Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот - Канал 5

Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци.

Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво).

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде тие имаат историски голема вклученост.

- Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување. Покрај мерките за самовработување, каде во подмерките се предвидени средства за 1.158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки. Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување на млади лица, преку мерката „Младински додаток“ поддржуваме 3.500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практиканство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5.808 млади лица до 29 години или 56,1% од вкупниот опфат – кажа Ристески.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги повика жителите на општина Куманово да аплицираат на јавните повици од мерката „Самовработување“ и да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање на сопствен бизнис.

Јавните повици за овие мерки се активни до 3 јули 2026 година.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Италија во која загинаа 43 лица

Поранешниот директор на италијанската компанија за управување со автопати „Аутостраде пер л'Италија“, Џовани Кастелучи, е осуден на 12 години затвор за уривањето на мостот Моранди во Џенова во 2018 година, во кое загинаа 43 лица. 

200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Италија во која загинаа 43 лица

Обвинителите бараа многу подолга казна за него, објави Би-Би-Си.

Кастелучи беше еден од 57-те обвинети на судење во Џенова. Тој веќе отслужува шестгодишна затворска казна за сообраќајна несреќа во 2013 година. Друг висок функционер на компанијата, Микеле Донфери Мители, беше осуден на 11 години затвор. Мостот се урна за време на силен дожд во средината на туристичката сезона, а автомобили и камиони паднаа од висина на земја.

Емануел Дијаз, чиј брат Хенри загина во несреќата, за италијанската телевизија изјави дека е „многу задоволен“ од пресудата. Егле Посети, која ги загуби сестра си и семејството во уривањето, верува дека 12-годишната казна што му е изречена на Кастелучи е „прифатлива“.

Новиот директор се извини

Сегашниот извршен директор на „Аутостраде“, Ариго Џана, денес издаде јавно извинување во отворено писмо објавено во еден голем италијански дневен весник. „Дејствијата и одлуките на некои луѓе оставија неизбришливи лузни“, напиша Џана, кој дојде на чело на „Аутостраде“ минатата година.

„Денес да се издаде извинување кое тогаш не беше изречено е морална обврска за нас што оди подалеку од утврдувањето на правната одговорност и текот на правдата според вистината“, додаде тој. „Аутостраде“ и нејзината подружница претходно постигнаа договор за корпоративна одговорност.

Тие платија околу 30 милиони евра финансиски казни. Ова им овозможи на компаниите да избегнат судење како корпоративни обвинети и можни построги санкции, вклучително и исклучување од јавни договори. Новиот мост, дизајниран од италијанскиот архитект Ренцо Пијано, роден во Џенова, беше отворен во 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендер

Четири компании доставиле понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата. 

Нов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендер

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во понеделник јавноста ќе биде информирана за резултатите од евалу-ацијата..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантите

Шпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата.

Шпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантите

Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа.. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата..

Владата најави и интеграциски план вреден 500 милиони евра, кој ќе опфати стручно оспособување, учење јазици и зајакнување на јавните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер