Реновирањето на бродот на Тито ќе чини 6,5 милиони евра - Канал 5

Реновирањето на бродот на Тито ќе чини 6,5 милиони евра

Градот Ријека и бродоградилиштето Далмонт во Краљевица потпишаа денеска договор  за реконструкција и претворање на бродот Галеб во брод-музеј со придружни трговски објекти, во вредност од 46,9 милиони куни (6,5 милиони евра), без ДДВ.

Реновирањето на бродот на Тито ќе чини 6,5 милиони евра

Договорот го потпишаа градоначалникот на Риека, Војко Оберснел и претседателот на Управниот одбор на Далмонт, Иван Ивиќ.

Градоначалникот Оберснел посочи дека ова е многу емотивен ден за него, по период од десет години откако градот Ријека го купи Галеб како заштитен културен имот.

„Ниту сега, после сè што поминав, не жалам што ја донесовме одлуката да го купиме бродот и мислам дека одлуката беше добра“, рече тој.

„Сигурен сум дека Галеб ќе биде една од најголемите туристички атракции во Ријека“, истакна Оберснел.

Иван Ивиќ истакна дека за пет години од преземањето на бродоградилиштето, компанијата прифатила и спроведувала голем број проекти за изградба, ремонт и реновирање на бродови. „Ќе ја извршиме реконструкцијата и претворањето на Галеб во согласност со правилата на професијата“, рече тој, оценувајќи дека ова е важен локален проект на Ријека, но и од европско значење.

Авторот за дизајнот на идниот распоред на бродот Николина Јелавиќ Митровиќ рече дека Галеб е фасцинантен брод со исклучителна историја. Главната изложбена просторија на идниот музеј ќе биде самиот брод, бидејќи во Хрватска нема таков музеј, рече таа.

Галеб е изграден и пуштен во употреба во 1938 година во Џенова по име Ramb III, а неговата прва задача била транспортирање на банани. На почетокот на Втората светска војна, бил претворен во воен брод. Го презеле Германците во 1943 година и оперирале со него до крајот на војната.

На крајот на Втората светска војна, бил потонат во пристаништето во Ријека и бил изваден од морето само по три години и стана училишен брод Галеб . Наскоро стана пловечка резиденција на тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито. Тој со него имал серија државни патувања и остварил средби со шефови на држави, главно поврзани со Движењето за неврзаните.

По распадот на Југославија бродот отплови за Бока Которска. Бил продаден на грчки сопственик на бродови, кој му го довери на поправка на бродоградилиштето Виктор Ленац и остана таму по банкротот на сопственикот. Потоа го купи Градот Ријека.

Крајниот рок за завршување на реконструкцијата е 14 месеци. Бродот се очекува да исплови од Риека кон Краљевица во наредните седум дена.

Бродот се реновира во музеј во рамките на проектот Ријека 2020 - Европска престолнина на културата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува политичкиот ќорсокак во Шведска- премиерот Крисерсон доби нов рок за формирање влада

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе добие уште една недела да се обиде да формира нова влада, изјави претседателот на парламентот, откако опозицијата не успеа да формира влада и покрај победата на септемвриските избори.

Продолжува политичкиот ќорсокак во Шведска- премиерот Крисерсон доби нов рок за формирање влада

Кристерсон доби задача од претседателот на парламентот минатата недела да ја истражи можноста за формирање влада откако крајно десничарските Шведски демократи се откажаа од кандидатурата за министерски места, објави Ројтерс.

Тоа би можело да ѝ го олесни на Кристерсон преговарањето со Партијата на центарот и да ја убеди да го поддржи неговиот десничарски блок, наместо да застане на страната на лидерката на централно-левичарската опозиција Магдалена Андерсон.

Блокот на Кристерсон го загуби мнозинството на септемвриските избори, но лидерката на социјалдемократите Андерсон досега не успеа да ја обезбеди поддршката од Зелените, Левичарската партија и Партијата на центарот, кои ѝ се потребни за да освои доволно гласови за да биде избрана за премиер.

Мандатот на Кристерсон да се обиде да формира влада требаше да истече во вторник, но претседателот на Риксдаг, шведскиот парламент, Андреас Норлен, рече дека повторно ќе разговара со лидерите на сите партии и ќе му даде на премиерот уште една недела.

„После тоа, ќе ги објавам следните чекори во овој процес“, рече Норлен во соопштението.

Андерсон во вторникот изјави дека побарала од претседателката на парламентот нова шанса да се обиде да формира влада додека се обидува да обезбеди доволно гласови за да стане премиер.

Таа врши притисок врз Левичарската партија да се откаже од своето барање да биде дел од владата.

Партијата на центарот јасно стави до знаење дека нема да прифати влада во која е вклучена Левичарската партија, која се соочува со обвинувања за антисемитизам, што би можело да ја наведе да ја поддржи десничарската алтернатива на Кристерсон.

„Мојата проценка е дека работите сега почнуваат да се движат“, изјави Андерсон за новинската агенција ТТ, по извештаите дека опозициските партии планираат уште еден состанок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Монета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)

Може ли обична монета од две евра да вреди дури 80.000 евра? 

Монета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)

Токму тоа тврдење се појавува на Инстаграм, каде што е објавено видео од германска монета од 2002 година, за сума што за многумина може да звучи како мало богатство.

Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја превртуваат монетата, прикажувајќи ги двете страни. На едната страна е германскиот федерален орел, додека на другата е апоенот од две евра.

Цифрата од 80.000 евра е напишана низ целото видео.

Сепак, авторот не наведува зошто оваа конкретна копија може да достигне толку висока цена, ниту пак покажува доказ дека монетата всушност е продадена за наведената сума.

Што е прикажано во видеото?

Станува збор за германска монета од две евра од 2002 година, кога еврото беше воведено во готово.

На нејзината национална страна е орел, традиционален симбол на германската државност, опкружен со 12 ѕвезди на Европската Унија.

Овие монети биле произведени од пет германски ковници, кои се разликуваат по ознаките на буквите A, D, F, G и J.

Според нумизматичките каталози, само во 2002 година биле ковани повеќе од милијарда германски монети од две евра со овој мотив.

Дали навистина вреди 80.000 евра?

Во случај на колекционерски монети, вредноста зависи од неколку фактори, вклучувајќи реткост, состојба на зачуваност, специјални серии и можни грешки направени за време на ковањето.

Поединечните примероци со необични грешки може да имаат поголема нумизматичка вредност, но тоа не значи дека секоја монета од истата година е колекционерско богатство.

Во достапните нумизматички каталози, стандардните германски монети од две евра од 2002 година генерално имаат вредност блиска до нивната номинална вредност, додека подобро зачуваните колекционерски примероци може да се проценат на малку повисоки износи.

На што треба да обрнете внимание?

Граѓаните кои поседуваат постари евро монети можат да ја проверат годината на издавање, ознаката на ковницата и сите отстапувања од вообичаениот изглед на монетата.

Сепак, за сериозна проценка на вредноста, потребно е да се контактира нумизматички експерт или да се спореди примерокот со сигурни каталози и документирани резултати од аукции.

Поточно, потребно е да се направи разлика помеѓу цената што некој ја бара на Интернет и износот за кој всушност е продадена монетата.

Доколку имате германска монета од две евра од 2002 година, не ја сметајте автоматски за вреден колекционерски предмет. Многу е веројатно дека нејзината вредност не е многу поголема од две евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска прогласи победа во војната против Иран, која трае повеќе од осум месеци. 

Трамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)

За време на говорот на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, тој рече дека американската војска веќе победила и дека Вашингтон може да одлучи кога да го заврши конфликтот, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Ние возвративме и победивме. Само е прашање кога сакаме да ја завршиме војната“, рече Трамп. Сепак, американскиот претседател не објави крај на воените операции или повлекување на американските сили од регионот. Тој нагласи дека не сака да ја запре војната пред САД да ги постигнат сите свои цели.

„Сакаме целосна победа“

Трамп рече дека САД не ја започнале војната со Иран, туку дека Техеран со децении водел непријателска политика кон Вашингтон. „Америка не ја започнала војната со Иран. Иран е во војна со Америка од 1979 година“, рече Трамп.

„Сакаме да бидеме сигурни дека сме постигнале целосна победа, а не победа од 93 проценти. Тоа ќе биде целосна победа“, рече американскиот претседател.

Трамп, исто така, тврдеше дека на Иран ќе му бидат потребни 25 години за да го обнови она што американските сили го уништија. Тој изрази надеж дека дополнително уништување нема да биде потребно и го повтори тврдењето дека американските бомбардери Б-2 го спречиле Иран да добие нуклеарно оружје.

Го најави претстојниот крај на војната

За време на својот говор, американскиот претседател ги спомена и паднатите американски војници. Тој тврдеше дека во конфликтот се изгубени 18 животи, а потоа повторно го најави неговиот претстоен крај. „Изгубивме 18 прекрасни луѓе, но кога овој конфликт ќе заврши, а наскоро ќе заврши, целиот свет ќе биде многу побезбедно и помирно место“, рече Трамп.

Неговата изјава доаѓа по месеци најави за брз крај на војната. Уште во април, Трамп рече дека конфликтот наскоро ќе заврши, а во текот на летото постојано тврдеше дека Иран е воено поразен.

А во недела, на 8 ноември, тој прогласи американска победа, велејќи дека конфликтот сè уште треба да се заврши. Еден ден подоцна, по разговорот со катарскиот премиер, тој изјави дека Иран е практично воено поразен и дека постои добра можност за постигнување договор.

Блокадата на Иран од страна на САД останува на сила

И покрај прогласувањата за победа на Трамп, поморската блокада на Иран од страна на САД продолжува. Вашингтон одржува силно воено присуство во регионот, а американските сили продолжуваат да преземаат мерки за ограничување на иранската трговија и приходи.

Трамп во понеделник изјави дека во моментов не гледа потреба од нови големи воени напади, но дека американските сили се подготвени да одговорат доколку се променат околностите. Во исто време, американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, изјави дека преговорите со Техеран сè уште не донеле напредок.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја отфрли можноста за завршување на војната само со воена сила или со зголемување на санкциите. Тој рече дека Вашингтон мора да ги прифати условите на Иран и да пристапи кон преговорите со почит.

Војната започна на 28 февруари со американските и израелските напади врз Иран. Конфликтот предизвика големи прекини во снабдувањето со нафта, зголемување на цените на енергијата и политичко незадоволство во САД, каде што републиканците ги загубија своите мнозинства во двата дома на Конгресот минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер