Ријана го купува еден од најстарите англиски фудбалски клубови - Канал 5

Ријана го купува еден од најстарите англиски фудбалски клубови

Фудбалскиот клуб Транмер Роверс, еден од најстарите фудбалски клубови во Англија, наскоро би можел да доживее неверојатен пресврт во својата историја.

Ријана го купува еден од најстарите англиски фудбалски клубови

Имено, познатата светска музичка ѕвезда Ријана, заедно со нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, планира да стане мнозински сопственик на овој клуб од четвртата лига на англискиот фудбал.

Понуда вредна 15 милиони фунти веќе е доставена до сегашниот сопственик, а од тимот на Ријана потврдија дека преговорите се во напредна фаза.

Аквизицијата би можела да донесе значителен финансиски поттик за клубот, кој моментално се наоѓа на 16-тото место во Втората лига, со амбиции да се натпреварува на највисокото ниво на англискиот фудбал во иднина.

Иако идејата за борба за титулата во Англија во моментов изгледа како сон, популарноста и ресурсите на Ријана би можеле да го променат текот на историјата на овој клуб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета.

Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима.

Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Проширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ.

„Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува Евроњуз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку деветмина загинати при руските напади врз Киев

Русија ноќеска повторно ја нападна украинската престолнина Киев со балистички ракети, при што загинаа и беа повредени повеќе луѓе. 

Најмалку деветмина загинати при руските напади врз Киев

Според државната служба за вонредни состојби на Украина, бројот на жртвите изнесува најмалку девет. Повредени се 23 лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети.

-Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко.

Градови беа цел на обемен руски напад. Според украинските власти, низ целата земја тогаш загинале најмалку десет лица, а десетици биле повредени.

Големи штети претрпе и градот Лавов на западот од земјата, во близина на полската граница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер