3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
МакедонијаРистовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и ЗаевУлица „Охридска“ во Маџир маало, е само еден пример за тоа, како се работи во Општина Центар и во какви услови живеат Центарци. Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат и Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Венко и Заев, за спас на партијата која оди кон сигурна пропаст. Како и сите други проблеми, каде што општинските инспектори или се на боледување, или се на одмор или едноставно си земаат плата, а не работат, така и тука, две години никој од службите под контрола на СДС и Герасимовски, не видел дека на улица „Охридска“ во Маџир маало граѓаните постојано се дават во прашина, а за да стигнат до своите домови, мора да газат преку градежен шут. Тука не може ниту мајка со дете да помине со количка, ниту пак лице со инвалидска количка по тротоарот, па тие мораат да се движат по улица, заедно со возилата, камионите и градежните возила. А кога сме кај улицата, како и тротоарот, така и таа полека ја снемува, за да може да се направт нови згради, а комшиите да си гледаат во прозорец. Почитувани, го повикуваме кадарот на Зоран Заев, Горан Герасимовски, итно да дојде во Маџир маало и да објасни според кои прописи се работи тука!? Дали очекува против-пожарната единица и итната медицинска помош да интервенираат со велосипеди, бидејќи со комбе и камион тоа не е возможно! Да дојде Герасимовски во Маџир Маало и да одговори зошто не беа доволно поплаките на Центарци, па се чекаше медиумите да објават, за тој да мора да испрати едно штуро соопштение дека било потребно геодетско мерење. Дојди Герасимовски, да ни објасниш дали треба и тука да пропадне тротоар и соседните објекти, за да преземеш нешто! Дојди Герасимовски, да им објасниш на Маџир маалци каде се криеше две години! А на одење, заедно со твоите другари Заев и Венко, да си дадеш оставка, а не да ја влечеш Центар заедно со СДС во неизбежна пропаст. Диана Ристовска Додевски, советник во Општина ЦентарТагови: Ристовска Додевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКарим Бензема се сели во Бундеслигата? Според германски извори, некогашниот капитен на Реал Мадрид, Французинот Карим Бензема би можел да ја продолжи кариерата во Бундеслигата, поточно во Баер Леверкузен.Еден од најскапо платените светски фудбалери, Карим Бензема моментално е без клуб, а според германскиот „Билд“, францускиот напаѓач би можел да ја продолжи кариерата во Бајер Леверкузен. Наводно, Бензема веќе разговарал со поранешниот соиграч Лукас Васкез, како и со Муса Дијаби, со кого играше во Ал Итихад, за да се распраша за состојбата во клубот. Дополнително внимание привлече и фактот што Бензема неодамна почна да го следи Бајер на Инстаграм. Сепак, кога „Билд“ стапи во контакт со спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, доби прилично воздржан одговор, па засега нема потврда дека искусниот Французин навистина ќе го носи дресот на германскиот клуб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСирија гори: Масовни протести (ВИДЕО)Наглиот пораст на цените на горивото за време на викендот предизвика протести низ цела Сирија – тоа се најголемите демонстрации во земјата по соборувањето на Башар ал-Асад пред речиси две години.Демонстрантите палеа гуми и блокираа главни патишта – вклучително и автопатот што го поврзува главниот град Дамаск со индустрискиот центар Алепо – откако сириската влада во саботата ја зголеми цената на дизелот за 40 отсто. Новата цена изнесува 175 сириски фунти за литар, што е еквивалентно на 1,32 американски долари за литар. Зголемувањето на цените дополнително го отежна товарот за Сиријците, кои со години се соочуваат со економска криза. Програмата на Обединетите нации за развој проценува дека 90 отсто од Сиријците живеат под прагот на сиромаштија, во споредба со околу една третина од населението пред почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година. 🚨 SYRIA ERUPTS IN RIOTS, PROTESTING FUEL PRICE HIKES Protests are spreading across Aleppo, Raqqa, Deir ez-Zor, Hasakah and Idlib after Syria sharply raised fuel prices—diesel by about 40%. Demonstrators burned tires and blocked roads as anger grew over soaring transport and… pic.twitter.com/RDoAVFIknW — Mossad Commentary (@MOSSADil) September 13, 2026 Како дел од најголемото во низата поскапувања воведени од почетокот на војната, владата исто така ги зголеми цените на гасот за домаќинствата и индустријата за 9 отсто, на бензинот со 95 октани за 28 отсто и на бензинот со 90 октани за 26 отсто. Демонстрантите исто така блокираа конвои со цистерни за нафта кои се упатуваа кон рафинериите во централна Сирија, при што некои од нив бараа смена на министрите за енергетика и економија, како и на шефот на Сириската нафтена компанија. Портпаролот на Министерството за енергетика, Абдулхамид Салат, во неделата изјави дека зголемувањето на цените е привремена мерка наметната од повисоките глобални трошоци за набавка и големата зависност на Сирија од увоз, додавајќи дека цените може да се зголемат или намалат во зависност од променливите околности. Сирија во голема мера се потпира на руска нафта, увезувајќи околу 60.000 барели дневно оваа година, иако Дамаск му соопшти на Вашингтон дека е подготвен значително да го намали тој увоз. 🇸🇾 “LISTEN, BASHIR — WE WON’T GO BACK TO THE DONKEYS!” Protesters in Idlib city are now directing their anger at Syrian Energy Minister Mohammed al-Bashir as demonstrations over soaring fuel prices continue to spread. Crowds can be heard chanting: “The people want the minister… pic.twitter.com/6zyUl2jFaI — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 13, 2026 Тоа снабдување е под зголемен притисок поради украинските напади врз руските рафинерии, кои го намалија производството и ја поттикнаа Москва да го ограничи извозот на бензин и дизел. Цените ги одразуваат не само трошоците за сурова нафта, туку и недостигот на рафинирани производи и повисоките трошоци за преработка, транспорт и снабдување, рече Салат во изјавата. SYRIAN PROTESTS HAVE TURNED DEADLY In Eastern Syria, Jolani's gangs are opening fire on demonstrators, and the people are responding with stones against the elements of the criminal regime. - Protests continue on the second day of the fuel price hike crisis in Syria The… pic.twitter.com/zKMInxI46S — Tomthunkit™ (@TomthunkitsMind) September 15, 2026 Недостигот дополнително се влоши поради тримесечното затворање на рафинеријата Банијас – најголемата во Сирија – заради нејзиниот прв сеопфатен ремонт. По најновото поскапување, цената на бензинот со 95 октани е зголемена за околу 86 отсто од февруари, додека цената на дизелот е повеќе од двојно зголемена. Референтната цена на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за приближно 44 отсто, зголемувајќи се од 72,48 на 104,61 долар за барел. Извор: Б92Тагови: протести Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЏастин и Хејли Бибер играјќи билијард ја прославија годишнината од бракот-Џастин и Хејли Бибер никогаш не биле повљубени.Светскиот џет сет пар Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од бракот. Музичарот сподели фотографии од опуштена дружба со билијард и емотивна порака до својата сопруга. Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од брак, а музичарот сподели неколку фотографии на кои парот ужива во заедничкото време – играјќи билијард и натпреварувајќи се пријателски. Џастин на Инстаграм објави фотографии на кои тој и Хејли уживаат во опуштената атмосфера на еден бар, наизменично играјќи билијард. Покрај фотографиите, тој напиша: „Од осум години до бесконечност ❤️ НОВИ ПОГЛАВЈА ♾️ Те сакам, љубов моја. Среќна годишнина“. На една од фотографиите, Џастин го мести стапот и се подготвува за потег, додека Хејли стои до него со својот стап. На други фотографии, парот се смее и ужива во заедничкото време. Хејли се пошегува и на сметка на своите вештини во билијардот. „Осум години како сум ужасна во билијард“, напиша таа во коментарот, придружен со емотикони. Осум години од венчавката во Њујорк Годишнината доаѓа осум години откако Џастин и Хејли стапија во брак во септември 2018 година во Њујорк.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook