3 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ЖивотРепортажа: Канал 5 на Коридорот 10Колку пари туристите трошат додека минуваат низ земјава и каква е туристичката понуда на овој коридор?Коридорот 10 од граничниот премин Табановце па се до Богородица на југ е најзначајниот транзитен автопат што минува низ Македонија. Годишно, низ него транзитираат над 10 милиони туристи. Колку пари тие трошат додека минуваат низ земјава и каква е туристичката понуда на овој коридор? На влезот на Табановце на македонско-српската граница ќе ве пречекаат овие двајца волонтери. Тие делат мапи на кои се обележани културно-историските и туристички места низ Македонија, одморалишта, хотели и ресторани. Од Табановце започнува и нашава репортажа долж Коридорот 10. На границата вака е секој ден особено во летниот период. Иако има колони од возила, сепак нема задржување бидејќи работат неколку ленти за поминување. Уште на почетокот не пречека грда слика. Додека бевме на границата ниту еден странски турист не се осмели да влезе внатре. Од граница може да се пофалиме дека автопатот ни е добар, но така е се до потегот кај рафинерија Окта каде иако е крпен, сепак го забавува движењето на возилата. Вака е само неколку километри. Автопатот Александар Велики е најтранзитниот коридор што поминува низ Македонија. Проценките се дека годишно низ него поминуваат над 10 милиони странски туристи. Деновиве интензивно транзитираат Срби и Турци. Но на првото одморалиште веројатно веднаш ќе се разочарате. Вака е оставено со години, ресторанот е затворен, сопствениците чекаат некој да го купи. Тука се наоѓа еколошката зона Бадар. Ова делница до Велес е реновирана, автопатот е нов заедно со сега реновираниот тунел каде значително е олеснето возењето. Возејќи по автопатот наидовме на странски турист, веројатно разочаран поради несоодветното третирање на овој историски локалитет. Ова мало манастирче е првото место каде може да се здивнете од возењето. Водата е бесплатна, тука може да се купи и црковен сувенир Овој знак ќе ве излаже. Свртите ли десно нема да наидете на одморалиште, ова веројатно е нова депонија..... Прво нормално место каде може да одморите е Велешкото Езеро. Хотелиерите овде велат дека многу странски туристи остануваат ден-два да уживаат во природата. И ние одморивме и продолживме. Овој дел од автопатот е еден од најдобрите за возење. Тука на оваа делница е последната наплатна станица Градско.... Полека се движиме кон границата кон Грција. Освен историскиот локалитет Стоби, овој дел е богат и со лозја. Тука се наоѓа и винскиот пат, неколку винарии каде може да одморите и да се напиете македонско квалитетно вино. Демиркаписката клисура го забавува движењето, моментално се гради делницата Демир Капија – Смоквица. На потегот до граничен премин Богородица ќе налетате на уште еден до два мали ресторани. Без гориво нема да останете бидејќи на секој дваесетина километри има бензински станици.... Казината после Гевгелија го навестуваат граничниот премин Богородица. Иако е неколку часа после пладне, редици од коли чекаат за влез и излез од земјава. Годишно тука поминуваат околу 4 милиони лица. И од ова веројатно ќе се разочарате, но репортажата би ја завршиле со најава дека следната недела на македонска стана треба да се отвори нова приватна фри-шоп продавница каде веројатно би ги содржела истите производи и би била поконкурентна од таа на грчка страна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСДСМ поднесе интерпелација за гувернерот трајко славески за случајт „АЛТА банка“СДСМ поднесе интерпелација до Собранието за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради случајот со Алта банка соопшти лидерот на партијата, Венко Филипче. Покрај кривична одговорност, за која кажа дека очекува Обвинителството да постапи, Филипче очекува Парламентот да утврди и политичка одговорност за случајот, кој според него, отвора прашања за независноста и интегритетот на Народната банка. Лидерот на СДСМ побара одговор како бил дозволен нејзин влез во земјава и за наводните консултации меѓу Славески и премиерот Христијан Мицкоски пред влезот на банката на македонскиот пазар. - На кој начин го проверија кредибилитетот на сопственикот Давор Мацура, кој сега е осомничен за криминал во Србија? На кој начин и дали го проверија потеклото на парите за кои што сега во Србија се истражува дека дури и физички не постоеле, туку дека биле наводно лажни пари во сефовите а дека вистинските биле носени надвор.. Трајко Славески ќе треба да одговори и за тоа што зборува со премиерот Христијан Мицкоски. Како тоа се консултирал и кои се надлежностите на Христијан Мицкоски официјално во делот на влегување на некоја банка, посебно на ваква криминална кај нас? изјави Филипче. Интерпелацијата според Деловникот се закажува на првата наредна собраниска седница, откако ќе стигне одговорот од Славески, а веќе утре се очекува во Собранието да продолжи и надзорната расправа за Алта банка. Сепак, од СДСМ обвинуваат дека голем дел од поканетите нема да дојдат, а меѓу нив, како што велат, по втор пат е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која според Филипче повторно одговорила дека е на служебен пат. -За утре е закажано продолжението на надзорната расправа, но нема одговор од поканетите, односно претседателката Сиљановска Давкова, која што ја поканивме да каже како тоа го номинирала Трајко Славески, како таа сега гледа на овој проблем и скандал? Дали сега има можеби поинакво мислење за Трајко Славески? Дали трпела притисок да го номинира на функцијата? За жал, нема да присуствува наводно била на патување, изјави Филипче? Од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека одговорноста за организирањето на надзорната расправа и доаѓаето на гостите е кај СДСМ. Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека опозициските пратеници се одговорни за гостите, како и за комуникацијата со истите. На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески. Тагови: Алта банка Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕСМ ќе потроши речиси 17 милиони евра за струја за само 20 денаОколу 17 милиони евра за само 20 дена ќе потроши ЕСМ за набавка на електрична енергија од осум приватни снабдувачи..Станува збор за кракторочна набавка од вкупно 70.560 мегават часови, потребни за снабдувањето што ЕВН Хоме го врши кон домаќинствата и малите потрошувачи до 13 декември. Просечната цена на набавката изнесува околу 240 евра за мегават час. Во овие 20-тина дена, ЕСМ се надева дека ќе го зголеми домашното производство, а таа цел се планира и повторно активирање на ТЕЦ Неготино. Веќе е распишан повик за набаква на околу 45 илјади тони мазут, со проценета вредност од над 42 милиони евра, а отварањето на понудите кое беше планирано за денеска е презакажано за петок.. Освен, активирањето на ТЕЦ, следниот период се очекува да почне и увозот на јагледн од Косово за да се стават во погон сите блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј.. На ваков начин, премиерот Мицкоски очекува да се избегнат ценовни шокови.. -Оваа недела во сабота јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК Битола заедно со луѓето од РЕК Битола, така што како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија, работиме и остануваме држава со најниски цени на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенси кои што се наш природен ресурс,- Христијан Мицкоски- претседател на Влада. Умерено сезонско поскапување на струјата и парното очекува и економистот Борче Треновски. Тој смета дека државата треба да ги заштити граѓаните со најниски примања преку таргетирани мерки. -Мора да внимава Владата кога ги носи мерките да ги зголеми цените пред сè на оние кои се во средната и повисоката, како да кажеме, транша за плаќање, односно да внимава на оние кои се во најниските, помалите потрошувачи – таму 80-90% се оние со понизок доход. Таму цената или да не се промени, или да се амортизира со зголемувањето на цените во другите, со цел да може тој дел од населението да го заштити,- Борче Треновски – универзитетски професор. Спроед последните најави од претседателот на Регулаторната, Ристов, од 1 јануари струјата ќе се покачи за 2-3%, а со предлог одлуките веќе е најавено и покачување на парното за 7,5% проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата. – Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат. За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените. – Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ. За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано. – Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook