Рекорд во ксенотрансплантацијата: Свински бубрег функционирал во човечко тело 271 ден (ВИДЕО) - Канал 5

Рекорд во ксенотрансплантацијата: Свински бубрег функционирал во човечко тело 271 ден (ВИДЕО)

Научниците прават нов чекор кон иднината на трансплантацијата – со помош на генетски модифицирани свињи се истражува можноста нивните органи еден ден да се користат кај луѓето. 

Рекорд во ксенотрансплантацијата: Свински бубрег функционирал во човечко тело 271 ден (ВИДЕО)

Трансплантиран свински бубрег функционирал во телото на маж од Соединетите Американски Држави цели 271 ден, со што е соборен рекорд. Во меѓувреме, за пациентот бил пронајден и човечки донор.

Американските лекари велат дека досега не е забележано животински орган толку долго да функционира во човечко тело. Тие додаваат дека органите од свињи би можеле да се користат како „мост“ додека пациентот чека да се појави соодветен човечки орган за трансплантација.

Пациентот Тим Ендруз изјавил дека операцијата му дала надеж и му овозможила да не оди секојдневно на дијализа, пренесува Би-Би-Си.

Свинскиот бубрег на крајот престанал да функционира и бил отстранет. Поради тоа, Ендруз морал кратко време повторно да оди на дијализа, пред за него да биде пронајден човечки донор.

YouTube video

Лекарите последниве години интензивно ја истражуваат ксенотрансплантацијата, односно употребата на органи од други видови, поради хроничниот недостиг на органи за трансплантација.

Во САД околу 100.000 луѓе чекаат на трансплантација на бубрег, додека годишно се изведуваат околу 25.000 трансплантации.

Свињите се сметаат за едни од најпогодните животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно соодветни по големина за човечкиот организам, а постои и долгогодишно искуство во нивното одгледување.

Истражувачите развиле таканаречени џуџести свињи од Јукатан, кои биле подложени на дури 69 генетски модификации, со цел нивните органи потенцијално да можат да се користат за трансплантација кај луѓе.

Фото: Marion Streiff from Pixabay

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Таа има 54 години, а сите сè уште ѝ се восхитуваат на фигурата: „Леле, какви нозе!“

Славниот топ модел, Хајди Клум повторно позираше во провокативно издание, но овој пат за потребите на промовирање на нова линија долна облека од познат италијански бренд.

Фото: Таа има 54 години, а сите сè уште ѝ се восхитуваат на фигурата: „Леле, какви нозе!“

Поранешната манекенка Хајди Клум повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд „Калцедонија“ (Calzedonia).

Таа се појави во нова кампања и уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со своите смели изданија.

Речиси секојдневно таа му покажува на светот дека го обожава своето тело на 54-годишна возраст, па така, оскудната облека, па дури и фотографиите на кои е без горниот дел од облеката, за неа не претставуваат никаков проблем.

Напротив – нејзините профили на социјалните мрежи се полни со такви објави!

За оваа пригода, таа позираше во две изданија, при што и во двете акцентот е ставен на чипката.

На едната фотографија таа носи бордо боди и чорапи, а на другата позира во црн чипкаст комбинезон, под кој се гледа црна долна облека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- фото: Сабаленка објави секси видео во бикини: Сите гледаа како Ари танцува

Една од најдобрите светски тенисерки, атрактивната Арина Сабаленка привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави провокативно видео. Во преден план беа нејзините прекрасни облини и харизматичен изглед.

Видео- фото: Сабаленка објави секси видео во бикини: Сите гледаа како Ари танцува

Арина Сабаленка привлекува големо внимание од јавноста, како на теренот, така и на социјалните мрежи.

Таа е често активна на Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзините атрактивни модни изданија го привлекуваат вниманието на светската јавност.

Таа неодамна објави провокативно видео на своето „Инстаграм стори“ на кое танцува.

За таа прилика, носеше црн едноделен костим за капење што ја истакнуваше нејзината фигура, а изгледот го надополни со црни очила – омилениот моден додаток на денешните трендсетери.

Судејќи според видеото, Арина беше очигледно добро расположена, а нејзините обожаватели можеа да ја почувствуваат и онаа посебна харизма што ја краси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!

Германската полиција покрена истрага откако робот, управуван од двајца млади мажи, наводно сексуално вознемирил 16-годишно девојче во Келн.

Полицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!

Инцидентот се случил доцна вечерта во неделата, на 11 октомври, пред ресторан за брза храна во овој град во западна Германија.

Според полициското соопштение, роботот – висок околу 120 сантиметри – ѝ пришол на девојката одзади, ја допрел по задникот и извел сексуално сугестивни движења.

Во тој момент, девојката била во друштво на две пријателки, на возраст од 17 и 18 години.

Според Си-Ен-Ен (CNN), полицијата се сомнева дека со роботот управувале неговиот шеснаесетгодишен сопственик и неговиот деветнаесетгодишен пријател.

Истражителите наведуваат дека двајцата го снимале настанот и го емитувале во живо на социјалните мрежи. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко потоа и ги пронашла младите момчиња.

Роботот бил пронајден во багажникот на автомобил и потоа одземен како доказ. Исто така, биле одземени и мобилните телефони на осомничените.

Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали движењата на роботот биле однапред програмирани или дали младите момчиња директно управувале со него за време на инцидентот. На интернет се појави и видео на кое се гледа како роботот носи бел елек, златно ланче и очила за сонце.

На снимката се гледа како тој им приоѓа на жени на улицата и прави сексуално сугестивни движења. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот и потенцијалната кривична одговорност на лицата кои управувале со уредот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер