Републичкото здружение на децата бегалци „Т'га за југ“ со поддршка за Шилегов

Републичкото Здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија Т’га за југ од Скопје која брои 7.800 членови, ќе даде поддршка за кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов како негов член.

За првпат од 1988 година споменикот на Децата бегалци во Жена борец, Градот Скопје го зеде под своја закрила и грижа, каде денес се одржуваат голем број манифестации.

Благодарение на градоначалникот Шилегов, организирани и реализирани се голем број манифестации како што се одбележувањето на 70 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, 35 години Републичко здружение на децата бегалци, Меѓународна научна конференција на која учествуваа историчари од цел свет на тема „70 години од завршувањето на Граѓанската војна“, проектот „Младите креатори на нашата иднина“.

Петре Шилегов со финансиска помош го поддржа и проектот „Младите креатори на нашата иднина“, на кој учествуваа 360 ученици од целата држава и со негова лична парична помош издадени се две книги со песни и раскази под наслов „Болката на незаборавот“ и ЦД со песни испеани изминативе 30 години на Фестивалот Гоце Фест.

Републичкото здружение Т’га за југ од Скопје ги повикува своите членови во недела да му ја дадат својата поддршка на Петре Шилегов кој е исто така по потекло од Егејскиот дел на Македонија и е член на нашето здружение, стои во соопштението.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер