Рекордер - гледал филмови 121 час без престан, урнал уште 68 други рекорди! - Канал 5

Рекордер - гледал филмови 121 час без престан, урнал уште 68 други рекорди!

Суреш Јоаким, Канаѓанец по потекло од Шри Ланка, е рекордер по уривање на светски рекорди.

Рекордер - гледал филмови 121 час без престан, урнал уште 68 други рекорди!
Најновиот негов рекорд во гледање телевизија изнесува 121 час и 18 минути непрекинато гледање филмови, со што го надминал претходниот рекорд од 120 часа и 23 минути, поставен од Индиецот Ашиш Шарма кој одгледал 48 филмови без пауза!

Филмскиот маратон е одржан во Јоханесбург а приходот е дониран во добротворни цели.

Но ова не е единствениот рекорд на Суареш - тој во последните години се занимава со уривање и на други рекорди.

Така, тој успеал да побие 68 претходни рекорди - а некои од нив навистина барале издржливост. Запишан е во Гинисовата книга како рекордер во маратон во танцување, трчање, непрекинато пеглање од 55 часа и 5 минути, а најтешко му било да го постигне рекордот - стоење на една нога, цели 76 часа и 40 минути!

- Балансирав на една нога 76 часа и 40 минути. Тоа беше многу болно, и ако некој ми понуди 10 милиони долари да повторам такво нешто, нема да се согласам - вели Суреш.

Неговиот најголем предизвик допрва доаѓа - тој планира во 2017 година да почне маратон на Светскиот мир!

Би трнал на Божиќ од Витлеем, а би завршил по година или две во Торонто, Канада. Има намера да носи факел на мирот и да помине низ 76 земји и 120 градови, при што ќе собере милијарда долари. Во план му е по пат да убеди 500 милиони луѓе да потпишат петиција со која ќе се побара еден ден во годината да се прогласи за Ден на запирање на огнот секаде каде што се водат војни.




/ извор: torontodesidiaries.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и дека Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормускиот Теснец.

Трамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“

„Ќе видите дека работите ќе се одвиваат многу брзо“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе заврши „на еден или друг начин“, пренесе „Фокс њуз“.

Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација што надминува 300 проценти, како и дека поморските и воздушните сили на Иран се уништени, а противвоздушната опрема е изгубена.

Зборувајќи за тоа, Трамп изјави дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол – целосна контрола“. Тој додаде дека во изминатите три дена низ Ормускиот теснец поминало повеќе нафта отколку кога било претходно во историјата.

„Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше складирана“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан.

Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани.

За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас.

Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата.

Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми.

Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена.

Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија.

Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес.

На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер