Ричард Гир стана татко на 70 години - Канал 5

Ричард Гир стана татко на 70 години

Славниот актер Ричард Гир на 70 годишна возраст заедно со неговата 33 години помлада сопруга,добија син.

Ричард Гир стана татко на 70 години

Ричард Гир и Алехандра Силва го добија своето прво заедничко дете. Синот им се роди во Њујорк , а името се уште не го објавиле. 70 годишниот актер и неговата 37 годишна сопруга станаа родители пред неколку дена.

Среќната вест дека за тоа дека ќе станат родители ја споделија за прв пат во септември минатата година. Алехандра сподели фотографија кога заедно беа во посета на Далај Лама.

Ричард Гир е познат како пријател на Далај Лама и заговорник за правата на луѓето на Тибет. Затоа тој заврши на црната холивудска листа и има забрана да патува во Кина.

Ричард и убавата Шпанка се венчаа во април минатата година по четиригодишна врска. Венчавката ја прославија во неговиот дом во Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата се уште работи на расчистување на нападот на гинекологот Огненовиќ

И по една недела од физичкиот напад вра гинекологот Дејан Огненовиќ нема никаква реакција до јавното обвинителство кон човекот кој го нападнал и му нанаел тешки телесни повреди на Огненовиќ. 

Полицијата се уште работи на расчистување на нападот на гинекологот Огненовиќ

Од обвинителството објаснуваат дека МВР се уште не поднело пријава. Од СВР Скопје објаснуваат дека превземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Гинекологот Огненовиќ објаснува дека неколку пати реагирал до полиција и дал изјави за нападат но досега нема се уште ништо.

Инцидентот се случил на 16 септември, најпрво напаѓачот го нападнал вербално дека Огненовиќ крадел пациенти, а потоа бил удиран по вратот. Исто така имало реакција дека во ходникот има камери, а за тоа била известена и управата на поликлиниката Букурешт.

Засега од МВР не соопштуваат колку лица биле повикани на разговор во полиција и кога ќе биде поднесена пријавата против напаѓачот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска ќе го тужи СДСМ за поврзувањето со Руднап и набавката на броила на ЕВН

Од политички обвинувања – до најава за судска пресметка.

Божиновска ќе го тужи СДСМ за поврзувањето со Руднап и набавката на броила на ЕВН

Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека ќе поднесе тужба против СДСМ, откако партијата го одби нејзиното барање за извинување за тврдењата околу нејзината наводна поврзаност со компанијата Руднап, кои ги објавија на прес конференција пред 2 дена.

Тврди дека повеќе од 12 години нема никаква деловна ниту приватна релација со фирмата, ниту пак има поврзаност со набавката на ЕВН со која ја поврзува опозициската партија.

-„СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед.“ – стои во демантот на Божиновска.

Од СДСМ, пак, велат – нема ниту повлекување, ниту извинување. Лидерот на партијата, Филипче, уверува дека зад нивните обвинувања стојат документи и податоци од јавни регистри.

,,Нема извинување ние факти и податоци кажуваме. Ги има во централните регистри на сите земји во сите фирми, така да нема бегање од овие работи,извинување нема, ќе има одговорност“ – СДСМ

На прес конференцијата пред 2 дена, СДСМ објави дека ЕВН на 11 август склучила договор за набавка на броила за струја, вредни 13,2 милиони евра со српска фирма поврзана со Руднап, каде, како објавија Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмот

Во рамките на официјалната посета на Анкара, денеска министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој.

Сулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмот

Средбата помина во исклучително срдечна и пријателска атмосфера. Двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Македонија и Турција, како и за потенцијалите за нивно понатамошно продлабочување, особено во областите на културата и туризмот.

Министрите ги разменија своите согледувања и планови во врска со делувањето на Културно-информативните центри во Скопје и Истанбул, актуелните проекти, меѓу кои и изградбата на Турскиот театар во нашата држава, како и активностите насочени кон интензивирање на туристичката промоција. Разгледани беа иницијативите што во иднина се очекува да претставуваат силен поттик за развој на врските меѓу двете земји.

На средбата беше истакната и успешната соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), преку која во изминатите години се реализирани бројни проекти за непосредна заштита на објекти од културното наследство од османлискиот период. Потврдено е дека во наредниот период ќе се обезбеди поддршка од ТИКА за заштита на уште неколку објекти.

Двете држави имаат одлична соработка и во рамките на УНЕСКО, што беше подвлечено со мултинационалните апликации за впишување на две добра на Репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.

Во рамките на официјалната посета министерот Сулејмани го посети Анатолискиот музеј на цивилизациите и оствари средби со личности од јавниот и политичкиот живот во Република Турција, соопштуваат опд Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер