Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?
1Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветРепубликанските милијардери го поддржаа Трамп- во првите 24 часа по пресудата доби 53 милиониУлтра богатите донатори на Републиканската партија го поддржаа Доналд Трамп и покрај тоа што тој беше првиот поранешен американски претседател во историјата кој беше прогласен за виновен за кривично дело.Како што пренесува Би-Би-Си, Трамп, кој е најверојатниот кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во ноември, е прогласен за виновен за фалсификување деловни книги за да ѝ плати на порно актерката Сторми Даниелс, во замена за нејзиното молчење за нивната афера. Трамп досега заостануваше зад Џо Бајден и демократите во собирањето средства, но пресудата внесе нови средства во неговата кампања. Според официјалните податоци, во првите 24 часа по пресудата на судот на Менхетен, кампањата на Трамп собрала помалку од 53 милиони долари донации. The billionaires rallying behind Trump after his conviction https://t.co/RcYqPzxDrs — BBC News (World) (@BBCWorld) June 3, 2024 Израелско-американската милијардерка Миријам Аделсон се очекува оваа недела да објави дека ќе му даде на Трамп донација од повеќе милиони долари за да му помогне во кампањата за враќање во Белата куќа. Медиумите во САД јавуваат дека таа ќе ја даде донацијата на политичкиот акционен комитет наречен „Спасете ја Америка“. Политичките акциони комисии можат да трошат неограничени суми пари за поддршка на кандидатите за избрана функција. Не е јасно колку таа планира да потроши, но Политико и други американски медиуми објавија дека се очекува исплатата да ја надмине донацијата од 90 милиони долари за „Спасете ја Америка“ од Миријам Аделсон и нејзиниот покоен сопруг Шелдон, пред изборите во 2020 година. I just donated $300k to President Trump The timing isn't a coincidence https://t.co/LDU4nJ8FBx — Shaun Maguire (@shaunmmaguire) May 30, 2024 Други републикански милијардери веројатно ќе го следат нејзиниот пример. Веднаш по пресудата минатата недела, многу од нив објавија пораки со поддршка за Трамп. Меѓу нив беше и инвеститорот од Силиконската долина, Дејвид Сакс, кој на мрежата Х, порано Твитер, објави дека „сега има само едно прашање на овие избори: дали американскиот народ ќе се заложи за САД да стане банана република“. Сакс и инвеститорот Чатам Палихапити ќе бидат домаќини на собирање средства за Трамп во Сан Франција. Од посетителите постојано се бараше да платат по 300.000 долари. Друг потенцијален донатор, менаџерот на хеџ фондот Бил Ајкман, исто така се очекува да објави голема донација за Трамп. Извршниот директор на Blackstone Group, Стив Шварцман, еден од најистакнатите милијардери на Волстрит, веќе ја објави својата поддршка за Трамп. Други истакнати милијардери кои го поддржаа Трамп се основачите на хеџ-фондовите Џон Полсон и Роберт Мерсер и казино магнатот Стив Вин. Најбогатиот човек на планетата, Илон Маск, претходно изјави дека нема да донира на ниту еден кандидат во овој изборен циклус, иако планира да биде домаќин на настан на кој еден од гостите ќе биде Трамп. Шон Мегваер, партнер во фирмата Sequoia, најави донација од 300.000 долари за Трамп само неколку минути по пресудата, тврдејќи дека судењето е нефер. Од почетокот на кампањата, Бајден моментално е понапред во однос на собраните средства - 192 милиони долари, наспроти 93,1 милиони долари на Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб .Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб. Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека вториот пензиски столб нема да постои. „Се брише членот 120 и се брише одредбата со која 6% од парите од придонесите, кои сите ние ги плаќаме за пензиско и инвалидско осигурување, 6% кои треба да одат во вториот столб, сега таа одредба се брише. Каде ќе одат парите? Дали тоа значи дека се елиминира вториот пензиски столб? Огромен скандал на повидок. Треба добро да се објасни. Христијан Мицкоски да каже зошто не се уплаќаат парите таму и зошто во новиот предлог-закон, кој е на ЕНЕР, се брише членот 120 за уплата на 6% од вкупниот придонес за пензиско осигурување во вториот столб“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче укажа на сериозната состојба со пензискиот систем, и ризикот во кој се ставени и членовите на вториот пензиски фонд, односно дека над 5 милиони евра не се префлрени во вторито столб. „ Освен што се пензионерите украдени, дупката во пензискиот фонд е милијарда евра. изминатите месеци не се уплаќаат парите од пензискиот фонд во фондовите за дополнително пензиско осигурување, таканаречениот втор столб. 50 милиони евра недостасуваат и притоа не ги уплаќаат парите во вториот столб. Се поставува прашањето: доведен ли е во ризик вториот столб на сите нас кои плаќаме таму пари за нашите идни пензии?“, праша Филипче. Тој предупреди дека секое доцнење и неуплата повлекува и камата и побара да се утврди кој ќе ја преземе одговорноста за тие средства. „Што ако се покренат тужби, ќе ги дадат ли парите плус камата, затоа што секое доцнење и неуплата повлекува и камата? Кој ќе ја преземе одговорноста за каматите?“, рече Филипче. Скопје, 21.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржиниГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците. - За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација. - Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter