Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
2Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
МакедонијаРистески: Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој беше во работна посета на општина Неготино, пред присутни заинтересирани, беше презентиран оперативниот план за вработување. Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од најпопуларните и најатрактивните мерки, самовработувањето. Оваа мерка ќе трае до петок. - Ги повикувам неготинчани за кои знам дека се креативни, да се охрабрат и да ги приложат своите бизнис идеи. Се надевам дека голем дел од нивните бизнис планови и идеи, ќе бидат реализирани со овој оперативен план, истакна тој. Заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова рече дека оперативниот план е клучен документ што го имплементира Агенцијата. - Документот ја изразува нашата заложба за инклузивен и развоен пазар на труд, за намалување на невработеноста, зголемување на вработеноста и создавање на одржливи работни места, нагласи таа. Како в.д. директорка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска ја појасни постапката, што треба да ја спроведе, секој еден што сака да основа бизнис. Настанот беше во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, а информативниот ден беше реализиран во салата на Советот на Општина Неготино. Присутните имаа можност подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на Министерството за економија и труд. Се работи за мерките и активностите од планот за кој годинава, како што беше кажано, биле издвоени рекордни 40 милиони евра, бил најголем и најобемен досега, а главниот акцент бил на младите. Објавени се три огласи од Оперативниот план за вработување, наменети за самовработување на лица. Поддршка за самовработување на лица над 29 години, со финансиска поддршка за 610 лица до 430.500 денари (7.000 евра), поддршка за самовработување за млади лица до 29 години со финансиска поддршка за 720 лица до 615.000 денари (10.000 евра), самовработување во партнерство (регистрација како ДОО со 2 лица), со финансиска поддршка од 861.000 денари до 1.230.000 денари за 400 лица вработени во ново-основани правни субјекти, од кои 220 лица до 29 години. За сите кои ќе добијат средства, се предвидени обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини - Ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите. Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 20 јуни 2025 година.Тагови: економијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter