Ристоски нов тренер на Истанбул ББ - Канал 5

Ристоски нов тренер на Истанбул ББ

Ристоски потпиша едногодишен договор со Истанбул ББ и се враќа во европската клупска одбојка по пауза од десет години, откако претходно работеше како тренер во Швајцарија и Кипар.

Ристоски нов тренер на Истанбул ББ

Македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристоски е нов тренер на турскиот прволигаш Истанбул ББ, откако го заврши својот успешен престој на клупата на саудиски Ал Хилал со кого изминатиот викенд ја освои шампионската титула и сезоната ја заокружи со четири трофеи.

Ристоски потпиша едногодишен договор со Истанбул ББ и се враќа во европската клупска одбојка по пауза од десет години, откако претходно работеше како тренер во Швајцарија и Кипар.

„Да се води екипа во едно од трите најсилни првенства во Европа е голем предизвик, особено поради фактот дека во турското првенство во последните три години настапуваат најголемите светски ѕвезди. Турската одбојка, како машката, така и женската, полека го презема приматот на една од најсилните, додека Турската федерација е една од најмоќните и најорганизираните“, изјави Ристоски по официјалната промоција на клупата на Истанбл ББ.

Македонскиот тренер посочи дека доаѓа во клуб со голема традиција и визија.

„Истанбул ББ е клуб со голема традиција, каде акцентот е ставен на работа со млади одбојкари. Тоа е расадник на одбојкари кои потоа играат во националниот тим, односно во најсилните клубови во Турција. Тие водат грижа за иднината на турската одбојка. Тоа е клуб со јасно поставена визија, каде приоритет е правилен развој на младите одбојкари. Костурот на екипата за следната сезона веќе го имам, во моментов работиме на наоѓање на соодветни засилувања со кои ќе се комплетира составот“, додаде Ристоски, кој беше долгогодишен македонски репрезентативец, а воедно и селектор на националниот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата претепа навивач, кој носи каталонско знаме- во Барселона гневни (ВИДЕО)

Огромна врева избувна во Шпанија по видеото од полициската интервенција за време на натпреварот помеѓу Елче и Барселона минатиот викенд. 

Полицијата претепа навивач, кој носи каталонско знаме- во Барселона гневни (ВИДЕО)

На него се гледаат неколку полицајци како интервенираат против навивач на Барселона кој носел естелада, знаме поврзано со каталонското сепаратистичко движење.

Видеото, кое кружи на социјалните мрежи, покажува како полицајците го земаат знамето од навивачот, по што следува тепачка. Инцидентот продолжува со неколку полицајци кои го опкружуваат навивачот, при што еден од нив користи палка додека навивачот е на земја. Видеото предизвика широки критики, особено од навивачите на Барселона и каталонските политички партии, кои веруваат дека одговорот на полицијата бил прекумерен.

Барселона стои зад навивачот

Барселона издаде соопштение во кое ги осудува постапките на полицијата по инцидентот. Клубот изјави дека верува оти силата била несоодветна и дека ќе го поддржи навивачот и неговото семејство.

„ФК Барселона ја осудува непропорционалната употреба на сила против своите членови и навивачи“, објави клубот, додавајќи дека ќе бара разјаснување на сите околности на инцидентот. Барселона нагласи дека самото прикажување на естеладата не е забрането и дека тоа е симбол што е дозволен во јавен простор.

Полицијата тврди дека причината не било знамето

Шпанската полиција презентираше поинаква верзија на настаните. Според нивното објаснување, интервенцијата не била резултат на носењето на каталонското знаме, туку однесувањето на навивачите за време на полициската придружба до стадионот.

Полицијата тврди дека двајца навивачи ги навредиле службените лица, по што еден од нив бил издвоен за идентификација. Според таа верзија, навивачот се спротивставил на постапката и се обидел да го нападне полицаецот, што довело до употреба на сила. Видеото од инцидентот, сепак, го покрена прашањето дали реакцијата на полицајците била пропорционална на ситуацијата.

Покрената е внатрешна истрага

Поради целиот случај, започната е истрага, која треба да ги утврди околностите на интервенцијата и дејствијата на вклучените полицајци. Надлежните органи треба да ги анализираат достапните снимки за да утврдат дали имало злоупотреба на овластувањата.

Случајот предизвика и политички реакции. Каталонските партии побараа објаснувања од Министерството за внатрешни работи на Шпанија, додека критичарите на полициската интервенција го покренаа прашањето за правото на навивачите да прикажуваат легални политички симболи.

Инцидентот во сенка на големата победа на Барселона

Целиот случај се случил пред натпреварот помеѓу Елче и Барселона, кој тимот на Ханси Флик убедливо го доби со 5:0. Сепак, спортскиот резултат брзо падна во втор план поради дебатата за полицискиот третман на навивач кој носеше каталонско знаме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болница

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори.

ВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болница

Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа установа.

Процесот ќе продолжи и во наредните месеци. Во септември се очекуваат уште 22 специјализанти, а потоа ќе продолжат постапките за 12 помошни медицински сестри и 25 административни работници, односно вкупно уште 59 нови вработувања.

Покрај зајакнувањето на кадарот, Одделот за урологија е реновиран и опремен со нова медицинска опрема, додека Кардиологијата е преместена во посоодветни простории, со што се подобруваат условите за пациентите и персоналот.

Клиничката болница во Тетово им служи на повеќе од 250 илјади жители на Полошкиот регион. За ВЛЕН, зајакнувањето на човечките капацитети, подобрувањето на условите и обезбедувањето поквалитетни здравствени услуги се дел од заложбите за пофункционален здравствен систем, поблизок до граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната

Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната

Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево.

Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче.

Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем.

Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа.

Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер