Реванш натпревари од осминафиналето во фудбалската Лигата на шампиони - Канал 5

Реванш натпревари од осминафиналето во фудбалската Лигата на шампиони

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се одиграат два реванш натпревара од осминафиналната фаза.

Реванш натпревари од осминафиналето во фудбалската Лигата на шампиони
Италијанскиот шампион Јувентус покрај предноста на домашниот терен и поддршката од публиката, вечерашниот натпревар против Порто ќе го започне и со предност од два гола, остварена на првиот меч во Португалија каде „старата дама“ забележа победа од 2:0.

Многу понеизвесно се очекува да биде на вториот натпревар во кој актуелниот англиски шампион Лестер ќе треба да надополни негатива од еден гол во дуелот со Севиља која на првата средба во Шпанија победи со 2:1. Сепак голот постигнат на гостински терен влева голема надеж кај фудбалерите на Лестер кои во елитното натпреварување играат многу подобро отколку во домашниот шампионат.

Двата натпревара ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути, по кои ќе бидат познати уште два тима кои ќе им се приклучат во четвртфиналето на Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Последните два патника во четвртфиналето ќе ги дознаеме утревечер по реванш средбите Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (4:2 прв натпревар) и Монако – Манчестер Сити (3:5). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–Охрид

На автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.

АМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–Охрид

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози.

Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер