Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаРевизијата утврди неправилности и неусогласености во работењето на ТИРЗДржавниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизијата на усогласеност на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) за 2024 година. Како што информира, утврдено е дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека седум од вкупно 16-те зони, на вкупна површина од 203,5 хектари и една индустриска зона на површина од 3,2 хектара, не се ставени во функција - просторот не е издаден на потенцијалните корисници. Со ревизијата е утврдено и дека инвестициите во тек, извршени во зоните во износ од 4 243 216 илјади денари или 68 995 382 евра, се уште се водат како материјални средства во подготовка и за нив не се пресметува амортизација, иако во најголем дел се ставени во употреба. Причина за ваквата состојба е тоа што не се исполнети условите и законските решенија за добивање одобрениja за употреба. До крајот на 2024 година не била донесена тригодишна инвестициона програма како долгорочен документ за планирање на активностите на ДТИРЗ. Програмата е донесена во декември 2024 година и се однесува за период 2025 - 2027 година. Утврдени се и недоследности во процесот на планирање на јавните набавки и реализација на склучените договори. -На територијата на државата Владата има 16 технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и три индустриски зони со кои управува и е надлежна ДТИРЗ и почната е постапка за формирање нови ТИРЗ на територијата на Општина Куманово и Општина Липково. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето кои влијаат на изразување неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на сметката на основен буџет и мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики за 2024 година на сметката на буџет од самофинансирачки активности, наведува ДЗР. Во однос на недоследностите во процесот на планирање на јавните набавки и реализација на склучените договори, информира дека за изведба на објекти за времено сместување и амбуланта за прва помош, градинки и складишта со пратечки содржини (паркиралишта) во ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, како и објекти за времено сместување, градинки и складишта со пратечки содржини (паркиралишта) во ТИРЗ Штип и ТИРЗ Прилеп, по принцип „клуч на рака“, во 2023 година е склучен Договор вреден 1 781 800 000 денари со ДДВ или 28 972 357 евра. -Со ревизијата е утврдено дека набавката била планирана и спроведена без претходна анализа на трошоци и придобивки, без физибилити студија за економската оправданост и без изработена проектна документација со предмер и пресметки, иако станува збор за исклучително голема и комплексна капитална инвестиција. Проценетата вредност на набавката е утврдена без целосни и веродостојни анализи, исклучиво врз основа на ценовник за инженерски услуги, а притоа не била искористена законската можност за технички дијалог со економските оператори, ниту постапката е спроведена како делива набавка и покрај различните видови објекти и локации. За реализација на договорот на крајот на 2023 година бил исплатен аванс од 20 отсто од договорната вредност, во износ од 302 000 илјади денари, односно 4 910 569 евра. Исто така, утврдени се и слабости во реализацијата на договорот, кој воедно не содржи јасно уреден начин на плаќање за изработка на проектната документација, што создава правна несигурност и финансиски ризик за договорниот орган. ДТИРЗ во јули 2025 година доставува Информација до Владата за потреба од спогодбено раскинување на договорот, истакнува ДЗР. Извештајот покажува и дека за изградба на административен објект во ТИРЗ Штип во декември 2022 година е склучен Договор во вредност од 212 398 илјади денари со ДДВ, односно 3 469 886 евра, но утврдени се значајни слабости во неговата реализација. -Склучен е анекс за дополнителни и непредвидени работи како резултат на недоволно прецизна проектна документација и предмер-пресметка, при што изградениот потпорен ѕид и пристапната улица не се опфатени со проектната документација за која е издадено одобрение за градење, што не е согласно Законот за градење. Изведувачот започнал со набавка и монтажа на пречистителна станица без претходно одобрение за измени во тек на градба од надлежното министерство. Административен објект во ТИРЗ Штип, потпорен sид и пристапна улица Во јануари 2023 година ДТИРЗ склучила договор за консултантски услуги за избор на партнер за јавно-приватно партнерство за ТИРЗ Гевгелија во износ од 39 044 илјади денари, односно 634 832 евра со рок на реализација од една година, кој со анекс е продолжен до април 2024 година. Ревизијата утврдила дека поради поставени ограничувачки и дискриминаторски технички и квалификациски критериуми била доставена само една понуда. Објавените два јавни повици за избор на партнер за ЈПП во 2023 и 2024 година биле поништени бидејќи не била доставена ниту една понуда. И покрај тоа што договорот е реализиран во вкупен износ од 33 088 илјади денари, односно 85 отсто од вредноста на договорот, клучните активности од проектната програма поврзани со избор на партнер и склучување договор за ЈПП не се реализирани, што укажува на несоодветно користење на буџетските средства, наведува ДЗР. Во септември 2023 година ДТИРЗ склучила рамковна спогодба за промоција на странски директни инвестиции, маркетинг и изработка на промотивни материјали со два економски оператори во износ од 15 340 илјади денари за период од две години, која со анекс од февруари 2024 година е зголемена за дополнителни 2 950 илјади денари или вкупно 18 290 илјади денари (зголемување од 19 проценти). -Во 2023 и 2024 година преземени се обврски во вкупен износ од 16 862 илјади денари. Ревизијата утврдила дека дел од услугите поврзани со организирање на настани се извршувале и покрај тоа што во ДТИРЗ постои Сектор за маркетинг и комуникација, а поради невоспоставени индикатори за мерење на ефектите не се уверивме во потребата и ефектите од извршување на предметот на договорот. Со ревизијата обелоденето е дека 287ха од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека пак седум од вкупно 16-те зони, на вкупна површина од 203,5 ха, и една индустриска зона на површина од 3,2 ха не се ставени во функција, односно просторот на истите не е издаден на корисници. Во периодот од 2009 до 2023 година во зоните кои не се ставени во функција реализирани се инвестиции во вкупен износ од 143.408 илјади денари (2,3 милиони евра) или 3,4% од вкупниот износ на материјални средства во подготовка и тоа по основ на изградба на основната внатрешна инфраструктура, проектна документација и експропријацијата на земјиштето, информира ДЗР. Според ревизорскиот извештај, на име обврски по задржан депозит во сметководствената евиденција на ДТИРЗ се евидентирани 39 655 илјади денари кои потекнуваат од минати години по склучени договори за изведување градежни работи. -Во зоните инфраструктурата се гради во фази, а согласно издадените одобренија за градење, техничкиот преглед може да се направи на конечно изградена инфраструктура како функционална целина, односно по добивање на одобрение за употреба од надлежното министерство, поради што ДТИРЗ не го враќа задржаниот депозит на изведувачите, а објектите се водат како материјални средства во подготовка. Овие состојби предизвикале наталожени обврски по овој основ и реален ризик од покренување на судски постапки од страна на изведувачите. Во извештајот нотирано е дека по Договор за закуп на деловен простор, склучен во јануари 2024 година, исплатен е депозит во износ од 7 181 илјада денари, за кој поради недоследности во условите и примопредавањето на просториите, во декември 2024 година се преземени активности за спогодбено раскинување на договорот за закуп и поведена е судска постапка, но депозитот до денот на известување од ревизијата не е вратен од страна на закупецот, наведува ДЗР. Во делот на останати прашања, ревизијата укажува на повеќе системски слабости поврзани со објектите кои се водат како инвестиции во тек, управувањето со државната помош и законската неусогласеност во делот на платите. За утврдените состојби, ревизијата даде препораки за надминување на утврдените состојби.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоУтре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter