Респираторните инфекции ги наполнија амбулантите - Канал 5

Респираторните инфекции ги наполнија амбулантите

Мал е бројот на ковид случаи со сериозни манифестации и пневмонии, ама и периодов ги има, вели Д-р Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина.

Респираторните инфекции ги наполнија амбулантите

Таа појаснува оти граѓаните треба да се свесни дека вакцините не можат доживотно да не штитат. Нормално е да го има вирусот, иако често нема реагенси во јавното здравство за да може да се потврди со лабораторија, вели Д-р Станоевска, во чија матична ординација дневно минуваат околу 200 пациенти. Од нив, половина се со симптоми на респираторна инфекција.

Многумина периодов ковидот го поминуваат лесно и без да се свесни дека се инфекцирале. Сметаат дека станува збор за обична настинка и вообичаено телефонски комуницираат со нас, вели Д-р Станоевска.

Препораките на лекарите за заштита од вируси се, на своја рака и без консултација со доктор да не се земаат дополнителни витамини, суплементи за зголемување на имунитетот, туку да се конзумира повеќе овошје и зеленчук.

YouTube video

Орбан: ЕУ треба да реагира кога жртва на тепање во Украина е граѓанин на Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека Европската Унија мора да преземе мерки во случаи кога жртва на брутално тепање е граѓанин на земја-членка на ЕУ.

Орбан: ЕУ треба да реагира кога жртва на тепање во Украина е граѓанин на Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека Европската Унија мора да преземе мерки во случаи кога жртва на брутално тепање е граѓанин на земја-членка на ЕУ, а во исто време го повика Брисел да дејствува против присилното регрутирање во Украина.

-Не можете да држите говори за тоа дали Украина е подобна за членство во ЕУ откако штотуку е погребан некој што бил претепан до смрт за време на присилна мобилизација, рече Орбан во гостувањето на YouTube каналот на весникот „Маџар Немзец“, објави агенцијата МТИ.

Тој рече дека случајот на унгарско-украински државјанин кој почина откако наводно бил претепан за време на присилно регрутирање во Украина мора сериозно да се истражи.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, тој додаде дека е потребен повеќефазе пристап, од кои првиот би бил договори за примирје и мир, проследен со економски договор и договор за ограничување на оружјето со Русија, а на крајот и стратешки договор меѓу Украина и ЕУ.

Орбан истакна дека кога станува збор за Украина, Европа прво мора да го реши прашањето на војната, бидејќи ниедно друго прашање не може да се реши додека војната продолжува.

-Исто така, треба да постигнеме договор за контрола на оружјето, бидејќи ако работите продолжат вака, а мора да потрошиме пет проценти од БДП на оружје, тоа ќе не уништи, рече унгарскиот премиер.

Орбан се осврна и на прашањето за мигрантите, нагласувајќи дека тие не треба да бидат привилегирани поради нивниот правен статус.

Пред мигрантската криза, како што изјави, Германија „беше најсилната земја во Европа, но миграцијата ја уништи“.

Според Орбан, германскиот идентитет бил „потресен кога примиле толку многу мигранти, а исламот станал дел од германската култура“.

„Мораме да учиме од овие грешки“, истакна тој, додавајќи дека на мигрантите никогаш не смее да им се дозволи да бидат во Унгарија и да добијат легален статус, бидејќи во тој случај нема да има враќање.

Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина.

Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц.

-Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија ќе игра одлучувачка улога, додаде Мерц.

„Украина ќе добие многу големо количество воена опрема благодарение на договорот склучен меѓу НАТО и САД“, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на средбата со Трамп во Вашингтон.

Руте конкретно спомена опрема за воздушна одбрана, ракети и муниција, откако американскиот претседател објави договор кој се состои во испраќање оружје од страна на САД за кое членките на НАТО ќе платат.

Трамп, од своја страна, се закани дека ќе воведе многу строги царини против сојузниците на Русија, доколку не се постигне договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“

За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“.

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“

За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“, со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело.

Парискиот квартет „Модиљани“ во 2023 година ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети постојано гостувајќи на најдобрите фестивали за камерна музика низ целиот свет.

Во 2017 година на квартетот „Модиљани“ му припадна честа да биде прв квартет кој настапил во големата сала на новата „Елбфилхармонија“ во Хамбург. Во 2020 година членовите на квартетот ја добиваат улогата на уметнички раководители на Фeстивалот за гудачки квартети „Вибре-квартети во Бордо“, како и на престижниот Меѓународен натпревар за гудачки квартети во Бордо. Тие се основачи и уметнички раководители на Фестивалот „Сaн Пол де Ванс“, а од 2023 година предаваат камерна музика – гудачки квартет на Високата школа „Алфред Корто“ во Париз.

Од 2008 година квартетот издава носачи на звук за издавачката куќа „Мираре“ и досега имаат издадено 13 компакт-дискови. Во 2024 година нивниот последен албум со музика од Григ и Сметана е позитивно примен од музичката критика: Францускиот квартет „Модиљани“ ги оживува овие емотивно интензивни дела со енергија, мноштво на бои и сјајна страст“ („Рондо“- јануари 2024). Тој албум се наоѓа на листата најпродавани албуми од класичната област и им ја носи Наградата на Германската стручна критика. Во сезоната 2024/2025 квартетот „Модиљани“ е посветен на еден од најголемите потфати во нивната кариера, а тоа е снимањето на сите 16 гудачки квартети од Лудвиг ван Бетовен. Покрај тоа, во октомври минатата година остварија турнеја низ САД, а потоа и концерти во Хамбург, на биеналето на гудачки квартети во „Аудитори“ во Барселона, во Филхармониската сала во Стокхолм и на „Шубертијадата“ во Шварценберг...

Благодарение на поддршката на спонзори, членовите на „Модиљани“ музицираат на исклучителни инструменти изработени од италијански мајстори.

Амари Сојто свири на виолина изработена во 1715 година од Антонио Страдивари.

Лоик Рио свири на виолина изработена во 1780 година од Џовани Батиста Гуадагини.

Лоран Марфан свири на виола изработена во 1660 година од Луиџи Мариани.

Франсоа Кифер свири на виолончело изработено во 1706 година од Матео Гофрилер.

Квартетот „Модиљани“ се заблагодарува за поддршката на асоцијацијата „Спедидам“.

На програмата на вечераниот концерт се избрани дела на Турина, Равел и Бетовен.

Почетокот на концерот е во вообичаениот фестивалски термин од 21 часот.

притисни ентер