијае во креирањето на цените на глобалниот пазар, во измината недела се движеше од 95 до 105 долари за барел. Во изминатиов период беа донесени повеќе мерки, како намалување на ДДВ и на акцизите, како и договор за пониски набавни цени со „Окта“. Актуелните цени на горивата се 80,5 денари за еуросупер 95, 82,5 денари за 98-мицата, додека цената на дизелот е 94 денари..Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта и опозицијата ги продолжија обвинувањата кој е виновен за немањето консензус за Изборниот законикИ по недонесувањето на измените во Изборниот законик, власта и опозицијата продолжија со меѓусебните препукувања кој бил виновен за тоа и кој го кочи европскиот пат. Од СДСМ обвинуваат дека земјава губи милиони евра од ЕУ, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Македонија останува лидер во реформската агенда и сепак ќе добие најмногу средства од Планот за раст. Обинуваат дека СДСМ, ДУИ и Левица одбрале го блокираат напредокот на државта и да го опструираат законот и покрај тоа што имало простор за консензус и подготвеност од власта да се прифатат сите нивни барања. „СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии“- Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ пак обвинуваат дека не се губат само европски пари, туку и иднината на граѓаните и стратешката цел на државата, поради како што велат политиката на излоација од страна на власта. „Вистинската цена не се 4,2 милиони евра, вистинската цена се милијарди евра изгубени европски фондови, пропуштени инвестиции и украдена европска иднина за Македонија. ВМРО-ОКГ намерно го туркаше Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба преку гласовите од дијаспората, за да создаде привид дека опозицијата го блокира европскиот пат“- Кети Штерјова, СДСМ. Од Левица пак посочуваат дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ не постоела политичка воља за донесување на нов Изборен законик. Сметаат дека тоа им одговарало и на двете парти кои според постојниот закон ќе поделеле 10 милиони евра за политичко рекламирање. Донесувањето на измените во Изборниот законик пропадна по неколку неуспешни обиди партите да се договорат околку начинот на гласање на дијаспората. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измениЕврокомесарката за проширување Марта Кос уште еднаш ја повика Македонија да ги спроведе уставните измени но и да гради „доверба„ со сите земји членки на Унијата. Како што потенцираше Кос, државава е една од трите првенци во спроведување на реформската агенда, меѓутоа, без уставни измени, овој напредок не може да се преслика во моментумот за проширување. -Ова бара лидерство и градење доверба со сите наши 27 земји-членки. И ова беше мојата порака минатата недела во Македонија. Кој е тука од Македонија? Добредојдовте. Земја која брзо напредува во реформите на планот за раст и е една од најдобрите во оваа област, но треба да ги донесе договорените уставни измени за да може да внесе иста динамика во преговорите за проширување,- - Марта Кос, еврокомесарка за проширување . Откако вчера заврши крајниот рок за реформите од јунскиот грејс период, Македонија реализираше девет од десетте планирани чекори а изостана реформскиот Изборен законик чија финансиска вредност изнесуваше 4,2 милиони евра. Иако финалната оценка од ЕК за успешноста и квалитетот на завршените реформи се очекува во септември, од Министерството за европски прашања посочија дека заедно со тековниот извештаен период, очекуваат исполнување на вкупно 19 реформски чекори, по што би се исплатиле околу 100 милиони евра од Планот за раст. Досега, државава има исполнето 22 од предвидените 136 реформски чекори по што се ослободени 142 милиони евра од алоцираните 750 милиони евра за државава преку Планот за раст. Како резултат на реформскиот неуспех на останатите кандидатки, официјален Брисел најави дополнително распределување на средства кон Македонија, Албанија и Црна Гора како земји со најголем реформски напредок, а колкав износ би добила државава ќе се знае кон крајот на месецов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препаратиМобилен тим од одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возил Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење.. Сторителот, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација турција – косово и истиот е застанат за контрола на граничен премин Деве Баир, но возачот изјавил дека нема ништо за пријавување.. Вијалите спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригиналното пакување, се пронајдени на различни места во кабината на возилото – во горниот кревет, во фабричката шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж пронајден во долниот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook