Ријана со Леонардо Ди Каприо до 3 наутро во њујоршки ноќен клуб - Канал 5

Ријана со Леонардо Ди Каприо до 3 наутро во њујоршки ноќен клуб

Ријана(28) синоќа се забавуваше со Леонардо (41) до 3 часот наутро. Шушкањата дека се во врска немаат намера да ги демантираат...

Ријана со Леонардо Ди Каприо до 3 наутро во њујоршки ноќен клуб
Леонардо пристигнал во ноќниот клуб само 10 минути по Ријана, заедно со група пријатели меѓу кои и 24 годишната Нина Агдал, која исто така ја поврзуваат со славниот актер.

Party pals: On Tuesday night Rihanna, 28, and Leonardo DiCaprio, 41, were back together on the New York party scene, hitting the same Big Apple club

Но, Нина заминала само 15 минути по пристигањето, а Лео останал со Ријана до 3 часот утрото!




Шпекулациите дека Леонардо и Ријана се во некој вид на врска почнаа во јануари, откако тие беа видени на забава во париз, а присутен на забавата тврдеше дека ги видел како се бакнуваат.

Keeping things casual: Rihanna meanwhile opted for a more understated look, rocking ripped jeans and a tie-dye t-shirt


И претходно, во март 2015, Ријана беше прашана дали има нешто со лео. Тогаш одговори:

- Презафатена сум и немам многу време да му посветам на некој маж и не би било фер да вметнувам некого во ваквиот мој живот. Но ако го направев тоа, тој ќе беше доволно маж да живее со мојот распоред и да не се плаши од тоа - рече Ријана.

Тешко им оди на таблоидите во лоцирањето на љубовниот живот на Ријана и на Леонардо. За неа се пишуваше и дека се смирила со Дрејк, а за него дека е со полската убавица Елса Ковалец...

/извор: Дејли меил





Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?

По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкции

ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?

По изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде.

СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори.

Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи?

Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста.

Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање.

Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите.

Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тирана повторо„гореше“,молотовлеви коктели, оган, водени топови

За време на деветтиот ден од протестите во Тирана, демонстрантите фрлија неколку Молотовлеви коктели кон кабинетот на премиерот на земјата, Еди Рама, како и кон полицискиот кордон што ја обезбедуваше зградата, објави албанскиот медиум „Еуроњуз“ (Eur

Видео: Тирана повторо„гореше“,молотовлеви коктели, оган, водени топови

Молотовите коктели предизвикаа мал пожар, кој беше брзо изгаснат од дежурната противпожарна служба. Водените топови беа во подготвеност, но не беа употребени, а полицијата исто така не упати никакви повици до демонстрантите.

Демонстрациите завршија по неколку часа со марш до плоштадот „Скендербег“. Демонстрантите најавија продолжување на протестот утре, за кога е закажана пленарна седница на владата.

Во Албанија, веќе девет дена се одржуваат протести предводени од студенти. Тие започнаа поради незадоволство од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и слабите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.

Премиерот на Албанија утрово се огласи преку видео на социјалните мрежи, во кое го повтори повикот за дијалог со демонстрантите.

Во видеото објавено утрово на Фејсбук – за разлика од претходниот ден, кога поканите ги стави на столици – денес тој ги постави на бетонски клупи.

Видеото е проследено со коментарот „Добро утро“.

Според локалните медиуми, денес се очекува уште еден напнат ден во Тирана, бидејќи студенти и граѓани најавија нов собир пред албанскиот парламент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дипломатијата без конкретен напредок кон мир во Украина

По разговорите во Осло и Санкт Петербург, останува неизвесно дали војната во Украина е поблиску до крај.

Дипломатијата без конкретен напредок кон мир во Украина

Средбите меѓу Зеленски, американскиот пратеник Стив Виткоф и европските претставници беа оценети како конструктивни.

Во Осло беше разгледана можноста за трилатерална средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски.

Сепак, Москва засега не покажува подготвеност за средба на највисоко ниво. Кремљ најави можност за продолжување на разговорите во Абу Даби следниот месец.

Но, тие би се одржале на техничко, а не на лидерско ниво. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, оцени дека разговорите во Осло не донеле многу корисни предлози.

Американскиот пратеник Виткоф порача дека останува уште значајна работа за постигнување договор.во меѓувреме, Украина се соочува со сериозен притисок врз воздушната одбрана.Претстојната зима дополнително ја зголемува загриженоста за состојбата во земјата.Се разгледува и можноста за средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг во Кина.

Засега нема конкретни показатели дека договорот за завршување на војната е на дофат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер