Револуција во возењето, Волво направи волан кој може да се преместува од лево на десно

Интересен изум на шведскиот производител на автомобили, Волво.

Автомобилискиот гигант патенирал систем кој овозможува воланот и инструмент таблата во автомобилите да лизгаат од една на друга страна.

Можеби ова излгеда неверојатно но Волво со својот најнов патент покажа дека покрај автономната технологија такво нешто станува реалност. Од шведскиот произведутел на автомобили истакнуваат дека нивниот изум сигурно ќе има големо влијание во целото друштво .

Новиот изум би овозможил сопатникот да стане возач во текот на возењето со само едно преместување на воланот од лева на десна страна од автомобилот или обратно.

Сепак од Волво засега не кажуваат како тоа би фукционирало и дали тоа значи дека на двете страни од колата би имало педали за гас, кумплуг и сопирачка.

Овој концепт на Волво инаку е се уште во фаза на развој.

Регистрирани се 307 нови случаи на Ковид 19,починале 14 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Берово-1, Делчево-6, Пробиштип-3, Виница-2, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-3, Крушево-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од: Скопје-444, Куманово-13, Тетово-9, Прилеп-22, Гостивар-11, Штип-7, Велес-11, Охрид-46, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-34, Кочани-2, Свети Николе-2, Гевгелија-8, Неготино-6, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-1, Пробиштип-1, Виница-1, Македонски Брод-3, Крушево-2, Демир Капија-1, и Пехчево-2.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90124, бројката на оздравени пациенти е 76045, на починати е 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 39161, активни 6455

• Куманово 5079, активни 433

• Тетово 5007, активни 467

• Прилеп 4510, активни 259

• Гостивар 3562, активни 306

• Штип 3458, активни 162

• Битола 3185, активни 226

• Велес 2995, активни 311

• Охрид 2694, активни 349

• Струмица 2496, активни 362

• Кавадарци 2440, активни 355

• Струга 2165, активни 154

• Кочани 1704, активни 114

• Кичево 1689, активни 158

• Свети Николе 1063, активни 46

• Гевгелија 963, активни 114

• Неготино 949, активни 150

• Дебар 736, активни 117

• Ресен 720, активни 121

• Крива Паланка 709, активни 67

• Радовиш 683, активни 51

• Берово 572, активни 50

• Делчево 547, активни 162

• Пробиштип 492, активни 37

• Виница 481, активни 44

• Валандово 325, активни 23

• Демир Хисар 242, активни 14

• Македонски Брод 240, активни 12

• Богданци 217, активни 33

• Кратово 213, активни 17

• Крушево 199, активни 38

• Македонска Каменица 190, активни 48

• Демир Капија 180, активни 36

• Пехчево 177, активни 13

• Дојран 81, активни 7

Направените 1854 теста се преку: ИЈЗ-450, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-199, Биотек-193, МАНУ -79, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –63, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-21, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -486, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања на Ковид -19.

Георгина пред Роналдо заработувала 10 евра на час, денес само на Инстаграм ја следат 23 милиони

Гeоргина Родригез е најпозната како подобрата половина на Кристијано Роналдо, а со Португалецот е во љубовна врска од кога го запознала пред пет години.

Според приказната, Кристијано Роналдо еден ден влегол во продавницата на Гучи во Мадрид, каде што била вработена Георгина како асистент за продажба, и на тој начин се сретнал со жената со која и денес е во врска.

Во тоа време, Георгина заработувала десет евра на час, а англискиот „Сан“ објави и една нејзина фотографија од тоа време. Ја потсетија и на нејзината изјава дека сака сама да се бори за сè.

"Сакам да заработувам сама и не сакам некој да ми дава нешто. Ако можам да купам нешто ефтино, го правам тоа. Ако не можам да носам Шанел, одам во Зара", рекла тогаш Георгина.

Денес, Георгина е мајка на двете деца на Роналдо, а на Инстаграм има 23,1 милиони следбеници, па ако сака, може да заработува за живот само од објавите на социјалните мрежи.

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина, што се чувала на погрешна температура

Околу илјада луѓе во Шведска добиле доза на вакцината од Модерна што се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави денеска шведска компанија задолжена за доставување на вакцината.

Вкупно 2.100 дози на вакцината, околу 20 проценти од количината што Шведска ја добила досега од Модерна, се чувале на премногу ниска температура, а дозите што не се користени се издвојуваат додека не се утврди нивната ефикасност, објави Апотекет.

Сите кои примиле доза на вакцина од неисправна пратка се здравствени работници.

„Според првата проценка на шведскиот здравствен орган, нема индикации дека дозите транспортирани на прениска температура претставуваат ризик“, рече Apoteket.

Но, шведскиот здравствен орган и државната фармацевтска компанија вршат понатамошни истражувања, изјави портпаролот на Apoteket , Магнус Фриск. „Сè уште треба да откриеме дали веќе дадените дози на вакцините ќе делуваат“, додаде тој.

Фриск рече дека ја контактирале Модерна за дополнителни информации за ефективноста на дозите што се одржуваат на премногу ниска температура и дали оние што ги примиле треба да добијат нова доза на вакцината.

Од 17 јануари Шведска вакцинирала 146 000 лица, претежно со вакцината на Фајзер / БиоНТех.

притисни ентер