Рекорден број на новозаразени со корона во Словенија

Во Словенија вчера се регистрирани рекодрен број на заразени граѓани со коронавирус.

Од 5605 тестови позитивни биле тестовите на 897 луѓе што е рекорден број на заразени за еден ден од почетокот на пандемијата во Словенија.

Еден државјанин на Словенија во странство дознал дека има корона, соопшти денеска портпаролот на Владата на Словенија Јелко Кацин на Твитер.

Во однос на претходниот ден, ова е скок за цели 16 проценти истакнала агенцијата СТА.

Ќе им се најде ли работа на сите вработени по рамковен?

Колку распределбата на вработените по Рамковен ќе им помогне или одмогне на државните институции ?!

Ова прашање се отвори во јавноста по објавените податоци за тоа колкав и каков кадар ќе добијат некои од институциите. Кај некои приливот на нововработени ќе биде минимален, но во некои напливот на нови кадри ќе се зголеми за дури над 100%. Таков е случајот со Агенцијата за заштита на лични податоци, во која ќе треба да се сместат 30 нови кадри, на сегашните 24. Во Државното правобранителство пак, ќе се приклучат нови 76, на актуелните 106 вработени или преку 70% нововработени.

Во јавноста веќе дел од диртекторите се пожалија дека не биле консултурани и дека не се задоволни од профилот на кадрите.. Таков е случајот со првиот човек на Државниот пазаерен инспекторат Стојко Пауновски, чија инситуција ќе добие 25 нови вработени.. Вчера вицепремиерот Груби кажа дека самите институциите се должни да ги обучат...

„Органите на државната администрација во кој ќе бидат распределени административците, се исто така должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.“ истакна Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем.

Груби вчера тврдеше и дека во овие луѓе нема само Албанци, туку и граѓани од повеќе етнички заедници, сепак во податоците за структурата на вработени по припадност на заедници што се објавуваат во Годишениот извештај за јавниот сектор, може да се забележи дека големо мнозинство од кадарот всушност се Албанци, односно дури скоро 88%. Потоа, следуваат Турци со 5,68%, Роми нешто над 4,% и Бошњаци 1,37%. Македонците Власи и Срби се во незначителн број, под еден процент. Тоа, пак, го отвора прашањето дали ќе биде нарушена правичната застапеност, овој пат со преголема доминација на Албанците во некои инситуции.

Според планот, до крајот на месецот 1.349 вработени по Рамковен, по повеќе години дома, ќе треба да почнат да одат на работа.

ЌЕ ДОБИЈАТ// ВРАБОТЕНИ ВКУПНО:

Министерство за внатрешни работи 143 12 115

Управа за јавни приходи 92 1 119

Царинска управа 74 1 165

Државно правобранителство 74 106

Управа за водење матични книги 41 517

Министерство за надворешни работи 26 451

Државен пазарен инспекторат 25 271

Агенцијата за заштита за лични податоци 30 24

Словенија: 20 починати, регистрирани 1506 нов случаи на корона

Во изминатото деноноќие во Словенија се потврдени 1506 нови случаи на заразени со корона вирусот , а починати се 20 лица, соопшти словенечката влада.

Во моментов на болничко лекување во Словенија се 1129 граѓани заболени од ковид-19, од нив 192 пациенти се на интензивна нега.

Во земјата бројот на активни случаи е 18677, од почетокот на пандемијата од последици предизвикани од корона вирусот починале 3309 граѓани.

До вчера вакцина против корона во Словенија примиле 46 467 лица.

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег врне на Попова Шапка

 Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено по влажни коловози. Врне снег на Попова Шапка.

Од Македонија пат предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ, посочуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

притисни ентер