Рекордна епидемија на птичји грип во Британија и ЕУ

Во последната година, околу 48 милиони птици и живина се убиени во Обединетото Кралство и ЕУ поради најголемата епидемија на птичји грип досега.

Во Британија се откриени 161 случај на HPAI кај живината, што резултирало со убивање на 3,2 милиони птици. Во 2020/21 година Во таа земја се регистрирани 26 случаи. Минатата година во Обединетото Кралство имало 1.727 случаи на птичји грип кај популацијата на дивите птици, на 406 локации, пишува Би-Би-Си.

Во претходните години вирусот претежно изумираше во текот на летните месеци, но оваа епидемија траеше во текот на целата година и се покажа дека полесно се шири меѓу популациите на птиците. Главната ветеринарка во Велика Британија, Кристин Мидлмис, рече дека високото ниво на болести кај дивите птици доведува до зголемување на случаите на комерцијалните фарми.

„За жал, очекуваме бројот на случаи да продолжи да расте во наредните месеци бидејќи птиците преселници се враќаат во ОК“, предупреди таа.

Ричард Грифитс, главен извршен директор на Британскиот совет за живина, рече дека ова е „најпредизвикувачката сезона на птичји грип досега“.

Најновите податоци за птичјиот грип кои ги опфаќаат Европа и Обединетото Кралство, кои опфаќаат епидемија од октомври 2021 до 9 септември 2022 година, беа објавени денеска од страна на Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) и Лабораторијата на ЕУ за птичји грип.

Во извештајот се наведува дека до 9 септември годинава биле убиени 47,7 милиони птици. Се вели дека вирусот се појавил во 37 земји, ширејќи се од Свалбард до Португалија и на исток до Украина. Сепак, се додава дека бројките би можеле да бидат повисоки во реалноста.

Иако во ЕУ не се регистрирани случаи на пренесување на вирусот на луѓе, еден таков инцидент беше забележан во југозападниот дел на Англија во јануари. Андреа Амон, директор на ЕЦДЦ, ги предупреди фармерите и оние кои се во контакт со животните на фармата дека сè уште се изложени на „зголемен ризик од изложеност“ и ги повика работодавците да ги подобрат здравствените и безбедносните услови, пренесе Индекс.хр.

Почина Афроамериканец во Охајо, откако полицаец му клечи врз вратот: Не можам да дишам (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз вратот.

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз неговото грлото и му ставија лисици, потсетување на случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година.

Видеото, снимено со камера на телото на полицаецот, е објавено вчера од полициската управа на Кантон, на кое се гледа како полицајците приведуваат маж, 53-годишниот Френк Тајсон, под сомнение дека го напуштил местото на несреќата на 18 април.

Полициското одделение не било веднаш достапно да го коментира видеото, кое беше објавено на интернет од неколку локални медиуми, ниту да ги потврди деталите за инцидентот.

Видеото трае 36 минути и започнува со тоа што полицаец наидува на автомобил кој удрил во бандера, по што случаен минувач му кажува на полицаецот дека возачот побегнал во блиската кафеана.

Полицајците на видеото потоа влегуваат во барот, каде што го наоѓаат Тајсон како стои во барот. Дошло до расправија кога се обиделе да го грабнат за раце, а тој постојано викал „Се обидуваат да ме убијат“ и „Повикајте го шерифот“.

Полицајците го туркаат Тајсон на земја и му ставаат лисици. Еден од нив му го става коленото на грбот, во близина на вратот и го држи таму околу 30 секунди.

На видеото се слуша како Тајсон повторува „Не можам да дишам, не можам, тргни се од вратот“, додека полицаецот извикува „Смири се“ и „Добро си“ пред да стане.

На видеото потоа се гледа како Тајсон лежи неподвижен на подот околу шест минути, со лицето надолу, додека полицајците разговараат со газдите на барот.

Полицајците потоа го проверуваат Тајсон, кој не реагира. Се слуша како велат „Дали дише?“ и "Дали има пулс?"

Осум минути откако му ги ставиле лисиците, ги вадат и почнуваат со CPR. Болничарите потоа пристигнуваат и го носат Тајсон од барот на носилки до амбулантно возило, како што се гледа на видеото.

Тајсон починал во локалната болница, според телевизијата WKYC, филијалата на NBC во Кливленд. Ројтерс не можеле веднаш да го потврди извештајот. Официјалната причина за смртта се уште не е утврдена.

Инцидентот потсетува на случајот со друг Афроамериканец, Џорџ Флојд, и неговата смртоносна средба со полицијата во Минеаполис пред четири години. Видеото од убиството на Флојд, снимено на мобилен телефон, стана вирално на Интернет и доведе до серија протести против полициската бруталност и расизмот низ целата земја. На тоа видео, Дерек Шовин, бел полицаец, може да се види како клечи на вратот на Флојд повеќе од девет минути додека Флојд, моли за живот повторувајќи „Не можам да дишам“ пред да замолчи.

Трчал на Лондонскиот маратон и по пат испил 25 чаши вино- има 4 милиони прегледи (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири вирално видео од Лондонскиот маратон на кој еден од натпреварувачите е снимен како пие вино, чаша по чаша.

Том Гилбеј е трговец со вино и сега е вирална сензација откако објави видео што е прегледано повеќе од 4,2 милиони пати на TikTok, на кое се гледа како пие чаша вино на секои два километри што ќе ги истрча. За да си постави дополнителен предизвик, тој ги погодил видот на виното, земјата на потекло и бербата.

Изборот на вина бил разновиден, од оние што може да се купат на бензинските пумпи до врвните вина. Гилби ја заврши трката за четири часа и 41 минута, вклучително со застанувањата.

@tomgilbeywine AND WE’VE ONLY DONE A VIDEO … 26.2 miles 25 wines tasted blind 7 fully correct, 4 wrong & 14 mostly right Over £10k raised for @sobell.house Donation link still open in Bio …. BIG FAT THANK YOU ❤️ #londonmarathon #marathon #blindtasting #tomgilbey ♬ original sound - Tom Gilbey

„Бев целосно исцрпен, целосно сварен, но тоа беше одличен ден“, изјавил тој. Инаку, тој се одлучил на овој подвиг за да собере пари за својата хуманитарна институција Собел Хаус во Оксфорд, која се грижела за неговата мајка кога таа умирала, а тој успеал да собере 14.000 евра.

Се преврте автомобил, во кој што се возел контроверзен израелски министер(Вознемирувачко видео)

Контроверзниот и екстремно десничарски израелски министер за безбедност Итамар Бен-Гвир е пренесен во болница со полесни повреди по сообраќајна несреќа, соопшти полицијата.

На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа дека автомобилот во кој патувал Бен-Гвир се превртел.

Полицијата соопшти дека ги истражува околностите на несреќата и дека повредени се и ќерката на министерот, телохранителот и возачот. Неговиот кабинет соопшти дека министерот бил во „добра состојба“ по несреќата.

Израелските медиуми објавија снимка од превртување на црн автомобил на патот, цитирајќи сведок дека автомобилот поминал на црвено светло.

На едно видео се гледа како автомобилот на министерот, откако помина на црвено светло, удира во автомобил што доаѓа од другата насока.

Бен-Гвир бил во градот Рамле во близина на Тел Авив, каде го посетил местото на кое се случил напад со нож. Шефот на полицијата на округот Ави Битон изјави дека 21-годишен маж, за кого се вели дека бил психички нестабилен, избодел 19-годишна жена.

притисни ентер