3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ФудбалРивалдо: Роналдо би можел да биде измамен во Саудиска Арабија Легендарниот бразилски напаѓач Ривалдо (51) во интервју за Мундо Депортиво зборуваше за Кристијано Роналдо (38), кој со доаѓањето во саудиски Ал Наср стана најплатен фудбалер со плата од 200 милиони евра по сезона.„Играчите понекогаш се мамат со големи договори што ги потпишуваат во Саудиска Арабија, но таму има затворен живот, а фудбалот не е толку лесен како што мислите“, изјави Ривалдо. Бразилецот, кој постигна 35 гола на 76 настапи за националниот тим, смета дека неверојатната плата во Саудиска Арабија маскирала не толку едноставен живот. „Фудбалерот може да помине низ фаза на разочарување или дури да размислува за промена доколку парите што ги добива не се доволни за среќен живот. Би било добро и за него и за фудбалот доколку се врати во Реал Мадрид и ја заврши кариерата. “, смета Ривалдо. „Навивачите мора да разберат дека не можат од него да бараат она што го правел на 25-26 години. Но, Роналдо сепак може да му помогне на клубот да освојува трофеи“, додаде Ривалдо, кој смета дека девојката на Роналдо, Георгина Родригез е незадоволна од животот во Саудиска Арабија, поради што сака да се врати во Европа. Ал Наср на Роналдо е втор во саудиската лига со 57 бодови, пет помалку од лидерот Ал Итихад. Двата тима ќе одиграат по четири натпревари до крајот на сезоната. Роналдо на 16 настапи досега постигна 12 гола. Неговиот договор е со важност до летото 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на ИранИран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористиПутин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски. Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter