Денеска доаѓа есента: Деновите стануваат пократки, а ноќите подолги – еве зошто датумот секогаш е различен
2Денеска доаѓа есента: Деновите стануваат пократки, а ноќите подолги – еве зошто датумот секогаш е различен
3Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
Шоу бизРијана поднела тужба против својот татко!?Светската музичка ѕвезда Ријана поднела тужба против својот татко Роналдо Фенти, поради тоа што тој го користел нејзиното име за да си го унапреди својот бизнис, пренесе ББЦ.Ријана тврди дека Фенти и неговиот бизнис партнер лажеле дека таа има врска со нивната фирма „ Fenty Entertainment".Со тоа тие ја излажале јавноста и му нанеле штета на нејзиниот бренд „ Fenty “ е наведено во тужбата. Популарната пејачка од судот побарала да и забрани на компанијата „ Fenty Entertainment" да го користи името на нејзиниот бренд „ Fenty “, поради тоа што тоа име е во нејзина сопственост. Ријана инаку е во лоши односи со својот татко кој фирмата „ Fenty Entertainment“ ја основал во Калифорнија во 2017 година заедно со партнерот Мозес Перкинс. Оваа фирма лани на својата интернет страница ја истакнала соработката со Ријана иако пејачката воопшто не учествувала во бизнисот. Таткото на Ријана преку својата „ Fenty Entertainment“ исто така преговарал за 15 настапи на својата ќерка во Јужна Америка вредни 15 милиони долари, без одобрение од музичката ѕвезда, што исто така било наведено во тужбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Драма во Њујорк; полицијата на нозе; наредена итна евакуацијаСиноќа во Њујорк биле евакуирани неколку згради, додека полицијата истражувала сомнителен пакет во близина на улицата „Источна 43-та“ и Третата авенија на Менхетен.Сè се случило на неколку блокови од седиштето на Обединетите нации, каде што заседава Генералното собрание на ОН. Полициската управа на Њујорк (NYPD) ги затвори улиците од Источна 42-ра до Источна 44-та, меѓу Втората и Лексингтон авенија, и ги повикала граѓаните да ја избегнуваат областа околу Источната 43-та улица и Третата авенија поради затворените патишта и можните доцнења, пренесува „Фокс њуз“. 🇺🇸 Police locked down a corner of Midtown next to the UN over an abandoned suitcase 💀 The bomb squad is on 42nd and 3rd. Streets from 42nd to 44th are closed while they work the bag. Trump is rolling through the same neighborhood in a motorcade because half the planet’s leaders are in town. That is UN week in New York. Writer: Lucas https://t.co/BzZ6lZDj1Y — Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 22, 2026 Според непотврдени информации, сомнителниот предмет би можел да биде куфер оставен без надзор. Полицијата потврди дека зградите биле евакуирани, но не соопшти колку згради биле опфатени со евакуацијата. Откако интервенцијата завршила, улиците повторно биле отворени, а полициските службеници не сакале да соопштат детали за сомнителниот пакет, вклучувајќи ја неговата локација и содржина. Инцидентот се случи за време на Генералното собрание на ОН, на кое присуствуваат многу светски лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот одржа говор на Генералното собрание и оствари неколку билатерални средби со странски претставници.Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенеска доаѓа есента: Деновите стануваат пократки, а ноќите подолги – еве зошто датумот секогаш е различенСекоја година во септември се поставува истото прашање – кога точно започнува есента и зошто датумот не е секогаш ист?Секоја година во септември се повторува истото прашање – кога точно започнува есента, што всушност претставува рамноденицата и зошто почетокот на есента се поврзува со 23 септември, додека за другите годишни времиња најчесто се наведува 21-виот ден во месецот? Додека астрономите го одредуваат почетокот на есента со голема прецизност, врз основа на положбата на Сонцето, метеоролозите користат поедноставен систем кој им овозможува полесно водење и споредување на статистичките и климатските податоци, пишува Punkufer.hr. Затоа метеоролошката есен започнува на 1 септември и трае до 30 ноември. Оваа поделба се темели на целите календарски месеци – септември, октомври и ноември – што им го олеснува на метеоролозите следењето и споредувањето на климатските податоци. Астрономската есен, пак, започнува на 22 или 23 септември, а завршува на 21 или 22 декември. Нејзиниот почеток го одредува прецизниот астрономски момент на есенската рамноденица, односно моментот кога Сонцето на небесната сфера го преминува небесниот екватор. Оваа година астрономската есен на северната Земјина полутопка започнува во среда, 23 септември, во 02:05 часот, по средноевропско летно време. Во тој момент Сонцето на небесната сфера го преминува небесниот екватор, движејќи се од север кон југ. На денот на рамноденицата, Сонцето изгрева точно на исток, а заоѓа точно на запад. Денот и ноќта тогаш на целата планета траат приближно еднакво – околу 12 часа. Што е рамноденица или еквиноксиум? Називот „еквиноксиум“ потекнува од латинските зборови aequus, што значи еднаков, и nox, што значи ноќ, додека македонскиот збор „рамноденица“ настанал како превод на овој поим. Земјината оска на ротација е наклонета за приближно 23,5 степени во однос на рамнината на нејзината орбита околу Сонцето. Токму поради овој наклон, во текот на годината северната или јужната полутопка добиваат повеќе сончева светлина. Двапати годишно, сепак – во пролет и во есен – Земјата на својата орбита се наоѓа во положба во која нејзината оска не е наклонета ниту кон Сонцето ниту од него. Сончевите зраци тогаш паѓаат под прав агол врз Земјиниот екватор, па двете полутопки добиваат еднаква количина светлина. Иако називот „рамноденица“ може да наведе на заклучок дека денот и ноќта тој ден траат точно по 12 часа, тоа всушност не е сосема така. Поради атмосферската рефракција, односно прекршувањето на светлината во Земјината атмосфера, како и начинот на кој се дефинира изгрејсонцето, денот на датумот на еквиноксиумот трае неколку минути подолго од ноќта. Зошто есента започнува на 23 септември? Иако често се смета дека сите годишни времиња започнуваат на 21-виот ден од одреден месец, астрономските датуми не се толку фиксни. На нив влијаат календарот, должината на Земјината година и начинот на кој нашата планета се движи околу Сонцето. Земјината година, пред сè, не трае точно 365 дена. На Земјата ѝ се потребни приближно 365 дена, 5 часа, 48 минути и 45 секунди за еден круг околу Сонцето. Календарот овој вишок од речиси шест часа годишно го надоместува со престапна година, кога на февруари му се додава 29-ти ден. Поради тоа, прецизниот момент на рамноденицата од година во година се поместува за приближно шест часа, додека престапната година повторно го поместува за околу 24 часа во спротивна насока. На датумот на почетокот на годишните времиња влијае и фактот што Земјината орбита околу Сонцето не е совршен круг, туку елипса. Според Кеплеровите закони, Земјата се движи побрзо кога се наоѓа поблиску до Сонцето, што се случува во јануари, а побавно кога е подалеку од него, како што е случај во јули. Поради тоа, ниту годишните времиња на северната полутопка не траат еднакво долго. Летото, на пример, трае нешто подолго од зимата, а оваа разлика влијае и врз датумите на астрономскиот почеток на годишните времиња. Ниту есенската рамноденица на северната полутопка не се случува секоја година на 23 септември. Во зависност од календарскиот циклус и престапните години, есента најчесто започнува на 22 или 23 септември, додека во исклучително ретки случаи може да започне и на 21 или 24 септември. До крајот на 21 век, сепак, почетокот на есента сè почесто ќе се паѓа на 22 септември. Исто така, ниту другите годишни времиња не започнуваат секогаш на 21-виот ден во месецот. Летниот солстициј често настапува на 20 или 21 јуни, пролетната рамноденица во современо време најчесто се случува на 20 март, додека зимскиот солстициј може да настапи на 21 или 22 декември. Фото:Pepper Mint/PixabayКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски растМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ . Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, што се одржуваат во Њујорк. На сесијата, на која учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот, се разговараше за предизвиците и можностите што ги носи новата економија, со посебен фокус на обезбедувањето енергетска сигурност, пристапноста на енергијата и одржливоста како фактори за долгорочен економски раст и конкурентност. Во фокусот на дискусијата беа различните пристапи кон енергетската транзиција и начините на кои владите и бизнисите можат да воспостават рамнотежа меѓу економскиот раст и одржливоста, како и улогата на новите технологии, инвестициите и партнерствата во економската трансформација. Во тој контекст, беше истакната потребата од обезбедување соодветно финансирање и насочување на инвестициите кон капитални проекти што ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и одржливост, при што ваквите инвестиции треба истовремено да бидат во функција на стабилен економски раст и јакнење на конкурентноста. „Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Беше посочено дека новите глобални економски услови бараат поширок пристап кон политиките за раст, кој покрај продуктивноста ги опфаќа и диверзификацијата на економската активност, создавањето високопродуктивни и квалитетни работни места, енергетската сигурност и јакнењето на долгорочната конкурентност. За Македонија, овие прашања се особено значајни во контекст на заложбите за забрзување на економскиот раст и создавање услови за поголема конкурентност на домашната економија. Во таа насока, важна е поддршката на инвестициите и економската трансформација, како и создавањето услови за сигурно и одржливо снабдување со енергија, што е значајно и за граѓаните и за конкурентноста на компаниите. Учеството на вакви меѓународни форуми претставува можност за размена на искуства и добри практики и за позиционирање на Македонија во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следната деценија. Тагови: Министерството за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook