Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
СветРијад Хиџаб, можен кандидат за шеф на преодната влада на СиријаПоранешниот сириски премиер Ријад Хиџаб, кој се приклучи на опозицијата, би можел да биде назначен за шеф на преодната влада на Сирија, објави францускиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на упатени извори. Ријад Хиџаб, поранешниот сириски премиер е едно од имињата кандидати за шеф на преодната влада на Сирија, пишува францускиот весник „Фигаро“ повикувајќи се на добро упатени извори. Toj кратко беше на чело на Владата на Сирија од јуни до август 2012 година, на почетокот на бунтот против претседателот Башар ал-Асад, пред да побегне во Јордан за да се приклучи на опозицијата. Ова доаѓа по последните случувања во оваа земја, и падот на претседателот Башар ал Асад, кој заедно со семејството добиле азил во Русија лично од Путин, поради како што се наведува „хуманитарни причини“. Од Кремљ додаваат дека лидерите на сириската опозиција дале гаранции за руските воени бази во Хмеим и Тартус, како и за руските дипломатски претставништва во земјата. При азилот, во гаражата на семејната вила, останале 40-тина луксузни автомобили чија вредност има вртоглави суми. А како беше дочекан падот на Ал Асад низ Сирија и светот? „Да живее Сирија, Асад падна“ .. (атмосфера). Вака Сиријците го прославија падот на претседателот Башар ал Асад. Освен во сириската држава, крајот на режимот на претседателот ал Асад со радост беше пречекан ширум светот. Стотици Сиријци во Берлин, Стокхолм, Лондон и Даблин излегоа на главните улици да го прослават завршување на диктатурата на Ал Асад, веејќи знамиња на сириската опозиција во зелена, црвена, црна и бела боја. (АТМОСФЕРА) „Го поздравуваме секој слободен граѓанин. Нашата радост е навистина голема. Среќни сме што Асад веќе го нема“ „Крени ја главата горе, ти си слободен Сириец. Не можам да поверувам дека овој кошмар е конечно завршен.“ „Денеска е прв ден на нашата слобода“ „Премногу сме среќни. Сега сме слободни“ Сириските бунтовници од исламистичката милитантна група Хаџат Тахрир ал-Шам кои од вчера ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, упаднале во затворите и безбедносните објекти за да ги ослободат политичките затвореници и многу од десетиците илјади луѓе кои исчезнаа од почетокот на конфликтот во 2011. Досега, според информациите од Сирија, ослободени се десетици илјади затвореници од градовите Алепо, Хомс, Хама и Дамакс. Инаку, на чело на сириските милитанти кои го соборија Асад е Мохамед ал Голани, со години непознат милитантски водач, а од денеска најпознат бунтовник во Сирија. Со години се борел во редовите на Ал-Каеда во Ирак, а поминал и пет години во американски затвор. Во 2013 година бил прогласен за терорист од САД, што според него не било праведно, кажувајќи дека се противи на убивањето на невини луѓе. По последните случувања во Сирија, најавено е дека Советот за безбедност на ОН ќе заседава зад затворени врати додека светските и регионалните сили повикуваат на стабилност во блискоисточната земја разрушена од граѓанска војна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter