БалканРекорден дневен број на починати од коронавирус во Бугарија Бугарија го потврди најголемиот број жртви од ковид-19 од почетокот на пандемијата на коронавирус, објавија денеска агенциите.Рекордни 221 лице починало во Бугарија во последните 24 часа, а инфекцијата е потврдена кај уште 2.814 лица, објави денеска државната новинска агенција БТА. Вкупниот број на мртви во таа земја надминал 4.000. Од почетокот на пандемијата во Бугарија, вкупно 145.300 лица биле заразени, а 90.700 случаи се активни. Повеќе од 6.000 луѓе се хоспитализирани, а неколку стотици се на интензивна нега.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски во Дубаи договори директна авионска линија со Скопје од март идната година Министерот за надворешни работи и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ разговарале за можностите за директна авиолинија Дубаи-Скопје.Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ Хамад Обаидала разговарале за можностите што директната авиолинија Дубаи-Скопје ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји Од март идната година, авиокомпанијата „Флајдубаи“ ќе воспостави директна линија од Дубаи до Скопје, со три лета неделно. Ова било официјално потврдено на средбата што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја остварил со главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, за време на работната посета на Обединетите Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКазнет е штипјанецот кој „дрифташе“ низ градот- немал ниту возачка (ВИДЕО)Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а видеото од настанот беше споделено на социјални мрежи.По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К.(22) од Штип. Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСилвестер Сталоне шокира со признание: „Не можам да се пензионирам, ми требаат парите“Легендарниот актер, филмската ѕвезда 80- годишниот Силвестер Сталоне се пошегува дека не може да замине во пензија бидејќи мора да ја плати свадбата на својата ќерка Софија, која наскоро се мажи за Мајкл Шихан. За време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“, водителката Кели Рипа го праша актерот колку планира да потроши за свадбата на својата 30-годишна ќерка. „Ох, човеку, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, рече Сталоне, предизвикувајќи смеа кај публиката. „Не можам да се пензионирам. Сериозен сум. Морам да ја платам свадбата“, додаде актерот. На 28 август, Софија објави дека се свршила со Мајкл Шихан и сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со пораката: – Засекогаш со најдобриот пријател. Сталоне во емисијата го опиша својот иден зет како „одличен дечко“, а исто така откри и дека Шихан побарал негов благослов пред запросувањето. – Ја побара нејзината рака – рече актерот, на што Кели Рипа (56) се пошегува: – Сигурно бил преплашен. Сталоне потоа го пофали Шихан дека бил „многу самоуверен“ пред запросувањето. „Му реков: ’Леле, со среќа, пријателе‘“, се пошегува актерот, додавајќи дека неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја преземе улогата на „судија“. За контекст, Сталоне и Флавин се во брак од 1997 година и имаат три ќерки. Актерот имаше и два сина од првиот брак со Саша Зак; сепак, Сејџ Сталоне почина во 2012 година, на 36-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter