Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаРистески: Нема веќе чекање по шалтери за ЈСП, за студентите се воведува дигитална картичка Барањето на студентите за поедноставно користење на бесплатниот јавен превоз добива конкретно решение. Со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП, во завршна фаза се подготовките за воведување дигитална студентска превозна картичка. Со нејзината примена, постапката што досега подразбираше одење на факултет по потврда, чекање пред шалтерите на ЈСП и носење хартиени документи, ќе се одвива дигитално. Ова е промена што студентите ја побараа и која заслужува да биде реализирана. Градското раководство ги слушна нивните потреби и пристапи кон решавање на една административна обврска што со години им одземаше време и енергија. Секој студент што чекал ред за потврда, па потоа уште еден ред за заверка на картичката, добро знае колку е потребна оваа промена. Особено на почетокот на академската година, кога треба да се организираат предавањата, вежбите и другите факултетски обврски. Време е институциите да го преземат својот дел од работата и меѓусебно да ги разменуваат податоците што веќе ги поседуваат. Токму тоа го овозможува ова решение, кое се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Со тоа се отстранува потребата студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка. Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката. При патувањето ќе го користат QR-кодот од својот телефон за валидација во автобус. Тоа е директна и практична придобивка: студентската превозна картичка ќе биде во мобилниот телефон, а заверката на статусот ќе се одвива без обиколување шалтери. Потребите на младите мора да бидат високо на агендата на локалната власт. Условите во кои студираат, пристапот до услуги и времето што го трошат за административни обврски се прашања што заслужуваат внимание и конкретни решенија. Поддршката за младите се покажува и преку способноста да се реши проблем што тие го посочиле. Да се поедностави постапка. Да се отстрани непотребна обврска. Да се овозможи услугата да се добие побрзо и полесно. Затоа ја поздравуваме заложбата на градоначалникот и на ЈСП, како и вклученоста на универзитетите во оваа подготовка на ова решение. Очекуваме претстојната имплементација да го донесе токму она што студентите го бараат: едноставен и функционален начин за користење на правото на бесплатен превоз. За почетокот на примената и за начинот на активирање на дигиталната картичка, студентите ќе бидат навремено известени. Ние, како УМС, ќе продолжиме да ги отвораме темите што се важни за младите во Скопје и да се залагаме нивните иницијативи да стануваат реалност. Ќе го следиме спроведувањето на оваа промена и ќе ги пренесуваме предлозите и забелешките на студентите. ВМРО-ДПМНЕ работела и ќе продолжи да работи во интерес на младите. Нашата обврска е таа определба да ја претвораме во конкретни постапки и резултати. Помалку време пред шалтери значи повеќе време за предавања, испити и личен напредок. Токму тоа треба да им го овозможиме на студентите, рече Љупчо Ристески претседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Други спортовиМарко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во ПолскаМакедонскиот карате репрезентативец во кадетска конкуренција Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарецот Адам Баги.Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска, откако во финалната борба во кадетската конкуренција до 63 килограми го совлада Адам Баги од Унгарија со 4-1. Со сигурен настап, одлична тактичка подготвеност и контрола врз финалната борба, Џорлев го потврди својот квалитет и го заокружи настапот на светскиот шампионат на најдобар можен начин. Овој резултат претставува исклучително достигнување за младиот македонски репрезентативец и значаен успех за македонското карате на меѓународната сцена. Пет победи до светскиот врв Патот до светската титула беше исполнет со одлични настапи. Џорлев забележа пет победи, совладувајќи ги сите противници со убедливи резултати. Во почетните фази од натпреварувањето, македонскиот каратист беше поуспешен од Алехандро Перез од Куба со 10-6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6-1 и Леонс Акоповс од Латвија со 6-0. Во полуфиналето следуваше уште една доминантна изведба, во која Џорлев го совлада Јан Мата од Панама со 8-0, обезбедувајќи пласман во големото финале. Таму, со победата од 4-1 над унгарскиот претставник Адам Баги, македонскиот репрезентативец го потврди својот статус на најдобар во светот во својата возрасна и тежинска категорија. Резултати на Марко Џорлев – кадети, -63 кг: Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6 Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1 Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0 Полуфинале: Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0 Финале: Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1 Успех зад кој стојат континуитет и квалитетна подготовка Светската титула е продолжение на одличната натпреварувачка година за Џорлев. Тој претходно го освои златниот медал на натпревар од Светската младинска лига на Светската карате федерација (WKF) во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Неговите резултати го позиционираа и на врвот на светската ранг-листа во неговата категорија. Зад овој успех стојат посветената работа, натпреварувачкиот напредок и искуството стекнато на меѓународните турнири. Со триумфот во Полска, Џорлев направи уште еден голем чекор во својата спортска кариера и испрати силна порака за потенцијалот на младата македонска карате-генерација. Важна улога на ова светско првенство одигра и неговиот селектор Дејан Ристески Посебно значајна улога во настапот на македонскиот репрезентативец има селекторот во борби за кадети Дејан Ристески, кој ја предводеше македонската кадетска репрезентација во борби на ова светско првенство и го следеше Џорлев во овој важен натпреварувачки предизвик. Настапот на најголемата светска младинска сцена бара не само физичка и техничка подготвеност, туку и тактичка зрелост, концентрација и правилен пристап кон секоја борба. Освојувањето на златниот медал е големо признание за самиот натпреварувач, но и значаен момент за стручниот тим што ја подготвува и ја води македонската репрезентација на меѓународните натпреварувања. Успехот на Џорлев претставува силен поттик за сите македонски каратисти кои настапуваат на шампионатот и потврда дека македонските спортисти можат да се борат за највисоките одличја и во најсилната светска конкуренција. Македонската репрезентација продолжува со настапите Светското првенство во Бјелско-Бјала собра 2.022 каратисти, со вкупно 1.970 натпреварувачки влезови, од 114 држави, што дополнително ја нагласува тежината на постигнатиот резултат. Македонските репрезентативци продолжуваат со своите настапи, а вниманието е насочено и кон Реџеп Рушити, кој во конкуренцијата до 21 година, во категоријата до 84 килограми, ќе се бори за бронзениот медал. Златото на Марко Џорлев е голем ден за македонското карате и потврда дека со посветена работа, квалитетна подготовка и вистински натпреварувачки пристап може да се стигне до светскиот врв. Честитки до Марко Џорлев за историскиот успех, до селекторот Дејан Ристески и до сите членови на македонската репрезентација кои ја претставуваат државата на ова големо натпреварување. Огромен придонес во развојот и подготовката на Џорлев секако имаат и неговите клупски тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои со својата долгогодишна работа придонесуваат за напредокот на младите каратисти и за постигнувањето значајни резултати на меѓународната сцена.Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септемвриПри спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети). При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети. Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.Тагови: електрични тротинети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеУниверзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилствоВо пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза. Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година. Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид. Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство. Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство. Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените. Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти. Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година.. Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.Тагови: психијатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42