ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер
1ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер
3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
ЗабаваРита Ора ,,тверка” во проѕирен комплет без градник (ВИДЕО)Рита Ора настапи на британскиот фестивал Нотинг Хил Карневал ,а пред заминувањето , таа објави како вежба.Пејачката Рита Ора (28) се пофали на Инстаграм дека доборо се забавува и ги почести фановите со видео. Таа тверка облечена во проѕирен комплет без градник. Рита Ора , која има потекло од Косово деновиве ќе има настап во хрватскиот приморски град Задар, каде за едночасовен настап ќе добие 200 000 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Сериозна држава со празен фрижидер и нов авионТретата економија во Европа нема за плата, има за авион.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава. Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени. Купувањето чека. Сериозна држава, според нив, не се мери со чешма, со болница и со плата. Се мери со нов авион. Мицкоски сега сакаат нов авион. Затоа што шест седишта од 2024 им се тесни. Затоа што седиштето 11Д повторно ја отвори темата. Затоа што со саат од 65.000 евра не оди половен авион. Оди нов. И затоа што Вучиќ има нов, а Мицкоски не може на екскурзија да се срами со помал и постар. Минималната плата нека почека. Потрошувачката кошница нека почека. Дизелот од 100 денари нека почека. Земјоделецот со срамни 40 денари за пиперка нека почека. Анализите за водата во Гостивар нека почекаат. ПЕТ-скенерот нека почека. Авионот не може да чека. Тоа се најбрзо растечките плати. Тоа е најповолната кошница. Тоа е трета економија во Европа. Колената ги болеле од клечење, па сега мора летаат. За ЕУ, велат, за инвеститори (а инвестициите намалени за повеќе од 60%), за да не се губи време на редовни линии. Време имаа за одмор додека Гостивар се труеше. Време немаат да седат во економска класа. Сериозна држава прво ја објавува водата и ја обезбедува за сите граѓани, ја плаќа минималната плата од 600 евра, го поправа ПЕЅ скенерот и не слави додека 5.000 луѓе биле во болница. Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните Пари за авион има. За живот нема. Тоа е целата програма. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ФудбалРоналдињо се враќа во фудбалот, ќе игра во италијанската трета лига-Во форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол!Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Бразилец Роналдињо се врати во професионалниот фудбал на 46-годишна возраст и официјално потпиша за Равена, член на италијанската Серија Ц. Италијанскиот клуб подготви свечено претставување за освојувачот на „Златната топка“ од 2005 година и светски шампион со Бразил од 2002 година. Во таа пригода, Роналдињо изјави дека сака да му помогне на тимот, но и дека се надева на јубилеј – својот 300-ти гол во кариерата. „Сакам да ги инспирирам и да ги мотивирам другите фудбалери за да имаме спектакуларна сезона и, доколку е можно, да победуваме. Токму затоа дојдов овде“, изјави Роналдињо на италијански јазик за време на промоцијата. Иако својот последен официјален натпревар го одигра во 2015 година во дресот на Флуминенсе, поранешниот најдобар играч во светот нагласува дека е подготвен за предизвици. „Дали ќе ме видите на теренот? Не знам, тоа го знае само тренерот. Во добра форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол. Ако тоа се случи, ќе биде уште подобро, нели?“. Поранешниот ас на Барселона и Милан истакна дека пристигнал во Равена првенствено поради блиските односи со луѓето од клубот. „Многу ми е мило што сум овде со пријателите, но ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите со тимот. Дојдов поради пријателството што го имаме и тоа е сè. Ќе видиме како ќе напредува тимот. Тука сум за да помогнам.“ Во текот на денот, Бразилецот пристигна на аеродромот во Форли (регионот Емилија-Ромања), каде што веднаш се вклучи во клупските активности по повод почетокот на новата сезона. Неговиот ангажман првенствено е дел од комерцијалната стратегија на Равена, со цел да се зголеми меѓународната видливост и да се зајакне брендот. Ronaldinho steps out in front of the Ravenna FC fans for the very first time. pic.twitter.com/OWsyOaxmsg — VERSUS (@vsrsus) August 20, 2026 Сепак, планирано е Роналдињо да одигра барем еден официјален натпревар во текот на сезоната. „Нека започне магијата!“ Клубот сè уште официјално не објави кога Бразилецот би можел да дебитира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ЕкономијаЖивко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook