Решение за Гоце Делчев до октомври, Бугарија нема да блокира

Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања да најде решение за прашањето за Гоце Делчев до октомври, порачаа вчера во Скопје бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

-Комисиите мора да постигнат компромис до октомври. Не треба да се пречекори октомври. Комисиите мора секојдневно да работат, рече Борисов запрашан што доколку не се постигне решение до октомври месец кога ЕУ треба да се наврати на одлуката за датум за преговори за нашата земја.

Тој беше дециден дека од тоа зависи и одлуката на Владата во Софија, но и дека посакуваат да избегнат вакво сценарио по секоја цена.

-Тоа прашање мора да се реши. Кога ќе ми ја дадат папката со тоа што е договорено меѓу комисиите, тогаш ние во Бугарија ќе решаваме што треба да се прави. Ова сценарио сакаме да го одбегнеме по секоја цена, изјави Борисов на новинарско прашање во врска со неговата изјава дека „северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин".

Прашан, пак, дали Бугарија би можела да го постави прашањето за членството на РСМ во ЕУ, тој исклучи таква можност.

-Не би сакал ни да помислам дека може да дојде до такво прашање, јас да кренам рака против РСМ тоа е недопустливо. Ние да допуштиме да биде блокирана Македонија во никој случај не размислувам и нема да дозволам. Во последните две децении ништо се немаше придвижено напред. Ако го гледаме само нашиот бугарскиот интерес, немаше да се заложиме за РСМ во НАТО и во ЕУ, рече Борисов.

Според него, Бугарија на никаков начин не се меша во работите на Северна Македонија ниту ја загрозува, туку, вели, во изминатите две години направила се за нашата земја да се најде во фокусот.

-Наш заеднички интерес е да бидете во НАТО. Нашите херои го дале животот за да добиеме придобивки за својот народ. Ништо против ние немаме. Инаку ќе бидам обвинет дека сум ја предал историјата на Бугарија. Јас имам лимит што можам да си го дозволам, знам дека по секоја цена комисиите треба да донесат решение што ќе биде за перспектива на младите, подвлече уште еднаш бугарскиот премиер.

Премиерот Заев потврди дека се согласиле заеднички за охрабрување на комисиите да ја завршат работата до октомври.

-Заклучивме да ги охрабриме комисиите и на ова прашање на чесен начин да изнајдат решението. Нашиот интерес и приоритет е да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. До денеска 21 земја го има ратификувано Протоколот за НАТО, рече Заев.

Според него, Гоце Делчев е личност која ги поврзува двете земји и двата народа. Продолжуваме, рече, да градиме пријателство, добрососедство и соработка зашто тоа им го должиме на сите идни генерации.

Борисов кој престојуваше во официјална посета на земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот за добросоедство, пријателство и соработка, на заедничката прес-конференција со Заев се извини што неодамна граѓаните на Северна Македонија ги нарече „северномакедонци".

– Извинете, моја грешка е што реков северномакедонци. Граѓани на Република Северна Македонија, простете, но јас тоа го кажав несакајќи, а тоа беше претставено како да сакам некого да убијам!, рече Борисов.

По прес-конференцијата, Заев и Борисов, заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас" во Скопје по што ги разгледаа фреските и иконостасот во црквата. Двајцата премиери подоцна заминаа во Дојран каде заеднички положија цвеќе и на обновениот споменик на полковник Константин Каварналиев./МИА

Дневен хороскоп за 19. мај 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 19. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите.

Кариера

Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така.

Здравје и совет

Не се расправајте , туку соработувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност.

Кариера

Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво.

Кариера

Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо.

Здравје и совет

Се чувствувате се подобро.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи.

Здравје и совет

Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен.

Кариера

Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете.

Здравје и совет

Емотивно незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги.

Кариера

Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите.

Здравје и совет

Не анализирајте ги своите заслуги.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми.

Кариера

Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате.

Здравје и совет

Мали проблеми со циркулацијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни.

Кариера

Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа.

Здравје и совет

Подобрување во секој поглед.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега.

Кариера

Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е.

Здравје и совет

Може да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината.

Здравје и совет

Не ја трошете одеднаш целата енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате.

Кариера

Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите.

Здравје и совет

Дотерајте се и излезете некаде.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет.

Кариера

Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни.

Здравје и совет

Многу работи ќе ви изгледаат здодевни.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

притисни ентер