Репортажа од Тајван - мал остров со огромни можности на далечниот исток - Канал 5

Репортажа од Тајван - мал остров со огромни можности на далечниот исток

„Илха Формоза“, или „Прекрасен остров“. Ова била првата импресија на првите посетители од западната цивилизација кога за првпат стапнале во Тајван.

Репортажа од Тајван - мал остров со огромни можности на далечниот исток

Барем така е запишано во повеќето современи патеписи за малата азиска земја. И нашиот впечаток беше безмалку идентитечен, привлечени од мистеријата и убавината што ја крие Далечниот Исток. Порано митска земја, денес земја на можности. Ќе ве пречекаат вредни, љубезни, исклучително гостопримливи лица. Во тоа се уверивме и ние.

Како главен град на островот со 24 милиони жители, Тајпеј е срцето и душата на Тајван. Влегува во 20-те најубави градови на светот. Колоритни пазари со различни продавници за храна, облека, сувенири и ресторани се уникатните места за откривање на културата на градот.

-Тајпеј е исклучително модерен град, но истовремено ја зачувува својата традиција. Токму спојот на овие две култури го прави една од најпривлечните дестинации за патување. Специфичните продавнички со улична храна кадешто може да ја пробате онаа најтрадиционална тајванска храна се неизоставен дел од културата на Тајван. Градот има високо ниво на безбедност и добра инфраструктура што дополнително го прави привлечен за посета.

Вниманието во центарот на градот веднаш ќе ви го привлече грандиозната убавица „Кулата 101“, еден од заштитните знаци на Тајпеј. Со своите 101 кат и висина од повеќе од 500 метри, делува повеќе од импресивно, особено навечер. Погледот од врвот ви го сервира Тајпеј на дланка.

Палатата на Националниот музеј не помалку ве остава рамнодушни поради епитетот богатство скриено во планина.

-Националниот музеј на Палатата е еден навистина импресивен објект, основан во минатиот век и еден од заштитните знаци на Тајпеј. Во него се изложени повеќе од 700.000 кинески древни уметнички парчиња. Според информациите, тие во најголем дел се собрани од кинеските императори.

И само што ќе помислите дека импресиите не можат да ви бидат поголеми, ќе стигнете во Меморијалната сала на Чанг Каи-Шек кој се смета за татко основач на Тајван. По граѓанската војна во Кина, која ја губи од комунистичката партија, Каи-Шек и неговата влада, заедно со војската и дел од населението се префрлаат на островот. Станува претседател на државата до својата смрт во 1975 година. За некои е брутален диктатор, а за многумина, посебно на островот, реформатор што го зачнал денешниот модерен Тајван.

Време е за патување од Тајпеј во Каошунг, вториот град по големина на Тајван. Со ултра модерните брзи возови кои се движат со 300 км на час ќе стигнете за час и половина и нема да имате чувство дека воопшто сте патувале. Сместен во јужниот дел на Тајван, Каошунг важи за најголемиот индустриски центар на островот.

Тука се наоѓаат главните фабрики на тајванскиот гигант во електрониката „Јагео“. Компанијата која одлучи да инвестира 205 милиони евра во Македонија и да отвори 4.000 работни места. Не криејќи го своето задоволство од потпишувањето на договорот за најголемата „гринфилд“ инвестиција од осамостојувањето на земјава, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски кажа дека Македонија со ова станува дел од мапата како важна алка во снабдувањето на светски брендови како „Епл“ и „Тесла“.

-Може да очекуваме дека просечната бруто плата во компанијата би достигнала и до 1.200 евра, откри Деспотовски за Канал 5.

„Јагео” има 40 илјади вработени во Азија, Европа и Америка. Со електронските компоненти што ги произведува тие се еден од светските најдобри производители за микро чипови, а се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникациите, за медицината, зелена енергија.

-Тука каде што сте во моментов се фабрики за производство на микро чипови. Нашиот пазар за отпорници за чипови е околу 30 проценти на светско ниво. Наши база на клиенти се глобални компании. Многу значајни, како „Епл“, „Самсунг“, некои од автомобилската индустрија и „Бош“...вели Тери Цвеј, вработен во „Јагео“.

Иако е мал остров, Тајван е голема економска приказна, особено во областа на електрониката. Сепак, освен срдечноста и благосостојбата во која живеат Тајванците, на плеќи им тежи неизвесноста во односите со Пекинг. Не сакаат јавно да зборуваат за политика, но зад камера дел од нив признаваат дека постои страв од можна интервениција на Кина.

Но, тоа денеска не е единствениот страв на Тајванците, каде очигледно пандемијата оставила голема трага. Шетајќи по улиците на Тајпеј, речиси и да не видовме човек без заштитна маска. Дури и на отворен простор. А ние заминавме со полни гради и убави спомени, носејќи ја магијата на Далечниот исток и на една, за нас Балканците, интригантна цивилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер