Репортер се јавува во живо од ураганот „Лора”, гледачите во шок (ВИДЕО) - Канал 5

Репортер се јавува во живо од ураганот „Лора”, гледачите во шок (ВИДЕО)

Новинарот на NBC News, Џеј Греј известувал во живо за утринското шоу Добро утро, Велика Британија известувајќи за ураганот Лора што ги разори САД, а снимките од неговиот изглед ги преплашија гледачите.

Репортер се јавува во живо од ураганот „Лора”, гледачите во шок (ВИДЕО)

Џеј известувал за состојбата во областа околу езерото Чарлс, Луизијана и во еден момент ветрот скоро го однесе. „Сега има мало затишје, но чувствувам дека повторно доаѓа. Може да почувствувате дека се засилува“, им рече Џеј на водителите во студиото кои исто така гледаа во неверување од ситуацијата во која се наоѓаше.

Ветрот наскоро стана толку силен што Џеј се премести. Тогаш преносот беше прекинат бидејќи ураганот се засили и Џеј веќе не можеше да ги слушне прашањата од студиото.

„Мислам дека за ваша безбедност ќе мора да прекинеме. Сега зборуваме за затишје, не можам ни да замислам како ќе изгледа кога навистина ќе се појави ураганот“, рече водителот Шон Флечер на крајот на емитувањето. „Условите изгледаат многу опасни за Џеј. Џеј, одете некаде во засолниште, претпоставувам дека можете да одите на некое време и да влезете во автомобилот“, додаде тој.

Снимките наскоро се раширија на социјалните медиуми и гледачите изразија загриженост за известувачот, но и гнев за тоа што треба да направи во вакви услови.

"Што по ѓаволите направил овој човек за да го испратат во бура како оваа!? Ти им кажуваш на луѓето колку е опасно, па претпоставувам дека го испраќаш за да го демонстрира! Многу неодговорно", "Зошто овој човек треба да застане на тоа време кога се кажува дека е опасно?"

,,Сосема е лудо да ги ставите новинарите во вакви опасни ситуации “,„ Многу непотребно “, беа лути твитерџиите и наскоро добија одговор од емисијата.

„Сакаме да потенцираме дека Џеј има многу искуство во известувањето од урагани и дека се преземени безбедносни мерки. Тој е добро и безбеден“, им одговориле на загрижените гледачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер