Рибар остана без својот улов

Како се краде риба од рибар?

Снимателот на ова видео за малку ќе ги наполнеше гаќите откако голема ајкула го украде уловот на рибарот. Тој снимаше додека неговиот пријател ја извлекуваше големата риба. Но кога је извлече рибата на површината на водата огромна ајкула се појави и ја загриза рибата. Погледнете во видеото колку страшно изгледапе тоa.

.

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користењето наше оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје обезбедено од САД со што го прекршил меѓународното хуманитарно право за време на неговата воена операција во Појасот Газа.

Иако таквата формулација сугерира дека САД ќе го критикуваат Израел, директна осуда изостана. Администрацијата на Бајден додаде дека поради хаотичната ситуација во Газа, не е можно да се прецизираат случаи кога американско оружје било употребено во спротивност со меѓународното право. Затоа, е одлучено дека објаснувањата на Израел во врска со употребата на американско оружје во војната против Хамас се веродостојни.

„Со оглед на големото потпирање на оружјето произведено во САД, разумно е да се процени како израелските сили го користеле во периодот од 7 октомври на начин што не е во согласност со обврските од меѓународното хуманитарно право или со најдобрата практика за ублажување на страдањето на цивилите.

„Израел не сподели целосни информации за да потврди дали американското одбранбено оружје било користено во акции кои наводно го прекршиле меѓународното хуманитарно право во Газа или на Западниот Брег и во Источен Ерусалим“, се вели во документот доставен до Конгресот на новиот Меморандум за национална безбедност што претседателот Бајден го издаде во февруари оваа година.

Демократскиот сенатор Крис Ван Холен рече дека администрацијата „ги избегнала сите тешки прашања“ и избегнала одблизу да ја разгледа можноста дека акциите на Израел гарантираат суспензија на воената помош.

„Овој извештај противречи на самиот себе бидејќи заклучува дека има разумни основи да се верува дека имало прекршување на меѓународното право, но во исто време вели дека не констатира такво прекршување“, рече Ван Холен.

Повеќе од 34.000 Палестинци беа убиени за време на седуммесечниот израелски напад врз Појасот Газа.

Неверојатна глетка во Грција: Брод „долета“ до брегот, не е фотомонтажа (ФОТО)

Фотографијата од бродот „Ахилеус“ кој сообраќа на линијата Скирос-Кими-Скирос стана вирална, а ја снимил Гркот Нонтас Калогианис и ја објави на Фејсбук.

Изгледа како фотомонтажа бидејќи огромниот брод „плови“ над површината на морето, па не е чудно што луѓето ги потсетува на сцена од видео игрите или познатиот филм „Матрикс“.

Колку и да изгледа нереално, тоа е автентично, а Калогианис снимил многу сложена фатаморгана, пренесува Daily Star.

Фатаморгана е оптички феномен во атмосферата создаден со температурна инверзија во која на далечниот хоризонт се појавува превртена фигура на далечен објект.

Поради оваа причина, кога условите се идеални, предметите како што се бродови, карпи, па дури и цели острови можат да се појават како привиденија, делумно на небото, а делумно во морето.

Метеорологот на БиБиСи Дејвид Брејн додава:

„Супериорните фатаморгани се предизвикани од временската состојба позната како температурна инверзија, каде што студениот воздух лежи во близина на морето со потопол воздух над него. Бидејќи студениот воздух е погуст од топлиот воздух, тој ја свиткува светлината кон очите на некој што стои на земја - или кон брегот, менувајќи го изгледот на далечниот објект“.

Се верува дека вака може да се објасни легендата за бродот дух - „Летечкиот Холанѓанец“.

Инаку, сцената од Грција не е единствената. Така, на почетокот на 2021 година, танкер што „плови“ над површината на морето беше фотографиран во близина на брегот на британски Корнвол.

Гордана Сиљановска- Давкова го доби од ДИК Уверението за избран претседател

Денес, Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова.

Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, која според резултатите од спроведените избори за избор на Претседател на Македонија, одржани на 24 април и 8 мај 2024 година, беше избрана за Преседател на државата.

На седницата која ја одржа Државната изборна комисија, беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето за Избор на Претседател на Македонија, одржано на 8 мај 2024 година.

Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%.

На гласањето по листите за кандидат за Претседател на Македонија, во законски утврдениот рок, по истекот на рокот определен за приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите и објавените првични резултати, Државната изборна комисија ги објави и следните конечни резултати:

Стево Пендаровски, освоени 251.899 гласови

Гордана Сиљановска Давкова, освоени 561.000 гласови

За Претседател на Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и го предаде Уверението на Гордана Сиљановска Давкова и од име на Комисијата и посака успешен мандат како шеф на државата.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

притисни ентер