РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините се покачуваат за 0,5 денари - Канал 5

РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините се покачуваат за 0,5 денари

РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините се покачуваат за 0,5 денари
За 6,5 денари по литар од ноќеска на полноќ поевтино ќе се точи дизел горивото – по најновата одлука на Регуаторната комисија за енергетика, цената на дизелот прв пат по стартот на војната на Блискиот исток ќе изнесува 85,5 денари за литар. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. 

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар.

Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители.

Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер