Репрезенативецот Митровски со рекорден трансфер нов член на Олимпија - Канал 5

Репрезенативецот Митровски со рекорден трансфер нов член на Олимпија

Олимпија од Љубљана официјално го потврди доаѓањето на македонскиот репрезентативец Димитар Митровски (26), кој пристигнува од Вараждин.

Репрезенативецот Митровски со рекорден трансфер нов член на Олимпија

Љубљанскиот клуб објави дека Митровски станал „рекордно засилување“ во историјата на Олимпија. Иако сумата сè уште не е позната, со оглед на тоа што најскапо платен играч на тимот досега бил Нигериецот Блесинг Елеке, се претпоставува дека Олимпија платила повеќе од 800 илјади евра обештетување за десниот крилен играч.

-На „змејовите“ им се придружи и македонскиот репрезентативец Димитар Митровски како рекордно засилување за сегашното раководство! Тој потпиша договор до летото 2028 година, објави Олимпија.

Митровски има одлична сезона зад себе, постигнувајќи осум гола на 28 лигашки настапи за Вараждин, а неговата проценета пазарна вредност е 1,5 милиони евра.

Тој има одиграно осум натпревари за репрезентацијата на Македонија, а во Вараждин пристигна од македонски Брера во јануари 2023 година.

Во својата кариера беше член и на Работнички, Ханза Росток, Магдебург и Спортинг Лисабон.

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Изгледа дека Џеф Безос почнал да негува нов имиџ.

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Имено, основачот на Амазон, кој почнал да ја бричи главата во 2013 година, се појавил на 10 јули со значително повеќе коса.

Додека шетал низ конференцијата „ Allen & Co. Media and Technology “ во Сан Вали, Ајдахо, Џеф имал седа коса околу главата. Тој бил придружуван од неговата нова сопруга Лорен Санчез Безос, со која се ожени кон крајот на јуни на мултимилионска свадба во Италија, исполнета со ѕвезди.

„Тој е чудовиште во теретана“

Иако 61-годишникот обично има ќелава глава, промените во изгледот не му се непознати. Всушност, во 2023 година, тој предизвика возбуда на интернет кога покажа помускулеста фигура на насловната страница на „Вог“.

„Тој е на сосема друго ниво од мене“, откри Лорен, 55, во придружна статија, објаснувајќи дека таа не може да ги прави истите вежби што ги прави Џеф кога вежбаат заедно. „Тој е чудовиште во теретана.“

Тоа му е толку важно што, тврди Лорен, го „украл“ од неа Весли Окерсон, тренер кој работел со Том Круз, Џерард Батлер и Саша Барон Коен. „Џеф е неверојатно посветен на тренингот“, изјави таа за Волстрит журнал во 2023 година. „Немате поим. Тој навистина се труди.“

Извор: Индекс.хр

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Инсајдерите известуваат дека „главната“ опција за боја за претстојниот „iPhone 17 Air“ ќе биде „многу светло сина“.

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Тие понатаму наведуваат дека бојата ќе биде толку бледа што едноставно ќе изгледа бела во некои светла. Ова потсетува на „едвај сините“ бои што ги видовме од „Apple“ во минатото.

Како и со сивата, „Apple“ користеше многу различни нијанси на сина низ годините, некои посуптилни од другите, објавува „9to5Mac“.

„Sierra Blue“ за „iPhone 13 Pro“ беше еден пример за изглед што некои го опишаа како многу светло сина, додека „Sky Blue“ за „M4 MacBook Air“ е широко опишана како „едвај сина“.

Не е јасно зошто инсајдерите ја опишуваат оваа боја како „главна“, иако едноставно може да биде дека станува збор за нова боја, која „Apple“ често ја истакнува во маркетинг материјалите.

Друг информатор вчера сугерираше дека намалените рамки што ги очекуваме за моделите „Pro“ и „Air“ всушност доаѓаат и на основниот модел.

Извор: Б92

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.

Првиот сет беше со пресврт и првиот брејк го напраи Синер и поведе со 4:2 во гемови, но Алкараз „врза“ четири гема во низа и го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет веќе на стартот во првиот гем Синер направи брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови за 1:1 во сетови.

Во третиот сет брејк немаше до деветтиот гем кога повторно Синер успеа да го одземе гемот на сервис на Алкараз и со идентични 6:4 да го освои сетот и да поведе со 2:1. Во четвртиот сет Синер прави брејк во третиот гем и поведува со 2:1 во гемови, а Алкараз шансата да го спаси сетот ја испушти во осмиот гем кога не искористи две брејк топки, па Синер и овој сет го доби со 6:4 што значеше и конечен триумф.

Јаник Синер е првиот Италијанец што успеава да го освои Вимблдон. /МИА

притисни ентер