Ристески: Пелагонискиот регион станува поатрактивен за инвестиции - Канал 5

Ристески: Пелагонискиот регион станува поатрактивен за инвестиции

 Пелагонискиот регион наскоро ќе биде уште поатрактивен затоа што Владата директно помага и инвестира во патмата инфраструктура, изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Ристески: Пелагонискиот регион станува поатрактивен за инвестиции

За време на денешната средба со локалната самоуправа, бизнис секторот и занаетчиската комора на Битола, Ристески најави нови потрендовски мерки за стопанствениците од овој пелагонискиот регион.

-За развојот на битолското стопанство особено е важно инвестирањето во патната инфраструктура и решавање на вековниот проблем со превојот Плетвар, регионалниот пат Битола-Прилеп и поврзувањето со Грција. Овој регион наскоро ќе биде уште поатрактивен за инвестиции. Гледаме дека се зголемува бројот на инвестициски проекти кои имаат намера да го користат железничкиот транспорт и токму затоа во наредниот период очекуваме позитивни вести на овој за план за овој регион и цела Македонија, посочи Ристески и додаде дека на средбата биле анализирани досегашните мерки за развој на бизнисот и нови вработувања, а следната година ќе понудиме нови потрендовски мерки кои ќе бидат искористени од стопанствениците и занаетчиите, нагласи Ристески.

На денешната средба во Битола, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески ги презентираше сите мерки достапни за бизнис секторот, за компаниите и занаетчиската комора, а дискутираа и за актуелната економска состојба во државата.

-Мерките се со цел развој на компаниите, отворање на нови бизниси, развој на претпримништвото кај младите луѓе за што потврда се бројките од мерката за самовработување каде евидентиравме над 200 апликации кои ќе бидат прифатени. Ние анализираме кои мерки беа прифатени од стопанството, што можеме да подобриме, посочи Ристески.

За поефикасно спроведување на владините мерки, услови создава и локалната самоуправа, изјави градоначалникот Тони Коњановски.

-Овој регион има голем потенцијал и понуда, а се поголем е интересот за инвестирање во индустриската зона „Жабени“. Се чувствува развој и придвижување на стопанството во Битола, а потврда за тоа се постигнатите резултати. Посебни се придобивките од унгарскиот кредит со чии средства се овозможи непроценлив придонес за локалната економија, истакна Коњановски.

Во изјава за медиумите, претседателот на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, посочи дека бизнис заедницата во овој регион преднични во однос на другите во земјава.

-Ние постигнавме раст од 4 проценти и тоа е за пофалба затоа што предничиме во Македонија. Нашите компании го користат унгарскиот кредит, практикуваат зелена транзиција, а користиме и грантови од ЕБОР. Компаниите во регионот Пелагонија-Преспа се извозно ориентирани, се трансформираат и ефикасно ги користат мерките и препораките од ЕУ и Владата. Нашата крајна цел се ЕУ-пазарите, посочи Вековски.

Работната средба на заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески беше интерактивна и во функција на развојот на пелагонскиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден: Извршена есенска дезинфекција и дератизација

Во согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти .

Општина Илинден: Извршена есенска дезинфекција и дератизација

Во согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти на територијата на општината.

Во рамки на акцијата, извршена е дератизација на 1.073 шахти на јавните површини, со цел спречување на појавата и размножувањето на глодари. Дополнително, спроведена е дезинфекција на вкупна површина од 3.300 квадратни метри во јавни објекти, меѓу кои општинската зграда и домовите на култура.

Со континуирано спроведување на превентивните мерки, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност на зачувување на јавното здравје, одржување на хигиената и обезбедување здрава и безбедна животна средина за сите граѓани. И во наредниот период ќе продолжат активности насочени кон спречување и сузбивање на заразните болести, со посебен акцент на превенцијата и заштитата на здравјето на населението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минималната бруто-плата во Хрватска се зголемува за 80 евра

Минималната бруто-плата во Хрватска од 1 јануари 2027 година ќе изнесува 1.130 евра, најави премиерот Андреј Пленковиќ на денешната седница на Владата. 

Минималната бруто-плата во Хрватска се зголемува за 80 евра

Тоа е за 80 евра повеќе од оваа година, кога минималната бруто-плата изнесува 1.050 евра. „Во моментов, минималната бруто-плата изнесува 1.050 евра. По спроведените консултации, одлучивме таа да изнесува 1.130 евра – што претставува зголемување од 80 евра во однос на износот од оваа година. Тоа значи годишна стапка на раст од 7,6 отсто“, изјави Пленковиќ.

Владата денеска ќе усвои уредба со која се утврдува новиот износ на минималната плата за претстојната година.

Премиерот најави мерки за работодавачите кои на своите работници им исплаќаат минимална плата.

Во текот на првите три месеци од 2027 година, државата – по поднесување барање – ќе им ја надомести на работодавачите разликата помеѓу претходниот и новиот износ на бруто минималната плата.

Ова изнесува 80 евра месечно по работник, односно вкупно до 240 евра за тримесечниот период. Се зголемува и минималната саатница за студентска работа.

Зголемувањето на минималната плата повлекува и повисока минимална стапка за студентска работа. Пленковиќ најави дека минималната саатница за студентите во 2027 година ќе изнесува 7,06 евра, во споредба со овогодинешната нето-стапка од 6,56 евра. Тоа значи дека за секој одработен час, студентите ќе добиваат најмалку 50 центи повеќе отколку што добиваат оваа година. Премиерот исто така напомена дека цената на субвенционираниот студентски оброк ќе остане непроменета, при што студентите и понатаму ќе плаќаат 0,86 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадри

Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадри, јасни правила и одговорност до институции што испорачуваат резултати!

Минчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадри

Јавната администрација е оперативниот мотор на државата, а нејзината сила се мери според способноста да решава проблеми, да презема одговорност и да испорачува резултати. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на Министерскиот панел во рамки на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина. Тој истакна дека реформата на јавната администрација подразбира суштинска промена во функционирањето на институциите, од бирократски процедури и формално исполнување обврски кон професионално работење, јасни правила и мерливи резултати за граѓаните.

„Со реформите во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор воспоставуваме систем во кој професионалноста, компетентноста и одговорноста ќе бидат мерило за сечија работа. Оние што работат квалитетно, покажуваат посветеност и постигнуваат резултати мора да бидат препознаени и соодветно наградени, но исто така, оние што не ги исполнуваат работните обврски и не ги оправдуваат очекувањата мора да сносат соодветни последици. Не може да бараме ефикасни институции без јасни критериуми и без систем во кој секој административен службеник знае дека неговиот труд ќе биде вреднуван, а неговото непрофесионално работење нема да биде толерирано. Само така градиме администрација во која заслугите се наградуваат, а неодговорноста има последици“ порача Минчев.

Професионализацијата на раководните позиции и функционалното организирање на институциите се следните клучни алки во реформскиот процес. Со примената на законската рамка за високи раководители, започната на 1 октомври 2026 година, се зајакнуваат основите за професионално и одговорно управување, додека подготовката на новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) е насочена кон појасни надлежности, отстранување на преклопувањата и подобра координација.

„Државата не смее да губи енергија во институционални преклопувања и нејасни одговорности. Секоја институција мора да има прецизно утврдена улога, а секоја одговорност мора да има носител. Само така создаваме систем што работи во интерес на граѓаните, а не граѓаните да се приспособуваат на слабостите на системот“ истакна министерот.

Како важен инструмент за професионализација на администрацијата, Минчев го посочи почетокот на работата на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, планиран за јануари 2027 година. Академијата ќе овозможи континуирано унапредување на стручните знаења, развој на лидерските компетенции и јакнење на професионалните капацитети. Целта е знаењето да стане двигател на институционалниот напредок, а професионалниот развој, директна инвестиција во поквалитетно управување и резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат.

Учеството на „Косово ПАР 2026“ ја потврди важноста на регионалната соработка и размената на искуства во спроведувањето на реформите. Сепак, вистинскиот успех не се мери со бројот на донесени закони или спроведени активности, туку со промените што граѓаните ги препознаваат во секојдневниот контакт со институциите. Професионалноста ги движи реформите, јасните правила го зајакнуваат системот, а конкретните резултати ја градат довербата. Тоа е насоката на Министерството за јавна администрација, администрација што не ја забавува државата со непотребни пречки, туку ја придвижува напред со знаење, ефикасност и одговорност.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер