Релито ,,Дакар” повторно ќе се вози во Саудиска Арабија - Канал 5

Релито ,,Дакар” повторно ќе се вози во Саудиска Арабија

Едно од најпрестижните автомобилски мото натпревари во светот, релито Дакар, ќе се одржи во Саудиска Арабија втора година по ред, објавија организаторите.

Релито ,,Дакар” повторно ќе се вози во Саудиска Арабија

Откако стана познат по возењето по африканските патишта, и возењето во Јужна Америка последните десет години, релито Дакар ќе се одржи во Саудиска Арабија втора година по ред.

Шпанецот Карлос Саинз (Мини) меѓу возачите и Американецот Рики Брабец (Хонда) меѓу мотоциклистите славеше оваа година во Саудиска Арабија, а кој ќе биде најдобриот во 2021 година, ќе дознаеме на 15 јануари.

Трката започнува во Џеда на 3 јануари, а закажани се 12 фази. Организаторите подготвија комплетно нова рута во однос на годинашното издание на трката. Учесниците ќе направат круг околу Саудиска Арабија во 2021 година, а на трасата ќе уживаат во пустината како и возењето покрај Црвеното Море.

Ќе има само еден ден одмор, а организаторите презедоа некои мерки за да го забават караванот, претежно заради незнаење на теренот. Така, ќе бидат воведени маркери за опасните области и ќе има „бавни зони“.

Годинашниот митинг го одбележаа трагичните несреќи и смртните случаи на португалскиот мотоциклист Пол Гонкалвес и Холанѓанецот Едвин Стровер. Затоа, во 2021 година, задолжително е да се носат заштитни облеки или воздушни перничиња за мотоциклистите, а на најкритичните места, брзината ќе биде ограничена на 90 км на час.

„Се обидуваме да го искористиме максимумот од сè што има да понуди Саудиска Арабија. Земјата е толку огромна што од оваа година успеавме да зачуваме само околу 50 или 100 километри“, рече директорот на трката Дејвид Кастер.

„Се обидовме да ги најдеме сите можни предизвици во секоја фаза“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Љутков денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше резултатите од работењето во изминатите две години.

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше резултатите од работењето во изминатите две години, истакнувајќи дека Министерството успешно ја стабилизираше состојбата во културата и туризмот, спроведе клучни системски реформи и реализираше значајни инвестиции, со цел овие две области повторно да станат стратешки двигатели на развојот на државата.

Тој нагласи дека во изминатиот период фокусот бил ставен на воспоставување системски пристап, наместо краткорочни решенија, преку стратешко планирање, законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции.

Љутков посочи дека по преземањето на раководењето со Министерството во 2024 година наследен е долг од 273 милиони денари по основ на плати во националните и локалните установи, како и институционален систем без јасни стратешки насоки. Со првиот ребаланс на Буџетот биле обезбедени средства за сервисирање на наследените обврски, дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за инфраструктурни проекти во општините.

Во завршна фаза се Националната стратегија за развој на културата, Националната стратегија за културно наследство и Националната стратегија за развој на туризмот, а паралелно се подготвуваат измени на повеќе системски закони од областа на културата, културното наследство, филмската дејност и авторските права.

За првпат е воведен моделот на делегиран буџет во националните установи, кој годинава се применува во 28 институции, овозможувајќи поголема автономија, подобро планирање и поефикасно управување со јавните средства.

Особено значајно е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата од 768 милиони денари во 2023 година на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти. Истовремено, сопствените приходи на националните установи се зголемени за повеќе од 150 проценти во споредба со 2023 година.

Во изминатите две години реализирани се 320 нови вработувања и 35 унапредувања во националните установи, а за првпат е воспоставен и отворен конкурс за мобилност, преку кој македонските културни работници се усовршуваат во престижни академии и културни институции во странство.

По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој за две години се поддржани 108 проекти, а започнато е и национално мапирање на креативните индустрии како основа за првата национална стратегија во оваа област. По речиси една деценија обновен е и откупот на ликовни дела, при што се откупени 37 дела од значајни македонски автори во вредност од 6,6 милиони денари.

Во областа на филмската дејност, буџетот на Агенцијата за филм е зголемен од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од 87 проценти. Со законските измени ќе се обезбедат и дополнителни средства од игрите на среќа за развој на домашната филмска продукција.

Министерот информираше дека во делот на капиталните инвестиции, средствата се зголемени од 230 милиони денари во 2023 година на 485 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од над 110 проценти. Во тек се реализација или завршни активности на повеќе капитални проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, новите простории на Џез оркестарот, реконструкцијата на Македонскиот народен театар и Универзалната сала, како и повеќе културни објекти низ државата.

Министерот информираше дека значително е интензивирана и заштитата на културното наследство преку инвестиции во археолошки локалитети, реконструкција на споменици на културата, продолжување на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и воспоставување национален дигитален регистар на културното наследство.

Осврнувајќи се на меѓународната соработка, Љутков истакна дека средствата за оваа намена се зголемени за 40 проценти, што овозможи засилена меѓународна афирмација и презентација на македонската култура. Македонските национални институции и уметници успешно настапија на ЕКСПО во Осака, Венециското биенале и на бројни престижни сцени и фестивали во Европа.

Во областа на туризмот, буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од повеќе од 200 проценти. Отворени се нови пазари во соработка со туристичкиот сектор, а во завршна фаза е Националната стратегија за развој на туризмот со акциски план, која треба да ја позиционира Македонија како конкурентна европска туристичка дестинација.

Според Љутков, од вкупно 98 проекти и мерки предвидени во Владината програма во делот на културата, реализирани или во тек на реализација се 73, што претставува исполнетост од 72 проценти.

„Ова не е само отчет за две години работа. Ова е доказ дека со визија, одговорност и системски пристап се поставуваат цврсти темели за посилни институции, подобро заштитено културно наследство, поконкурентен туризам и одржлив развој на културата“, порача на крајот на денешната прес-конференција министерот Љутков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци.

Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво).

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде тие имаат историски голема вклученост.

- Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување. Покрај мерките за самовработување, каде во подмерките се предвидени средства за 1.158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки. Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување на млади лица, преку мерката „Младински додаток“ поддржуваме 3.500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практиканство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5.808 млади лица до 29 години или 56,1% од вкупниот опфат – кажа Ристески.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги повика жителите на општина Куманово да аплицираат на јавните повици од мерката „Самовработување“ и да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање на сопствен бизнис.

Јавните повици за овие мерки се активни до 3 јули 2026 година.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)

Мала средба што потсетува зошто ја чуваме Шар Планина, стои во објавата на Фејсбук.

Вработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)

При теренска обиколка, вработените во НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња. Тие накратко се стрчале кон нив, веројатно во потрага по својата мајка, а потоа мирно се вратиле во шумата.

Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа да ги дои и заштити.

Срните биле во добра здравствена состојба, без знаци на повреда или дехидрација, па затоа и биле оставени во нивното природно живеалиште за повторно да се сретнат со мајката.

Ова е и важна порака до сите посетители на планината: кога ќе наидете на младенче од диво животно, најголемата помош што можете да му ја дадете е да му обезбедите мир. Не го допирајте, не го преместувајте и не го носете со себе.

Шар Планина е дом на безброј диви приказни, да ѝ дозволиме на природата да го следи својот тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер